Производи инспирирани од коронавирусот
Слаткарот Торстен Рот со неговите т.н. "Корона антитела" колачи во пекарницата Рот во Ерфурт, Германија. Идејата му падна за време на регионалниот саем кога имаше многу малку посетители поради кризата со коронавирусот.
Среде ширењето на коронавирусот, пекар во Дортмунд, Германија, испече бисквити со маски за лице.
Приврзок во форма на коронавирус беше произведен од компанијата за накит Др. Воробев во Кострома, Русија. Продаден е на интернет за околу 20 американски долари.
Виетнамскиот готвач Данг Ван Ку прави бургери во форма на коронавирус во Ханој
Бургер во облик на коронавирус во ресторан во Ханој, Виетнам.
Индиски сообраќаен полицаец во Бангалор носи шлем кој наликува на коронавирус, како дел од обидот да ги поттикне луѓето да останат дома. Индискиот премиер Нарендра Моди нареди 21-дневна изолација на 24 март за да го запре ширењето на коронавирусот.
Десерти во форма на тоалетна хартија во Минск, Белорусија. Бидејќи коронавирусот се шири низ целиот свет, во неколку продавници имаше сцени на купување во паника и недостаток на тоалетна хартија..
Тим Кортуем подготвува торти во форма на тоалетна хартија во неговата пекарница во Дортмунд, Германија.
Макаронки со знаци на ковид-19 произведени во фабриката за кондиторство Бон Џени во Минск, Белорусија.
Полицискиот инспектор Рајеш Бабу носи шлем со коронавирус додека разговара со едно семејство на мотор на контролниот пункт во Ченаи, Индија
Велигденски чоколадни зајчиња со заштитни маски на излог во пекарница во Берн, Швајцарија.
Московски бармен подготвува нов коктел Коронавирус. Тој одби да ги открие состојките на коктелот, кој беше именуван по вирусот што брзо се шири и што ја предизвикува болеста ковид -19.
Боливиски полицаец во Ла Паз на должност покрај две лица во коронавирус облека. Привремениот претседател на Боливија, Жанин Анез нареди национален карантин на 23 март.
Пандемична пината. Мексикански демонстрант носи пината во форма на коронавирус на протест во Мексико Сити на 31 март. Популарен на детските роденденски забави во Латинска Америка, пинатите се направени од хартија, исполнети со бонбони и се закачуваат за да бидат растурени со стапови.
Палестински пекар со торта на која се прикажува жена што носи маска за лице во неговата продавница во Кан Јунис во Појасот Газа.
Полицаец со палка дизајнирана како коронавирус на пазарот во Ченаи, Индија, бара задржување на физичко растојание.
Францускиот производител на чоколади, Жан-Франсоа Пре, покажува велигденско јајце во облик на коронавирус во својата продавница во Ландивизие.
Продавница за бонбони во Тихуана, Мексико, на која се прикажани пинати во форма на коронавирус.
Маски на коронавирус на „Карневал на вирусот“ за време на Розенмонтаг парадата во Дизелдорф, Германија.