Магдалена родила две деца во иста државна болница во Сараево и двата пати 38-годишната жена му дала коверти со пари на лекарот. Внатре имало еквивалент на 150 евра.
И покрај тоа што државната здравствена заштита требаше да ги покрие сите трошоци, Магдалена, која побара нејзиното презиме да не се спомнува и не сакаше да прецизира во која болница се лекува, ги предаде парите, како што рече, „за да осигура подобар третман за време на породувањето“.
Во Црна Гора селективни абортуси за повеќе машки деца
Според Магдалена, лекарот ѝ рекол дека пари не се потребни, но сепак ги зел. Парите се чини ја завршија работата.
„Докторот беше присутен на двете породувања, а не бабицата. Исто така, благодарна сум што добив целосна анестезија“, изјави Магдалена за РСЕ. „Откако се породив, докторот ми го донесе својот мобилен телефон за да се јавам кај моето семејство. Ме третираа поинаку од другите. Не жалам за она што го направив и би го направила тоа повторно“, додаде Магдалена, велејќи дека таа не е сама во тоа.
Видете и ова: Најмногу чини митото на Косово, најмалку во БиХСпоред неа, ваквите плаќања или мито се нормални во Босна - форма на дополнително осигурување за да се обезбеди подобра грижа.
Тоа го покажува и една анкета. Околу милион евра мито биле дадени во породилиштата во Босна и Херцеговина во минатата година, покажува истражувањето на Бејби Степс, невладина организација во Босна која се бори да стави крај на „корупцијата при породувањето“.
Истражувањето во кое биле вклучени 2.713 мајки од целата земја покажа дека 50 насто од нив дале пари или подарок на медицинскиот персонал. Просечната исплата на пари во просек изнесувала 70 евра.
„Истражувањето укажува на широко распространета корупција во породилиштата ширум Босна, односно на секое друго породување“, вели Амила Татаревиќ, претседател на Бејби Степс.
„Вработените во некои породилишта всушност јасно ставија до знаење дека таквите плаќања треба да се прават, додека во други случаи семејствата ги предаваа пликовите без такви предлози, исплашени од приказните и гласините што ги слушнале ако не го сториле тоа“, објаснува Татаревиќ за РСЕ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Резултатите од истражувањето беа споделени со претставници на Министерството за здравство на национално и регионално ниво, како и со породилиштата.
„Добивме неколку одговори од функционери, од кои повеќето изјавија дека немало пријави за корупција во последните 10 години. Значи, имаме 15.000 раѓања поврзани со корупција и нема апсолутно никакви извештаи за тоа. Тоа само по себе ни кажува колку голем проблем имаме“, продолжи Татаревиќ.
Генерално, корупцијата е многу распространета низ Босна. Со оценка 35, земјата бележи значителен пад во регионот, паѓајќи за седум поени од 2012 година во индексот на Транспаренси Интернешнл за глобална корупција.
Видете и ова: Истражување: Секој шести балканец платил митоРСЕ ја контактираше Општата болница „Д-р Абдулах Накас“ во Сараево за да се распраша за можен поткуп во нејзиното породилно одделение. Болницата соопшти дека нема такви извештаи, но додаде дека презема мерки за да го спречи тоа.
„Во болницата е формиран антикорупциски тим. На осум локации во болницата е поставен антикорупциски материјал, заедно со формулари за пријавување корупција и детални упатства како и на кого да се пријави корупција во болницата, соопштија од болницата за РСЕ.
Болницата лоцирана во источно Сараево во Република Српска, ентитет во Босна и Херцеговина со доминантно српско население, соопшти дека пациентите не се пожалиле за поткуп во нејзиниот оддел за мајчинство.
Министерот за безбедност на БиХ обвинет во предмет за висока корупција
„Затоа, нема потреба да се преземаат никакви чекори. Во случаите на корупција, болницата во Србија ќе ги преземе сите неопходни чекори за да започне дисциплинска постапка“, велат од болницата.
Истражувањето на невладината организација „Бејби степс“ покажува дека многу мајки во Босна се толку трауматизирани за време на првото породување што одложуваат да имаат повеќе деца.
Видете и ова: Не е проблем бројот на гинеколози, туку стручноста и организараностаВесна, која не сакаше да се користи нејзиното презиме, има родено три деца во истото породилиште во Сараево како и Магдалена. Откако го доживеала она што таа го опиша како „трауматично искуство“ со своето прво дете, таа се погрижила да плати мито за следните две.
„Единствениот пат кога не им дадов пари на лекарите, западнав во неволја. Кога треба лекар да го породи вашето дете, треба однапред да се плати. Тоа е катастрофа“, раскажува 38-годишната Весна, додавајќи:
„Не ми кажаа зошто одам на индуцирано породување и какви лекови користеа. Бев преплашена. Докторот влегуваше неколку пати за време на породувањето и на крајот ме соши без никаков анестетик". За следните две породувања, Весна решила да им плати на лекарот и медицинската сестра 200 евра.
Во просек, луѓето во Босна плаќаат противвредност од 60 евра месечно за државно здравствено осигурување. Тоа не е мала сума за повеќето луѓе. Просечната месечна бруто плата изнесува околу 500 евра.
Најголемите стравови на Западен Балкан
Како и другите мајки и 32-годишната Сања од источно Сараево, која не сакаше да го каже своето презиме или да го прецизира името на болницата, исто така му дала коверт на медицинскиот персонал при породувањето пред четири години. Технички, дарувањето го направил нејзиниот сопруг, истакна Сања. Сумата изнесувала 100 евра, исплатена на лекарот што ја посетувал.
„Сите го очекуваат тој плик. Живееме таму каде што живееме, и треба да бидеме свесни за тоа“, објасни Сања.
Видете и ова: На здравството му треба системска програма, сè друго е крпењеСенад Шариќ, специјалист по гинекологија и репродуктивна медицина, со години работи во болница во Мостар, град во јужна Босна. Шариќ моментално работи во приватна ординација и вели дека никогаш не бил сведок на корупција од прва рака во породилиште, иако признава дека оваа практика е сеприсутна во земјата.
„Работев со години и ниту еднаш не земав пари. Тоа, сепак, не е секогаш случај овде. Има обичај симболично да се дава, но тоа е ситница и овде во Мостар никогаш не било широко распространето. Што се однесува до породилиштето во Сараево, знам дека се шпекулира за плаќање царски рез и други работи. Тоа за мене е несфатливо. Кој и да го направи тоа, треба кривично да одговара“, вели Шариќ.
Босанското Министерство за здравство не одговори на барањата за коментар на РСЕ за наводите за поткуп во породилиштата.
Искуството со претходните три породувања во државните болници ја поттикна Амира Черимагиќ да го породи четвртото дете дома, што дефинитивно не е норма во Босна.
Видете и ова: Транспаренси интернешнл: Политичките партии најкорумпирани институции„Тоа е недефинирано во Босна. Односно, раѓањата дома се сива зона. Поминав низ формалниот процес да ја побарам од болниците оваа можност, но однапред знаев дека моето барање ќе биде одбиено. Тоа не е забрането, но не можете да најдете медицински персонал, ниту пак таа опција е достапна“, објаснува Черимагиќ, сега волонтер во Бејби Степс.
„Конечно се породив дома. Исфрустрирана од искушението да се породи дома, Черимагиќ поднесе жалба до босанскиот Уставен суд, тврдејќи дека ѝ биле прекршени човековите права.
Откако највисокиот суд во земјата го одби нејзиниот случај, Черимагиќ се обрати до Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур. Тоа барање сега се разгледува.
Во меѓувреме, Бејби Степс започна онлајн петиција „за породување без страв и „дополнителни“ трошоци која досега ја потпишале илјадници луѓе. Од невладината организација велат дека сите мајки заслужуваат стручен и посветен кадар и достоинствено породување без „дополнителни трошоци“.
„Корупцијата ги загрозува основните човекови права, бидејќи создава нееднаквост во третманот на мајките. Примањето мито е кривично дело кое треба да се препознае, обесхрабри и санкционира“, наведуваат од Бејби Степс.