Нема знаци дека големиот бран протести на далечниот исток на Русија ќе се намали и по девет дена постојани собири и маршеви. Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во знак на протест против апсењето на регионалниот гувернер Сергеј Фургал. Отворената поддршка наводно го шокирала Кремљ.