Нина Елзесер: Бидете умерено самокритични, но и многу храбри
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Младата актерка Нина Елзесер вели дека ужива работејќи на претстави на независната сцена. Во моментов не цели кон матичен театар и вработување, но како што вели, секогаш цели кон чување на детето во себе и порачува дека актерите никогаш не смеат да бидат ставени во рамка. Портфолиото почнала да го полни уште како студентка, па се радува што имала шанса веднаш да почувствува што значи да се биде професионална актерка.