Ванчо Дојранлиев напишал: „Ќе видиме дали ќе биде така или ќе се покаете за вакви нелегални одлуки“, а Изахир Сулејмани смета дека ненормално се играло со луѓето, „како чобан со стадо овци“.
Виолета Иванова му одговара: „Кога народот се однесува како овци и не може да се скраси и да се контролира и мерките нека бидат построги. Малку ни е ова што се случува...“ Розе Везенкоска со својот пост, пак, ѝ одговара на Иванова: „Баш за Велигден најстроги мерки, браво бе, кај ни е верата во Бога“.
Пикот на короната се чека со полициски час
За Коле Пејов ова намерно се правело за да се шири страв и паника и смета дека народот „мора масовно да излезе на протести за да се укине вонредната состојба и полицискиот час“. Навредувајќи го министерот Филипче, нарекувајќи го „министер – портпарол за ширење зараза и умирање“, истиот граѓанин како да е приврзаник на теориите на заговор и уште смета дека „... само се извршуваат задачи што им ги кажуваат од светската влада. Позади се крие голема завера“. Јане Мони Божиноски со здраворазумно размислување: „Овде никој не почитува препораки, затоа и вакви мерки. Погледнете во странство како сите седеа дома иако е Велигден, ама ние сме навикнати да се удираме од земја, било тоа потребно или не“.
Видете и ова: Ангеловска - Финансиската помош за фирмите може да спаси многу работни места
И изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска дека финансиската поддршка од 14.500 денари по вработен за фирмите кои се засегнати од кризата со корона вирусот може да спаси многу работни места предизвикала голем број коментари. „Никој повеќе не ви верува, алооо!“ – извикува Бекир Кадриески. За Беким Мемети мерките што ги презема Владата се селективни и препорачува да се престанело со селективни мерки: „Зошто лажете, кога ќе се аплицира тогаш се добива одговор дека не ви следува“. Коле Царовски предвидува: „Уште малце ви остана, крадете и уништувајте го својот народ... се свестува народот, да ви е јасно“. И Мухамед Али Имероски со негативна реакција: „А невработените нека умрат, така ли? Ангеловска, секоја ти чест, браво за Владата“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Нашето неделно интервју е со техничкиот министер за внатрешни, Наќе Чулев, кој покрај другото се жали дека досега ниеднаш не бил повикан на прес-конференција организирана од Владата. „Ооо, за греота ти, желен за прес“, постирал Михајло Зулумов, па додал: „Глеј да се викате за да се покаже кој што сработил, а не за прес-конференции. Народот сака дела да гледа“. Марјан Томески му препорачува на Чулев: „Оди кај Мицкоски на прес-конференциите, побитен ти е тој“, а Билјана Гроздановска е уште подиректна во коментарот: „Ќе те викне Орбан, кулирај си и уживај, лапај пари, ќе те сменат за некој месец ќе бидеш чувар во Шутка“. Тони Петровски со поддршка за техничкиот министер: „На ваква неспособна влада и не треба да им идеш. Ти си пример како министер треба да се однесува и да им помага на другите... олку неспособна влада не е видено ниту ќе се види, ова им е последно...“