За крајот на овој месец е најавена средба меѓу Министерството за администрација и синдикатите за планот за трансфер на вработени од јавната администрација во приватниот сектор, велат од Синдикатот на УПОЗ според кој евентуален трансфер за нив е прифатлив доколку на работниците не им биде променета дејност, ниту условите за работа.
Конкретниот план треба да биде готов на крајот на 2019 година, велат за РСЕ од Министерството за информатичко општество и администрација, посочувајќи дека дефинирањето на концептот го подготвуваат заедно со стапанските комори. Од таму наведуваат дека евентуалниот трансфер ќе биде спроведен со одлука на Владата, односно оти тој нема да биде дел од законските измени.
Видете и ова: Инспекции, даноци, казни: силен притисок врз малите бизниси?Јавно – приватниот дијалог за планот за трансфер на вработени од јавната администрација во приватниот сектор е во тек, а беше најавен од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. Процесот треба да ги опфати службениците за кои ќе биде оценето дека нема повеќе потреба во јавната администрација.
Пеце Груевски од Синдикатот на УПОЗ вели дека се информирани за идејата и оти за процесот е договорено да одржат средба кон крајот на август со претставници на Министерството за инфорамтичко општество и администрација.
Груевски вели дека синдикатот е против укинување на работни места, но сепак објаснува дека веќе постојат искуства во земјава кога вработени од државна администрација биле префрлени во приватни компании.
Според него, тоа е прифатливо само доколку вработените, кои ќе бидат опфатени во трансферот, нема да добијат полоши услови за работа и променета на дејноста.
„Ние ќе се заложиме за сигирност на работниците, ако некој сака да оди зошто да не, но нема да дозволиме вработени во јавната администрација да си одат под притисок“, вели Груевски.
Тој додава дека од Министерството ги уверуваат дека преминот на вработените ќе биде на доброволна основа без притисоци, но укажува и на фактот дека од друга стрна во некои институции недостасуваат работници.
Видете и ова: Половична искористеност на европските фондовиМиле Бошков – претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија, вели оти треба да се каже дека оваа реформа ќе трае од пет до шест години најмалку, а луѓето кои ќе направат договор да излезат од јавната администрација и да преминат во приватниот сектор, според него или треба да добијат помош од оперативниот план за вработување или пари преку фондот за иновациски и технолошки развој.
„Тоа значи дека тие ќе треба да учат претприемништво, како и маркетеинг за тоа како да ги продадат своите услуги и на крајот треба да бидат услогласени според законската регулатива, бидејќи тие луѓе поради долгогодишната работа во јавениот сектор не знаат што значи данок на добивка, профит, одржливост, што значат обврските од законот за работни односи или трудовата легислатива“, вели Бошков.
За прашањето за трансферот во изминатиов период со став излезе и Сојузот на стопански комори, на што потоа реакција имаше и од Министерството за инфорамтичко општество и администрација.
Од Сојузот на стопански комори укажуваат дека за процесот започнат од ресорното министерство е неопходна сериозна анализа и сериозни преговори, а оти особено треба да се посвети големо внимание за трансфер на службеници од јавен во приватен сектор, односно за лица за кои ќе се оцени дека нема повеќе потреба во јавната администрација.
„Се поставува прашањето како ќе се прецизираат критериумите за овие лица, дали анализите кои се прават прецизно ќе утврдат какво образование и вештини поседуваат, како би биле атрактивни за премин во приватниот сектор“, велат од Сојузот на стопански комори.
Според нив приватниот сектор со соочува со „континуиран одлив на квалификувана работна сила и активно на пазарот на труд бара лица со дефицитарни и специфични занимања, пред се од техничките и строго специјализирани струки.
Исто така од Сојузот на стопански комори велат дека со процесот се отвораат важни прашања за процесот од типот дали ќе биде овозможена извесна доквалификација или преквалификација на овие кадри и кој тоа ќе го направи, колку време ќе трае процесот на адапртација на новото работно место и кој би бил очекуваниот стрпен на продуктивност по преквалификација на работните места за кои приватниот сектор има потреба.
Од Министерството за информатичко општество и администрација преку соопштение рагираа дека трансферот на вработеите од јавен во приватен сектор е нов концепт во земјата. Оттаму се согласуваат дека навистина има голем дел на отворени прашања и дилеми за чие затворање сметаат оти се неопходни „конструктивни предлози од сите засегнати страни.“
„Свесни сме дека моменталната состојба со работната сила и во двата сектори е неодржлива, и одлучни сме тоа да го промениме со заеднички сили и заедничка работа“, велат од МИОА.
Инаку, за реформа во јавната администрација МИОА подготвува и законски измени од кои според Владата, клучен де ќе биде реорганизација и оптимизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби од централната власт.