Господине Меџити во текот на изминатата недела излеговте на терен, што личи како да сте во внатрепартиска кампања. Од друга страна овој викенд на терен се излезени и другите ваши сопартијци предводени од Артан Груби. Која е целта?
Ние во овие три години баравме да се формираат партиските тела, бидејќи највисок орган е Конгресот, но меѓу конгресите треба да има партиски тела за да функционира партијата. Три години немаше партиски тела, едвај успеавме да се убедиме да се формираат тие тела. Се формира новото Претседателство, имаше две претседателската на кои дебатиравме на овие теми, и кога требаше да се одржи и третото за да се донесат заклучоци во врска со отчетот на владиниот состав на ДУИ, за сработеното, за програмата, за се она што дискутиравме ни кажаа дека нема да има претседателство, значи пак нема партиски тела, нема дебата, нема анализа, нема отчет. Ова се европски вредности на секоја европска партија и да претендираш да придонесеш Република Македонија да биде дел од Европската унија, а во партијата да нема партиски тела и да нема дебата е контрадикторно. Нашата цел е да се исправиме, пред да се исправи народот, оти тогаш ќе биде касно. Слушнав дека тие се повикуваат на некаква одлука на централното собрание, тоа не е точно, централно собрание немало година дена. Претседателство не е свикано, камо ли собрание. Не знам од кои причини тие излегуваат на терен, но добро е што излегуваат, за да се сретнат со граѓаните и нека го слушнат народот, бидејќи ќе пресече кој е во право – ние или тие.
На лидерот Али Ахмети јавно му порачавте да не го пали јорганот за една или неколку болви. Ако главен проблем во партијата е Артан Груби, кои се другите болви, како што ги нарековте?
Во принцип мора да кажеме и во некои случаи да спомнеме некои имиња. Првиот е Артан Груби. Владиниот состав на ДУИ, со некој исклучок ниту излезе на терен да собира гласови во 2020, ниту имаат поминато да земат мандат од народот, исто така овој владин состав не е поминат на централно собрание во Демократската унија за интеграција, значи немаат мандат од граѓаните, немаат мандат од партијата. Ние за атар на Али Ахмети, нашиот претседател преќутевме овие две години.
Видете и ова: Огнена борба за наклонетоста на АхметиШто најмногу ви пречи кај Груби, за кој во јавноста се добива впечаток дека е десна рака на Ахмети?
Мене не ми пречи, проблемот е во тоа што во овие две години наместо да биде чувар на ориентационите политики на ДУИ и програмата на ДУИ, ние доаѓаме до констатација дека програмата со која сме ги добиле овие избори е заборавена, во однос на реализација потфрлува и имам чувство дека е заборавен Рамковниот договор или дека е трампан за мултикултурализам или пак за граѓанско општество, чудно е што од многу близок до поранешната влада на Груевски, сега испаѓа дека е многу близок до концептот и на оваа другата влада, а заборавам на тоа што е устав за Демократската унија за интеграција, а тоа е Рамковниот договор, тој е причината што ДУИ во овие 20 години е победник и што е сработено во овие 20 години.
Видете и ова: Средбата во Тирана - обид за европска платформаДали мотивот за оваа битка меѓу вас и Груби можеби е тоа кој ќе го наследи Ахмети?
Нема никакви дилеми околу тоа за лидерот Али Ахмети, е неприкосновен, имаше конгрес, едногласно беше гласан, значи некој кога зака да се затскрива поради Ахмети, и сака да го прикаже ова како политичка војна меѓу нас и Ахмети, во тоа не успеал и нема да успее.
Што е следно ако Ахмети одбие да го разреши Груби од функциите?
Тој е лидер, претседател на партијата и ние со сите овие чекори сакаме пак да го вратиме да биде претседател на сите во партијата. Тој да биде претседател на партијата, а не да фати страна. Во случајот впечатокот на членството е дека Груби функционира како клан, и Ахмет е како заштитник на тој клан. Мислам дека треба да се врати на првобитната позиција претседател на Демократската унија за интеграција, неприкосновен на сите, како што функционирал во минатото, и кога имало поделби во размислувањата тој бил оној што на крај ги седнувал, пресекувал, никогаш не фатил страна. Во случај кога ќе фати страна, тоа не личи на претседателот или на таткото во партијата, а не сакам во никој случај така да го гледам Али Ахмети.
Зошто сте против проширување на коалицијата со Алијанса на Албанците?
Прво, не стои аргументот дека се потребни повеќе пратеници, бидејќи ако се работи за 81 за уставни измени пак не доаѓаме до оваа бројка. Значи ќе стигне до 72, 74... Второ, зошто е проблем кога пратениците Албанци без разлика дали с е позиција или опозиција, нема дилеми дали ќе гласаат за уставните промени. Алијанса надвор или внатре, тоа и јавно го имаат кажано, дека ќе гласаат за уставните измени како што и секој албански пратеник во Собранието. Не држат аргументите. Тенденцијата за влез во Алијанса е да се замолчи, во овој случај да не замолат нас и некои други во политички партии, за тесни политички интереси, за секојдневна политичка агенда, но во никој случај за стратешка агенда.
Какви ви се односите со ВМРО ДПМНЕ, очекувате ли дел од нивните пратеници да гласаат за уставните измени?
Прво да ги средиме работите внатре, после може да ги убедиме другите. Во овие околности, со што ќе ги убедиме нив.