Земјотресот што синоќа го погоди Лерин, Грција и го почувствуваа и граѓаните во Битола, Скопје и во други градови во земјава шанса посетителите на нашата ФБ страница повторно да ја напаѓаат РСЕ на македонски зошто во информациите за тоа се употребувала Северна Македонија и Грција како земја каде што се наоѓа градот Лерин и епицентарот во негова близина. Велко Апостолов напишал: „Ако веќе користите северна, бар пишете дека земјотресот е во Јужна Македонија“, а Мартин Цветковски вели: „Не е во Грција него во градот Лерин, Егејска Македонија, како некој да ви плаќа таков наслов да пишете сами против својот народ“.
„Во преговорите не може да правиме отстапки околу тоа дека сме Македонци“, вели покрај другото мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски во интервју за домашната агенција МИА. Редовниот Блажо Хогар Страшниот објавил: „Ова е јасен став. Да видиме дали ќе го згазиш. Додека не видам – не ти верувам“. И Насковска Тула сомничава: „Ќе те видиме“. Горан Стевановски и Живко Чавдаров развиле дебата за тоа кој народ е автохтон, бугарскиот или македонскиот, а Ленин Толомамноски констатира: „Кој и да е, прво е ненормално некои други од друга држава да ти наредуваат што смееш да правиш во своја држава“. Потпишан со Ремзо Реброња советува: „Сите планови се средени и пари лапнавте, ти сега прифати се за економија, плаќање патарини а патишта се кратери, плаќамо парно а станови се Сибир, плаќање здравство а нема термини, плаќање месо а оно се распада во прва вода.“
Правните перипетии со тенисерот Новак Ѓоковиќ во Австралија продолжуваат, а вие коментирате и се расправате... Повторно дебата, сега помеѓу Зоран Димитриовски и Џим Глиг, првиот смета дека „Станува дно од демократија“, а вториот: „Ако си позитивен треба да седиш дома, а ако си негативен не си ни бил заразен “, па додава: „Немаат правилни докази за вакцини или дали прележал Ковид 19. Новак беше позитивен на 16, а на 17 декември се сликаше за марки и делеше трофеи на некои школијарци. Сето тоа без маска“. Николчо Петров со мислење: „Австралиска ДЕМОНкратија!“
Неделното интервју на РСЕ е со актерката Симона Спировска која беше во првите редови на Шарената револуција, а за која денес „правда нема“. Ана Попоска негативно расположена против Спировска и невладиниот сектор напишала: „Да, невладините беа дел од протестите по ʼбомбитеʻ и пишуваа дека ʼСелективна правда е неправдаʻ, па се испостави дека селективната правда е неправда сем кога истата не претставува власт. Не знам зошто и сега не си молчат?“ Блажо Хогар Страшниот и овде коментира, па вели: „Во право си. Само не знам зошто генерализираш? Имиња, имиња, а не сите на куп“. И додава: „Кога веќе коментираш јавно, напаѓаш и критикуваш – ќе кажеш некого – Станко, Петко, Блаже, Ана... не е моја работа да ти исправам коментари, ама не е фер за чесните“. Кадри Зибери со свое мислење: „Па се покажа правдата со притисоците над Заев. Да, Заев го смени името итн. Но откако отиде Заев уште Груевски да биде помилуван и крај ќе биде на сѐ“. За Исад Кочан „Партиите, судството, полицијата се во служба на криминалот, корупција, и сѐ функционира на личен интерес... Ракот е метастазиран и во наредна фаза“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5