Петнаесет лекари од општата болница Кочани во моментот специјализираат во дел од скопските клиники и за неколку години треба да им се вратат кај своите пациенти. Тоа значи дека во моментот, во болницата има голем недостиг на лекари специјалисти, па така на помош им доаѓаат колеги од Штип, Тетово и од други градови.
Поради долговите, а со цел да се избегне затворање на болницата, веќе две години таа функционира како центар за ампутација.
Ампутацијата е една од најтешките медицински одлуки, ама тоа беше единствениот излез да не се стави клуч на болницата, раскажува директорот Александар Серафимов. Така со помош на овој вид операции, болницата денеска е финансиски стабилна. Серафимов вели дека реагенси не недостигаат, но голем дел од опремата е резултат на донации.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Имаме донации во еха од повеќе институции и од Министерство за здравство, добивме и анестезиолошки стол кој е стотина илјади евра донација, еден од најубавите столови, потоа имаме донација од Јапонската амбасада, неколку апарати за гинекологија и др. Инаку институцијата финансиски е зависна од фондот. Добиваме годишен буџет кој се дели на дванаесет дела и со тој буџет и со оваа експанзија на набавки за ковид не останува ништо за набавка на медицински помагала и затоа се потпираме на донации и се снаоѓаме полека“, вели др. Серафимов.
Граѓаните кои ги сретнавме пред кочанската болница генерално се задоволни од здравствените услуги во болницата. Стрпливо чекаат да дојде нивниот ред, но признаваат дека најмногу им пречи кога ќе ги пратат на преглед во друг град.
„Сега има многу ред за крвна слика Многу ред се чека. Еве јас сега си закажав за во петок“, вели Ружа Стојкова, жителка на Кочани.
„Во споредба со другите болници, Штип и Скопје, тука е многу послаба организацијата, во Штип се поопремени и по стручност, од нив сум позадоволен, од штипјани“, ни изјави пенизионерот Благоја Тасевски.
„Па, гледајте нормално е како луѓе, има различни сестри, лекари. Но, добри се“, вели Славе Симеонов од Кочани.
„Задоволна сум. Доаѓаме со маски, за да ги земеме потребните лекарства, мора да се гледаме тоа е, без разлика на пандемијата“, вели Смиља Симеонова.
Видете и ова: Болниците во минус 97 милиони евраНедостигот на лекари го забележале оние кои имаат најголема потреба од нив, пациентите.
Од станица за маларија, преку Здравствен дом, па се до општа болница со проширена дејност, медицинскиот центар во Кочани опслужува околу 120 000 жители на кочанските општини, Виница, Берово, Делчево Пехчево и Македонска Каменица. Болницата е пространа, има доволно капацитет за да им пружи здравствена нега на пациентите, но сериозен проблем останува недостигот на лекари.
„Задоволство има, ама немаме лекари. Тоа е ужас, еден хирург, еден интернист, имаше една жена интернист од Виница, мислам дека отиде во пензија, тоа е најголемиот проблем, вели Коле Дуплев. Треба барем да ги има сите прегледи во Штип, јас на пример сум доаѓал во Скопје 50 евра ми се трошоците. Барем еве во Штип, тука ни е блиску 30 километри за да ги направиме потребните анализи и да не одиме до Скопје“, се жали Коле Дуплев, од село Оризари, Кочанско.
„Мој термин функционира, ама еве сега ќе барам упат за ренген или Пробиштип или Виница, кај нас нема, не работи. На крај, ако нема ќе одам во Штип. Недостасуваат специјалисти, интернисти, сестри се малку, ни изјави Живко Стаменков од Кочани.
Македонски парадокс: најсовремени операции, а лоши услови во болниците
Катерина Мирчевска е најмладата лекарка која работи во болницата. Од неодамна е специјалист по општа хирургија.
За време на големите бранови на заразени со корона поради недостиг на медицински персонал, работела во модуларната болница за пациенти со ковид 19 во Кочани. Во моментот таа е затворена, но имало моменти кога се барал кревет повеќе и кога Мирчевска и нејзините колеги вложувале огромни напори за да ги спасат своите пациенти.
„Немаме готови специјалисти на дофат. Хирургијата е тимска работа, потребен е тим и тука е еден од проблемите. И да сакаме да работиме, ни треба колега кој би ја покрил на пример амбулантата за итни случаи. Втора работа што нас ни смета е генерализирањето. Кај нас ако има забелешка за некој колега веднаш се генерилизира дека сите не работат, сите се лоши“, вели Мирчевска.
Видете и ова: Тежок период за здравството, уште потежок за пациентитеМирчевска укажува дека недовербата на пациентите кон лекарите е се поизразена, а нетрпеливоста од ден на ден се поголема. И тоа е она што најмногу и пречи.
„Ја нема таа доверба што треба да ја има пациентот спрема лекарот и почит. Дека треба некогаш и да почека, дека не се сите пациенти исти, дека ние и да се ставиме на нивно место, некогаш не е ни до нас, да се стигне да се помогне на пациентите. Некогаш не е ни до нас, не сме ние на крајот виновни што сме толку малку. Некогаш толкави ни се и ресурсите. Разбирам се, меѓутоа и во услови на пандемија, сето тоа оди потешко. И тоа си повлече да се нарушат дополнителни тие односи лекар-пациент, се зголеми нетрпеливоста“, вели младата лекарка.
Во меѓувреме, персоналот од оваа болница се надева на поголема соработка со лекарите од другите клиники. Тие очекуваат сите здравствени институции да се стават во функција на пациентите, а сите интервенции да можат да се извршуваат и на локално ниво, а не само во Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје.