„Новата нормалност“ во ерата на ковид-19
Луѓе како вежбаат физичко дистанцирање во бели кругови, за време на пандемијата со „ковид-19“ на 17.05. во Бруклин, Њујорк.
Ученици седат зад заштитни бариери како превентивна мерка против ковид-19, во средно училиште во Јужна Кореа на 20.05.2020 година. Стотици илјади јужнокорејски студенти се вратија на училиште на 20 мај, бидејќи образовните институции започнаа со повторно отворање по повеќе од два месеца.
Жена носи капа со напис „Ова е капа од еден метар. Ве молам, оддалечете се" ’додека шета пво Париз, Франција, 11 мај 2020 година. Франција започна постепено да ги олеснува мерките за ограничување.
Наздравување со пива преку пластична табла инсталирана како мерка за спречување на инфекција со коронавирусот кај Кичири Шинџуку, јапонски стил на паб, познат како „изокаја“, во Токио, Јапонија, 19 мај 2020 година.
Луѓе кои носат маска за лице присуствуваат на утринска миса во црквата Сан Бјаџо и Санта Марија Имаколата на 20.05 2020 година во Кодоно, југоисточно од Милано, едно од селата на епицентарот на епидемијата на коронавирус во февруари.
Проверка на температурата на еден патник откако владата ги олесни рестриктивните мерки на коронавирус, во Карачи, Пакистан, на 20 мај 2020 година. Неколку држави низ целиот свет започнаа да ги олеснуваат ограничувањата на пандемијата за заклучување на пандемијата ковид-19 во обид да ги рестартираат своите економии и да им помогнат на луѓето во нивните секојдневни рутини по избувнувањето на пандемијата на коронавирус.
Ученичка од основното училиште „Сент-Кроа“ работи на нејзиното биро обележано со лента за да се обезбеди безбедно растојание.
Фотографија од британскиот парламентот покажува како пратениците присуствуваат на седница на Долниот дом за прашања до премиерот на 20.05.2002 година.
Поздравување на учениците додека пристигнуваат во средното училиште Кијунбок во Сеул на 20 мај 2020 година.
Ентузијасти во теретаните одржуваат растојание едни од други во CrossFit Arena Bangkok, за време на нивната прва недела од повторното отворање на овие центри.
Полициски службеник гледа на QR-кодот на паметен телефон на патник за време на проверка на лична карта на станицата „Планернаја“ во московското метро на 15 април во Москва, Русија. Според системот за дигитални дозволи, воведен од московската влада, кој стана задолжителен од 15 април, луѓето треба да аплицираат за дозволи за патување со јавен превоз или возило низ градот.
Луѓе стојат на одбележани места на станица во Ница, Франција.
Аеродромот „Фиумичино“ во Рим Италија со посебни мерки за проверка на патниците.
Членови на екипажот на летот на „Ер Франс“ кои носат заштитни маски за лице, дистрибуираат маски за лице на патниците на аеродромот Шарл де Гол во Париз.
Патници на летот за Нур-Султан седат во авион пред полетувањето на меѓународниот аеродром Алмати, Казахстан, 1 мај 2020 година.
Луѓе кои носат заштитни ракавици ги користат своите паметни телефони во Киев, Украина на 13.05.2002 година.
Ученички од Централната католичка гимназија во Алентаун во матурски фустани одржуваат физичка оддалеченост додека нивните мајки ги фотографираат, откако нивната матурска вечер беше откажана во Алентаун, Пенсилванија, САД. 14 мај 2020 година.
Средношколци влегуваат во училиште, почитувајќи ги мерките за физичко растојание на 18 мај 2020 година во Албанија. Албанија постепено ги напушта своите мерки за заклучување,
Ученичка во Монтреал, Квебек, Канада, на 11 мај 2020 година.
Кукли поставени да обезбедат сфизичко растојание во ресторан во Вилнус, Литванија, 21 мај 2020 година. Во Вилнус, на кафулињата и рестораните им е дозволено да прифаќаат клиенти во затворен простор, меѓутоа, под строги правила за физичко растојание.
Столчиња поставени на плажа во израелскиот медитерански крајбрежен град Тел Авив.
Луѓе практикуваат физичко дистанцирање во лифт пред да пристигнат на своите работни места во Светскиот трговски центар, откако владата објави дека приватните и државните компании ќе ги отворат своите канцеларии по скоро два месеца заклучување во Коломбо, Шри Ланка, 11.05.2008 година.
Луѓе ручаат во ресторан со пластични бариери и мерки за физичко растојание за да се спречи ширењето на ковид-19 во Бангкок, Тајланд, 08.05.2002 година .
Кино на отворено во Мекхенри, Илиноис, САД, на 08. мај 2020 година.