Потпишан со Џим Глиг подбивно постирал: „Бегајте луѓе, короната излегува после 21:00“, а Ештреф Арифи, веројатно заборавајќи на известувањето на надлежните дека полицискиот час нема да важи и ноќта на 13 спроти 14 мај заради празникот Рамазан Бајрам напишал: „Мало сутра до 15, до Бајрам и Св. Петар не може да ме сопре“. Емил Бојковиќ со прогноза со призвук на шега: „Полицискиот час ќе се укине на 10 јуни, на 11 јуни почнуе Европско првенство во фудбал“.
Видете и ова: Починале 45 луѓе од коронавирус, најмладиот на 34 годиниИлкер ММ Дизајн наоѓа маана на мерките: „Поглупи закони не можете да воведете...? По цел ден шетаме по сите страни, на работа и по чаршија, после 21ч дома, ц,ц,ц, многу големи мерки преземате, алал да ви е“. Гојко Младеновиќ го подучува: „Заради кафаните и кафичите е ова друже, за младите да не се збираат навечер, ние сме стари, нас не нѐ есапи никој, хахаха“.
Во повеќе коментари по информацијата за одбележувањето на ДУИ на 20-годишнината од воениот конфликт 2001 год, посетителите на нашата ФБ страница се чудат како тоа се одбележува годишнина од воен судир, а Стевица Стево Петковски реагира на свој начин. Првиот дел од неговиот пост нема да го цитираме затоа што е непримерен, но завршува со обраќање до сограѓаните Албанци: „Вие никогаш не сте ја сакале Македонија и македонскиот народ“. Седат Рушиди му одговара: „Ние ја сакаме Македонија како држава, како земја, пошто Македонија е нашата татковина, али за македонскиот народ? Колку нѐ сакате толку ве сакаме, сега ти калкулирај ако сакаш“.
Мемет Мурати напишал: „Ми доаѓа да коментирам, ама нема со кого... со ниски луѓе, националисти. Цел ден се уморив честитајќи им на другарите и комшиите Македонци Велигден зашто ги почитувам, 2001 год. е затворена агенда...“
Видете и ова: ДУИ одбележа 20-годишнина од воениот конфликтБилјана Сидовска реагира на постовите со меѓуетничка нетрпеливост: „Вакви коментари раѓаат зла крв. И ДУИ не треба да се удира во гради со воен конфликт што не беше тоа во суштина... Војните никогаш ништо не решиле, туку разговорите по нив. Загинатите, за жал, се жртви на лошите политики“. Мемет Мурати се согласува со Сидовска: „И јас сум против војна. Војните само зло носат, омраза и сиромаштија“.
Реакции има и по изјавата на претседателот Стево Пендаровски за можно повторно отворање на судскиот случај на насилниот упад во Собранието на 27 април пред 4 години и реакциите на Алијанса за Албанците и Алтернатива дека е неприфатливо претседателот да се меша во судството.
Видете и ова: Четири години по „27-ми април“- амнестиите ѝ пресудија на правдатаСоња Данева смета дека „Во судството никој не смее да се меша ако сакаме независно судство“, но Антонија Митрева има друго мислење: „Ама ете се меша, затоа и ги осудија“. Лута Ахмети смета дека „Ќе има пазарење со водачите на терористите за решение со Бугарија, нека нападне некој во ЕУ парламент па ќе видите колку ќе се казнат, да не зборувам за Русија или Турција. Нема сонце да видат, тука кај нас на ти го дај ми го пазарење, затоа нема правда, има партии, жално и тешко за народот“.
Штерјо Пушевски коментирал: „Не постои држава која би простила обид за државен удар и тероризам. Види како поминаа терористите во САД, водачите добија по неколку доживотни робии!“ Ташка Рангел му се обраќа на претседателот: „Пендаровски, ај седи си мирен да не те уапсат и тебе“, па ставил неколку смешковци и продолжува: „Доказите се непобитни, направија прекршок и насилен упад и се дрзнаа да тепаат свои сограѓани и ќе си одлежат по закон“.