Обновени стравувања во БиХ: „На кој му е до војна нека ја има дома“

Граѓани протестираат пред Канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Сараево, 25 октомври 2021 година.

Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно одобри продолжување на мисијата на мировните сили во Босна и Херцеговина за уште една година. Страхувањата од нова војна во БиХ се претопуваат во сеќавањата на претходната. Марија Агустиновиќ.

Муниб Казагиќ од Горажде, на истокот на Босна и Херцеговина денес работи како водоводџија. Тоа го работел уште пред почетокот на војната во 1992 година. Потоа го заменил алатот со пушка и поминал три и пол години како припадник на Армијата на БиХ, една од трите армии за време на војната. Три децении подоцна, Муниб не верува дека ќе има нова војна во БиХ, како што во последниве месеци се почесто нагласуваат лидерите на политичките партии, но и некои локални медиуми.

Стејт департмент: Заканите кон институциите на БиХ против интересите на граѓаните на земјата

„Тие мислат дека народот е наивен и дека некој ќе се бори за нив и нивната кражба. Ова е само залажување, бидејќи милионите и милијардите што ги украдоа треба да ги спасат“, изјави Муниб за Радио Слободна Европа, додавајќи: „Ова не треба да помине, како во 1992 година, затоа што ако помине, тогаш ние сме обични овци“.

Видете и ова: Советот за безбедност на ОН го продолжи мандатот на мировните сили во БиХ

Шпекулациите за можноста за нови вооружени конфликти во БиХ се проширија во последните месеци, откако Република Српска најави неуставно враќање на државните надлежности.

Од крајот на јули, претставниците на РС ја бојкотираат работата на државните институции поради одлуката за измена на Кривичниот законик на БиХ, наметната од поранешниот висок претставник Валентин Инцко, со кој се забранува негирање на геноцид и други воени злосторства.

Војната никому не му донесе добро

Сограѓанинот на Муниб, Мирсад Кадриќ, се сеќава на 90-тите години од минатиот век и вели дека војната никому не му донела добро. „На никој од нас не му треба тоа. Време е кога треба да размислуваме за подобар живот и економска стабилност на семејствата. Според мене, тоа е приказна на лидерите кои ја искористуваат ситуацијата за свои цели“, рече тој.

Главната улица во Сребреница се вика Маршал Тито

Жителите на Сребреница, град во источна Босна каде што беше извршен геноцид во 1995 година, се согласуваат дека никому не му треба војна. Милан смета дека заедно со лидерите на националните партии клучна улога имаат големите светски сили и дека сѐ ќе зависи од нивниот интерес.

САД и ЕУ сериозно загрижени за „реториката на поделби“ во Босна и Херцеговина

Мустафа од Сребреница оценува дека „секој паметен човек мора да има малку страв“ и дека тоа е нормална реакција на секојдневното „ѕвецкање со оружје“ во реториката на политичарите и медиумите. „Не се плашам, но не е добра ситуација. Сите го гледаат тоа, никој не е будала“, вели тој.

За војната слушаат уште од раѓање

25 годишниот Ирнес од Сараево е родена по завршувањето на војната во Босна и Херцеговина. Тој за РСЕ вели дека запаливата реторика на политичарите и медиумите ги брка неговите врсници од БиХ.

„Ова го гледам секој ден, во секој наслов и во центарот на вниманието на јавноста се Милорад Додик, Бакир Изетбеговиќ [лидер на Партијата за демократска акција] и Драган Човиќ [претседател на Хрватската демократска заедница на БиХ,]. Нема позитивни теми. Неодамна младите освоија седум медали на математичка олимпијада, а тоа никој не го објави. Имам 25 години и од кога знам за себе ги слушам истите теми. Луѓето станаа имуни“, вели Ирнес.

Илма Шахиновиќ од Сараево, 3 ноември 2021 година.

Илма Шахиновиќ слушнала за војната од кажувањето на нејзините родители. Како што истакнува, честите воени теми во изминатите месеци ја натерале да се чувствува несигурно. „Повторно имам надежи дека се ќе биде во ред. Но, одливот на мозоци кај нас во БиХ е поради тоа што овде нема работа и нема образование како што сакаме, па повеќето од нас сакаат да си заминат“, истакнува таа.

Хајрудин Билак од Сараево, 03.11.2021 година.

Сараевчанецот Хајрудин Билак помина три и пол години во опколено Сараево. Опсадата на Сараево беше една од најдолгите во историјата на модерното војување. „Еве јас се борев од првиот до последниот ден, но нема ништо од тоа. Ние како народ не се замараме, научивме да живееме „еден до друг“. Само си играат. За Додик се вели дека го има пола Дедиње, Човиќ половина Мостар, овој Изетбеговиќ е скоро до Маријин Двор, па само си го чуваат богатството и тие воопшто не се грижат за народот“, вели Хајрудин.

Што велат жителите на Бања Лука?

Во Бања Лука соговорниците на РСЕ оценуваат дека приказните за војната се исклучиво политички и дека се користат за предизборни цели. „Какви глупости. Каква војна, на кого му е до војна денес. Има емоции, но не може да се повтори, беше да не се повтори. Има некои луѓе, барем според мене, кои гледаат некаков интерес за сето тоа“, вели пензионерот Јово.

Босанските лидери убедени дека нема да има поделба на БиХ

Пензионерот Момир заднината ја гледа во тоа што во следната година во БиХ ќе се одржат општи избори. „Само будалите го заговараат тоа. На кого војната му донесе нешто добро? Никому. Сите изгубија. Избори се во прашање, ништо друго. Само борба за власт, ништо друго“, вели Момир.

Постројување на народот пред избори

Љубан Караџа од Ливно смета дека ниту еден народ во БиХ нема сила за војна. „Не се плашам, немаат сила за војна, ниту другиот ниту третиот. Само собирање поени“, посочува Љубан за РСЕ.

Жителката на Ливно, Јосипа Далиќ, стравува за младите кои, како што вели, постојано се трујат со воени приказни. „Се трујат многу млади, наместо да се модернизираат и да одат напред. Да мислиме на егзистенцијата, а помалку на минатото“, вели Јосипа.

Поглед на Ливно, град во западна Босна и Херцеговина

Нела од Мостар за РСЕ вели дека се уште се сеќава на последната војна и дека е исплашена поради детето. „Секако дека се плашам, имам дете, се сеќавам што се случи во таа војна, што преживеа светот. Би било жално да не извлечеме поука и овој пат да бидеме малку попаметни, да седнеме да разговараме за да заврши оваа ситуација малку поцивилизирано“, истакнува Нела.

Мостарецот Перко Крстиќ посочува дека ЕУФОР и НАТО се гаранција за мирот во БиХ. „Тоа се само приказни за политичарите кои не зборуваат за цените и за ова другото што ни се случува. Со ЕУФОР, НАТО, нема шанси тоа воопшто да се случи сега во овој момент“, вели Перко Крстиќ.

Додик пееше со хармоника во Претседателството на БиХ

Ахмо Сивиќ од Градачац, на северот на БиХ, смета дека народите „треба да се обединат против оние кои промовираат војна“. „Да се подигне и растера ова ѓубре и да живее народот. Не ги осудувам луѓето што избегаа кога избувна војната. Јас бев во војна четири години и не добив банка од оваа земја“, вели Ахмо Сивиќ.

Тивка војна

Новиот висок претставник Кристијан Шмит предупреди дека БиХ е во непосредна опасност од распаѓање и дека постои „многу реална“ можност за враќање на конфликтот.

Видете и ова: Мировниот договор во БиХ е во опасност доколку меѓународната заедница не дејствува

Во извештајот до Обединетите нации Шмит напиша дека доколку сепаратистите од Босна и Херцеговина во Република Српска ја исполнат својата закана за повторно создавање армија, меѓународните мировници треба да бидат вратени во голем број за да се запре можноста за лизгање кон нова војна, пишува британскиот весник Гардијан, кој имаше пристап до документот.

„Ова е еднакво на отцепување без прогласување“, напиша Шмит во извештајот доставен до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на 29-ти октомври.

Извршниот директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Бранко Тодоровиќ, за РСЕ посочува дека политичките лидери во БиХ, во очите на меѓународната заедница, ја создаваат таа атмосфера на страв, омраза и недоверба.

„Тоа е тивка прикриена војна која едноставно не им дозволува на граѓаните нормален живот достоен за човек, живот без страв. Реално гледано, војната е невозможна пред се поради присуството на меѓународната заедница и меѓународните воени сили, а голем број граѓани, поучени од минатото, би одбиле да учествуваат во војна“, вели Тодоровиќ.

Во исто време, Европската унија смета дека ситуацијата во БиХ предизвикува голема загриженост. Како што изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано, решение треба да најдат самите политичките лидери во земјата. „Како што веќе реков, едностраните дејствија и реториката на поделба мора да прекинат за доброто на граѓаните и европската перспектива на БиХ“, изјави Стано.