Молитви и оружје: Украина се подготвува, светот страхува
Свештениците во киевската катедрала на Воскресението Христово одржуваат богослужба на 26 јануари, откако папата Фрациск повика на „молитва за мир“ во услови на тековните тензии поради масивното воено натрупање на Русија околу границите на Украина.
Палета со воени материјали на аеродромот Бориспил во Киев на 25 јануари. Стотици тони муниција и оружје се пренесени во Украина од САД.
Фрегатата на руската морнарица „Адмирал Есен“ учествува во вежби на Црното Море во близина на руското копно на 26 јануари.
Украински војник носи огревно дрво на позицијата на фронтот во близина на селото Авдијивка на 25 јануари.
Борец на сепаратистичката група поддржана од Кремљ се движи во ровот свртен кон украинските позиции во селото Жолобок во областа Луганск.
Украински војник во селото Песли, оштетено од војната, блиску до линијата на фронтот со сепаратистите во источна Украина.
Луѓето шетаат под знакот на кој пишува „Доњецк херој град“ во градот Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите.
Човек ракува со пиштол за време на воена обука за работниците во близина на западниот украински град Лавов на 25 јануари.
Припадник на таканаречената Луганска народна милиција ја набљудува линијата на фронтот во близина на Славјаносербск на 25 јануари.
Висок украински воен функционер држи едно од противтенковските оружја доставени од Британија за време на обука на украинските војници во Лавов.
Белоруски воени возила пред заедничките воени вежби со руските сили во Белорусија на 25 јануари. Русија испрати неодреден број војници од далечниот исток на земјата во сојузничката Белорусија, која ја дели границата со Украина, за големи воени игри планирани во февруари.
Украински војник на позиција на фронтот во близина на Авдијивка на 25 јануари.