По поразот од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, Заев поднесе оставка од премиерската функција и од партиската позиција претседател на СДСМ. Премиерот Заев изјави дека ја презема целата одговорност за поразот, но изрази разочараност што, како што рече на прес-конференцијата, „мнозинството народ кој гласаше и сите оние кои останаа дома ги избраа истите луѓе и политичари кои пред 4 години во Парламентот тргнаа да тепаат и убиваат“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На ФБ страницата на РСЕ стотици коментари на воодушевени посетители од резултатите, но и такви со непримерен јазик на омраза. Таквите, знаете, не ги цитираме од професионални причини. Потпишан со Блажо Хогар Страшниот, алудира со иронија на зборовите на премиерот во оставка Зоран Заев дека „причина за ваквите резултати се парите од надвор што ги добиле домашни бизнисмени за лични интереси и бизниси“: „Аууу, од каде дошле тие пари? Од Маѓарска? Из Шловиније? Јел Вучиќ послао? Путин дарил нас с рубљи? Две червени от Софија? ОК, а где су паре?“ АлимАмиетка Исеини напишал: „Добро е шо си поднесе оставка, премиере, ама сеа треба и одговорност да си понесеш за сѐ“, а Перо Галиман со песимистичка недоверба: „Едно зло ојде друго ќе дојде, две зла се мењаат у Македонија, ВМРО и СДСМ“. Ѓорѓи Поп Андонов напишал: „Време ти беше“, а Рефик Џигал постирал: „Неблагодарно Македонче, колку да му праиш добро исто ти мисли, премиере, испаѓа онаа поговорка рани куче да те
Видете и ова: По поразот од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, Заев поднесе оставкалае“. А Ацка Етем со заклучок: „Поподелено општество и држава нема...“
По информацијата дека независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска го победи Петре Шилегов во Скопје има огромен број честитки и изјави на задоволство, слични на онаа на Цапо Цаповски: „Честитки до новата градоначалничка“, но и сомничави, како на Петар Бмв: „Кратко ќе ти биде!“ Таша Рангел пак понесен од информациите дека Арсовска наводно имала бугарски пасош, само кратко напишал: „Бугарка“.
На крајот на неделниот изборен ден, прес конференција одржа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ѝ порача на власта дека „најдобро би било да си замине на предвремени парламентарни избори“.
Мицкоски – Најдобро би било власта да си замине на предвремени парламентарни избори
Активниот Блажо Хогар Страшниот коментирал и по оваа информација: „И сега што ќе каже членството за новата коалиција на ВМРО со Апасиев? Крајна левица со десница, за мерак. М...о Заев заминува. Доаѓаат новите м...и Мицко, Апасиев и Села. Еее, Македонијо, Македонијо жална“. Бојана Гучова вели: „Тешко нас“.
Блажо Хогар Страшниот бил мошне активен на нашата ФБ страница, па веројатно следејќи го преносот од синоќешната веселба пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, како што вообичаено прави РСЕ од сите политички случувања, забележува: „Убав кластер и кај ВМРО и кај СДСМ. Жива маска нема“.