Марта Наумовска Грнарова: Први во светот со смарт радијатор
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Со предизвик да развијат производи кои што се во контекст на облагородување на ентериерите со уметничко дело кое има функција во Завар дизајн создале Смарт радијатор - Прв во светот.
„Ги решававме дизајнот, греењето, управувањето со тоа греење и програмирањето“, вели Марта Наумовска Грнарова од Завар дизајн.
„Проблемот што го решававме беше мерењето на температурата и како ќе се примаат и обработуваат податоците. Затоа направивме лабораторија кај што се следат во различни режими мерења од 3 различни места на радијаторот и просторијата и на база на тоа се изработува алгоритам“, вели Наумовска - Грнарова.