Како што во последнава недела се намали бројката на регистрирани нови случаи на Ковид-19 во замјава, така се намалува бројката на ваши коментари на нашата ФБ страница со критики до премиерот и министерот за здравство. Па така, по информацијата што ја објави РСЕ на македонски дека од 1253 тестирања се регистрирани само 296 новозаразени од вирусот во последното деноноќие реагирал со пост само Арбен Садри Исмаили, но и тој како да не верува и дури како да се подбива: „Пад на Ковид-19, хахаха, Нова 2021 година нема да има корона, хахаха“.
Видете и ова: Полицијата ќе растура новогодишни забавиЗатоа, пак, актуелни се најавата дека „Полицијата ќе растура новогодишни забави“ и последната изјава на првиот човек на Полицијата, Оливер Спасовски дека „секој кој нема да ги почитува мерките, било сопственик на вила за издавање или е граѓанин кој учествува во такви настани, ќе им бидат поднесени кривични пријави...“ Некои од посетителите на ФБ страницата очигледно несогласувањето го искажуваат со подбив. Потпишан со Едвард Кардељ Јр. прашува: „А што ако го имаат прележано сите гости?“, а Костадин Беломорски Баслиев додава: „Или се со ПЦР тест не постар од 48 часа...“ Гашовски Постариот реагира кратко, и тоа на англиски: „Партибрејкерс“, односно „Расипувачи на забави“. Петре Николоски прашува: „Дали овие правила и глупости ќе важат и за СДС и ДУИ, и тие закони не почитуваат, тие се богови“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
ЗНМ и самостојниот новинарски синдикат реагираат: „Недозволиво е пратеници да етикетираат новинари“ и го осудуваат однесувањето на дел од опозициските партии, поконкретно ВМРО-ДПМНЕ и Левица чии пратеници ја етикетираа Телма ТВ од собраниската говорница како „купена од власта и режимска“ и со тоа ја загрозувале слободата на медиумите и промовираат цензура и самоцензура. Илија Ѓорески бара да се затвори „оваа предавничка телевизија“ – како што напишал, а Штерјо Пушевски го прашува: „А, унгарската Алфа?“ Сотир Петров потсетува: „Секоја спрега на одреден медиум со одреден тајкун е погубно за вработените... Познато ни е од не така далечното минато... Вечер, Нова Македонија, МПМ... Секој со раководство блиско до една од двете партии кои се менуваат на власт“.
Младите имаат либерални ставови за легализација на марихуаната за рекреативна употреба, а повозрасните категорично се против. РСЕ анкетираше неколку средношколци и студенти во рубриката „Слободоумни“, а како заеднички именител на нивните мислења би можело да се изведе: Во принцип, да за легализацијата, но строго контролирано. Даниел Вучков постирал само сообраќајни знаци за забрането движење и забрането пушење, а Насер Мустафа прашува: „Колку пари лапнавте за вакви коментари?“ Кире Давчев несогласувањето го напишал со прашање: „Може пиштоли за рекреација?“ Самир Османи постирал: „За жал, наивните почнуваат со лесна дрога марихуана и пошто нема да ги задоволи продолжуваат кон потешки дроги како ЛСД или со шприцеви додека не станат инвалиди со нарушено здравје или умираат...“