Железничката линија Скопје – Ќустендил – Софија била проектирана уште во 1869 година од еврејскиот бизнисмен баронот Морис Хирш кој ја финасирал изградбата на железничката инфраструктура на Балканот.
Но, и по век и половина работите тапкаат во место и железничка пруга не минува по оваа траса. Иако пред три години С.Македонија и Бугарија со потпишувањето на Договорот за добрососедство и меморандум кој го потпишаа министри за транспорт од двете земји со точно наведени рокови, придвижување на работите нема.
Бугарската влада ја обвинува македонската дека не го почитува потпишаниот Договор во повеќе сегменти ,меѓу кои, и во делот за пробивањето на роковите за изградба на пругата. Според меморандумот потпишан на 1 август 2017 година од македонскиот тогашен министер за транспорт и врски Горан Сугаревски и неговиот бугарски колега Иваило Московски, до денеска требаше да биде готова првата фаза од македонската делница и да се работи на втората фаза чии рок за изведба е 2021 година. Трета фаза според договореното од Крива Паланка до Деве Баир требаше да биде готова до 2025 година.
Видете и ова: Пругата кон Бугарија- проект рекордер ветуван 27 годиниМакедонскиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски признава дека роковите од овој договор се пробиени, и дека првата фаза е само 55 проценти завршена, иако требаше веќе втората фаза да биде при крај.
„Има изместување на овие рокови затоа што на правата фаза каде што имавме избран изведувач тоа е германската компанија Вибе, која во текот на 2020 година ја напуштија делницата, така што таму имаме процес на арбитража, но заради тоа, таа постапка ќе тече. Ние како држава донесовме одлука да започнеме со постапка на спојување на двете фази и тендерирање на правата и втората делница и од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка“ изјави министерот Бочварски.
Во Меморандумот, кој двете страни го потпишаа, а го објавува бугарскиот службен весник, е наведено дека македонската страна ќе се заложи да ги заврши градежните активности заклучно со 2025 година.
„ Република Бугарија да вложи напори за извршување градежни работи до границата со Република Македонија и тоа модернизацијата на железничката делница Софија - Перник - Радомир - Гуешево да заврши до крајот на 2026 година за веќе постоечка линија и железничката делница од Гуешево до границата со Република Македонија да заврши до крајот на 2027 година“, се вели во меморандумот кој е објавен во бугарскиот служен весник.
Министерот Бочварски вели дека и да сме ја завршеле пругата од нема да бидеме поврзани затоа што делницата од Бугарија до македонска граница не е направена.
„ Не можам да зборам до каде е Бугарија со нивната постапка, но по тоа што го знам имаме делница која е пократка, но и таму немаме активности го градежни активности на терен“ додава тој.
Видете и ова: Загубите на македонските железници „изедоа“ една пруга до БугаријаПри првата седница на меѓувладината комисија за економска соработка меѓу Македонија и Бугарија во март 2019 година министерот за транспорт Росен Жељазков изјави дека од бугарска страна недостасуваат уште 2,5 километри а останатиот дел од инфраструктурата ќе се биде модернизиран и рехабилитиран.
„ Заеднички ќе изградиме двокилометарски тунел меѓу двете држави, и се планира поврзувањето временски, се разбира во посебни етапи, да биде до 2025 година плус минус една година,, изјави тогаш бугарскиот министер посочувајќи дека амбициозните јасно поставени планови опфаќаат по 400 милиони евра за секоја од државите.
Во меѓувреме, македонската влада има рок до февруари да аплицира за нови грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан за проекти меѓу кои и железничкото поврзување со Република Бугарија.
Од македонскиот секретаријат за европски прашања во писмено соопштение по реакциите за можност да се загубат европските пари поради застој во изведбата на градежните работи велат дека Македонија веќе располага со парите од ИПА 2 ( 2014- 2020 ) и дека во износот од 110 милиони евра се програмирани проекти од патната и железничката инфраструктира за кои што во овој период не се изгубени пари.
Како и да е овој проект стар скоро 150 години и ветуван последниве 27 години повторно е заглавен во процедури.