„Отворен Балкан“ го отвори Саемот за вино во Белград
Првиот меѓународен саем за вино, кој се одржува во рамки на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, беше отворен на 1 септември на саемот во Белград.
Џиновски модели на шишиња со вино се поставени покрај патот што води до салите каде што се наоѓаат штандовите на изложувачите.
На саемот учествуваат винари од 22 земји во светот.
На одредени штандови беа презентирани и други алкохолни пијалоци. Овој производител го базираше својот бренд на симболите на социјалистичка Југославија.
Саемот свечено го отворија претседателот на Србија, Александар Вучиќ (во средината), премиерот на Албанија, Еди Рама (лево) и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Србија, Албанија и Северна Македонија се земјите кои ја започнаа иницијативата „Отворен Балкан“.
„Нашата намера е да го организираме овој саем на годишно ниво и да го преместуваме од еден главен град во друг, но да поттикнеме многу други да бидат дел од нашиот саем“, рече албанскиот премиер Еди Рама.
„Нашата работа е да го срушиме товарот на историските бариери и да го тргнеме тешкиот товар од грбот на нашите потомци“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Многу луѓе не прашуваат дали е ова политичка иницијатива, а ние упорно повторуваме дека е економска иницијатива и тоа го потврдивме денеска“, рече премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Албанија имаше свој штанд на Саемот за вино
... како и Северна Македонија и Србија.
Овој настан беше можност за средба и размена на идеи, не само со претприемачи и винари, туку и со политичарите: Зорана Михајловиќ, министерка за рударство и енергетика (лево) и Маја Гојковиќ, министерка за култура во Владата на Србија (десно).
Претседателот на Србија и претставници од земјите од регионот по отворањето го обиколија саемот. Вучиќ себеси се нарекува љубител на вино...
...го помириса виното ...
... и потоа го дегустираше
На настанот присуствуваше и Дритан Абазовиќ, технички премиер на Црна Гора, која претходно одби да се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“.
Меѓу присутните беше и Ана Брнабиќ, досегашна премиерка на Србија и мандатар за состав на идната Влада.
На маргините на саемот, српскиот министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ и кинескиот амбасадор Чен Бо потпишаа договор за извоз на вино од Србија во Кина.
Саемот ќе биде отворен четири дена.
Вино дегустираше и тенисерот Новак Ѓоковиќ во друштво на Александар Антиќ, директор на компанијата „Коридори на Србија“.