Продолжува егзодусот од Кабул
Двојка се прегрнува откако првиот бран евакуирани лица од Кабул пристигна на меѓународниот аеродром Франкфурт во Германија на 18 август.
Ова авганистанско семејство е во првиот бран евакуирани лица во Кабул, кои пристигнаа во Франкфурт на 18 август.
Евакуираните од Авганистан пристигнуваат во Ташкент, Узбекистан, на 17 август.
Евакуираните со германски воен Ербас А400 пристигнуваат во Ташкент.
Авганистански евакуирани лица пристигнуваат во Ташкент со германски воен авион.
Луѓе евакуирани од Авганистан пристигнуваат на аеродромот Шарл де Гол во Париз на 17 август.
Стотици Авганистанци продолжуваат да се собираат на аеродромот во Кабул на 18 август, чекајќи да бидат евакуирани.
Британски државјани и лица со двојно државјанство се качуваат на воен авион за евакуација од аеродромот во Кабул.
Индиски државјани во авионот на индиската војска чекаат да го напуштат аеродромот во Кабул на 17 август.
Луѓе се качуваат на првиот лет за евакуација на австралиските одбранбени сили во Кабул на 18 август.
Непалски граѓани на меѓународниот аеродром Трибхуван во Катманду, Непал, на 17 август, откако беа евакуирани од Кабул.
Патник крева палец до прозорецот на авионот што превезуваше британски државјани и Авганистанци од Кабул во воздухопловната база РАФ Бриз Нортон во Англија на 17 август.
Евакуираните од Авганистан се симнуваат од британски воен авион во РАФ Бриз Нортон на 17 август.
Двајца во прегратка откако авионот од Кабул слета во Рим, Италија, на 16 август.
Момче од Авганистан добива ќеса со храна од работник на Црвениот крст, откако слета на аеродромот Фиумичино во Рим на 16 август.