По двенеделни антивладини протести и тврдења дека владејачката партија ГЕРБ е контролирана од зад сцената од Пеевски и ДПС, Борисов на 23 јули објави дека ги заменува неговите министри за внатрешни работи, економија, финансии и туризам.
Два дена порано, владата на Борисов преживеа гласање за недоверба во парламентот, побарано од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), во врска со серијата скандали за корупција.
Регионалните координатори на ГЕРБ пред гласањето објавија дека побарале Борисов да ги замени министрите за внатрешни работи, економија и финансии.
Продолжуваат антивладините протести во Бугарија
Во изјавата на 15 јули од партијата ГЕРБ се вели дека смените се неопходни за да се „отстранат инсинуациите дека ГЕРБ и тројцата министри се директно контролирани од страна на ДПС и Пеевски“.
Претседателот Румен Радев, кој е поддржан од БСП, обвини дека „мафија“ ги контролира владата на Борисов и политизираното судство во земјата.
Видете и ова: Трета недела анти-владини протести во Бугарија
Кој е „Шиши“?
Борисов целосно ги отфрла тврдењата на претседателот. Но, на 16 јули премиерот го користеше прекарот „Шиши“ за да ја идентификува клучната фигура во обвинувањата за контрола на ДПС.
Борисов исто така посочи дека претходната влада на коалицијата БСП-ДПС била под контрола на „Шиши“.
На прашањето на „Радио Слободна Европа“ да ги разјасни овие забелешки, од кабинетот на Борисов е наведено дека тој мислел на „господинот Пеевски“.
„Шиши“ потекнува од бугарскиот збор за „голем стомак“, а прекарот се користи на бугарските социјални медиуми за Пеевски.
Но, забелешките на Борисов беа прв пат бугарски лидер да го изговори прекарот во јавна изјава.
Христо Иванов, лидер на ривалската опозициска коалиција Демократска Бугарија, обвинува дека некои од министрите на Борисов и обвинители се избрани од Пеевски и неговата партија.
Според Иванов, Пеевски извршил притисок врз владата предводена од ГЕРБ за назначување на неговиот избор за министри, како и на обвинители меѓу кои и на главниот обвинител Иван Гешев.
Радев: Бугарите обединети да ја повратат земјата од мафијата
Иванов го започна бранот на антивладини протести на Бугарија на 7 јули, кога се обиде да закотви бродче на затворена јавна плажа покрај брегот на Црното Море, во близина на летниот дом на пензионираниот основач на ДПС, Ахмед Доган.
Иванов беше вратен од стражарите кои, според Радев, биле од Националната служба за заштита (НСО), која е одговорна за заштита на претседателот, премиерот и други високи јавни функционери.
Радев вели дека НСО нема мандат да ги штити поранешните политичари како Доган.
И Иванов тврди дека инцидентот ги потенцира тајните врски помеѓу владата на Борисов и опозициската ДПС.
Уличните демонстрации се раширија откако обвинителите на 9 јули извршија рација во канцелариите на претседателските помошници на Радев во Софија за, како што рекоа, истрага за откривање на државни тајни.
Демонстрантите велат дека рациите се дел од долгата историја на злоупотреби од страна на официјалните претставници на ГЕРБ и политизираните обвинители кои ги таргетираат своите ривали.
Борисов: Румен Радев е сценарист на сè
Радев во 2019 година се обиде да го блокира назначувањето на Гешев за главен обвинител со улични протести, тврдејќи дека тој ќе стори малку против корупцијата на високо ниво.
Демонстрантите ветија дека ќе продолжат со демонстрациите сè додека целата влада на Борисов не даде оставка заедно со Гешев.
Движењето на Доган
ДПС тврди дека ги застапува интересите на етничките Турци во Бугарија и другите малцинства.
Основана е во 1990 година од Доган, во времето кога им беа одземени правата на етничките Турци по присилната асимилациска политика и масовните протерувања во 1980-тите, под режимот на комунистичкиот диктатор Тодор Живков.
Доган е пофален од американските дипломати кои помогнаа да се постигне договор за да не дојде до етнички судири во 1990 година, односно за неговата од подготвеност да постигне политички компромис со поранешните функционери на Бугарската комунистичка партија во преименуваната БСП.
Правата и слободите на етничките Турци и другите муслимански малцинства во беа обновени по постигнувањето на тој договор, заедно со основните права за сите Бугари.
Оттогаш, Бугарија го призна ударот во комунистичката ера врз муслиманските малцинства во земјата како чин на етничко чистење.
Со текот на годините, Доган го водеше ДПС во управувањето со коалициите со БСП, како и со ривалите на БСП.
Дури и во опозиција, ДПС беше значителен политички актер за промена на гласањата во парламентот.
Со 25 пратеници кои моментно се наоѓаат во Националното собрание со 240 места, ДСП продолжува да го задржува овој тренд како трета најсилна политичка партија во Бугарија зад ГЕРБ и БСП.
Доган официјално се пензионира како претседател на ДПС во 2013 година.
Но, тој сè уште е „почесен претседател“ на партијата и останува една од најмоќните политички фигури во земјата.
Борисов „ја преживеа“ интерпелацијата
Во 2014 година, Борисов го опиша Доган како „најдобар политичар“ во Бугарија, наведувајќи ги неговите врски со моќната приватна медиумска група и клучните судски фигури.
„Доган беше првиот што сфати дека ако има медиумска империја и контрола над судството, тој би можел да владее“ без формално да биде на власт”, изјави Борисов за веб-страницата „Медиапул.бг“ во 2014 година.
Неприкосновен медиумски магнат
„Медиумската империја“ на која се осврна Борисов е онаана 39-годишниот Пеевски, кој во 2016 година Радио Бугарија го опиша како „неприкосновен медиумски магнат“ во земјата, со контрола на над 20 весници, приватен ТВ канал и новински веб-страници.
Пеевски ја започна својата политичка кариера во 2001 година на 21-годишна возраст како најмлад член на владата на поранешниот бугарски крал Симеон Втори.
Подоцна, тој се приклучи на ДПС и ја претставуваше партијата како заменик-шеф на Министерството за вонредни ситуации во 2005 година.
Фаворизиран од Доган, Пеевски наскоро ги изгради своите деловни активности и медиуми, додека држеше разни јавни канцеларии и освои место како пратеник на ДПС во парламентот.
Борисов со нови мерки за помош на загрозените во време на пандемијата
Во 2013 година тој беше назначен од коалициската влада БСП-ДПС за шеф на Државната агенција за национална безбедност.
Но, тој поднесе оставка од таа функција по само еден ден, во време на масовни протести против именувањето.
До 2016 година, Пеевски, наводно, поседувал неколку градежни компании и, наводно, стоел зад сенките на оф-шор компании кои го поседуваат Булгартабак, најголемиот производител и продавач на тутун во земјата.
Булгартабак е обвинет од страна на Турскиот одбор за истраги за финансиски криминал и дека е еден од најголемите шверцери на цигари во Турција.
Анкара исто така го обвини Булгартабак дека е тесно поврзан со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која се наоѓа на списокот на терористички организации на Европската унија.
Новинари без граници (РСФ) велат дека група на компании контролирани од Пеевски опфаќа околу 80 проценти од печатените медиуми во Бугарија, како и приватна телевизија и веб-страниците.
„Корупцијата и дослухот помеѓу медиумите, политичарите и олигарсите е широко распространета во Бугарија“, вели оваа организација со седиште во Париз, оценувајќи:
„Најозлогласеното олицетворение на оваа состојба е Делјан Пеевски, кој наводно поседува два весника (Телеграф и Монитор), но контролира и ТВ канал (Канал 3), веб-страници за вести и голем дел од дистрибуцијата на печатени медиуми“.
Во меѓувреме, како што вели РСФ, владата на Борисов „продолжува да ги распределува европските и јавните средства за медиуми со целосен недостаток на транспарентност, со ефект на поттикнување на примателите да се воздржат од целосно покривање на одредени проблематични приказни.