Коронавирус - вентилатори во украинска фабрика од советската ера
Ова е напуштената воена фабрика Буревисник во Киев. Таму некогаш се произведувале медицински вентилатори за персонал во советско-авганистанската војна. Фабриката е во сопственост на конгломератот на државната одбрана Укроборонпром.
Внатрешноста на фабриката на фотографија од 26 март (сликите во оваа галерија беа објавени од Ројтерс на 30 март). Последната голема нарчка на владата за вентилатори дојде во 2008 година, но исплатата за нарачката никогаш не стигна и набргу потоа фабриката беше затворена.
Фабриката повторно го привлекува вниманието на украинските власти, бидејќи бројот на пациенти со КОВИД-19 во Украина и на други места продолжува да расте. Коронавирусот обично ги напаѓа белите дробови на пациентите, поради што некои не можат да дишат без вентилатор.
Вршителот на должноста директор на фабриката, Виталиј Кодицкиј, ги гледа фотографиите на вентилаторите.
Како одговор на итната потреба од вентилатори во Украина, некои од најбогатите бизнисмени во земјата изразија подготвеност да купат машини од странство. Но, официјалните претставници на одбраната вршат притисок тие да бидат направени во Украина со употреба на технологија развиена во фабриката Буревисник.
Официјален претставник во фабриката Буревисник од времето на Советскиот Сојуз. На паролата пишува: „Зајакнување на сојузот меѓу науката и производството!“
Вршителот на должноста директор Кодицкиј ги разгледува старите вентилтори и упатства. Воен службеник за Ројтерс изјави дека компјутер со релевантни технички информации исчезнал од фабриката и инженерите што ги дизајнирале вентилаторите биле или пензионирани или мртви.
Опрема покриена со прав се наоѓа напуштена во фабриката.
На крајот, службениците пронашле еден човек кој знаел каде се чуваат нацрти за вентилаторите. Работел во локален супермаркет.
Мустафа Најем, заменик генералниот директор на „Укроборонпром“, ги разгледува плановите за вентилаторите од фабриката Буревисник.
Најим за Ројтерс изјави дека фабриката е во премногу лоша ситуација за да го рестартира производството на вентилатори, но рече: „На сите ќе им овозможиме пристап до оваа документација затоа што разбираме дека е криза“.
Бројот на случаи на коронавирус во Украина достигна 549, со 13 смртни случаи, на 31 март.