И во време на полициски час кој трае цел викенд, уметноста не е во карантин.
За време на првиот викенд со забрана за движење, Небојша Гелевски – Бане создаде уметнички проект во својот дом. „Арт(и)золација за време на пандемија“, напиша Гелевски кога го објави својот уметнички проект „Човекот во жолтото заштитно одело“.
„Вирусот е сеприсутен. Секојдневната интеракција со луѓето, предметите и природата го илустрира најдлабокото влијание на пандемијата врз нашите општества. Затворањето во нашите домови, всушност стана можност и отворање на нови перспективи, размислување или преиспитување на нашите приоритети, стравови, нашата интеракција со природата, семејството, пријателите, вредноста на слободата, влијанието на политиката, грижата за менталното здравје, интроспекција на нашето однесување (особено интересни феномени на грабањети тоалетна хартија)…“, вели Гелевски.
Во фотографиите главниот лик е, како што вели Гелевски, „научник“ во заштитна облека, „кој е персонификација на напорите на обичниот човек да се справи со предизвиците, да го разбере и да се прилагоди на времето на коронавиурс.“
„Осаменоста, беззборовната комуникацијата, понекогаш мрачната атмосфера се контрастираат меѓусебно на фотографиите кои прикажуваат и среќни моменти како допир со природата или комуникација со пријател, без вообичаен човечки допир. Криејќи се од вирусот, во постојани промени во расположението, стравовите и надежите, ненадејно откриваме микро космоси кои обично ги занемаруваме. Гледајќи се себеси како предмети, нашите реакции и соодноси, ни отвора фина подлога за размислување: како ќе се промениме? Ќе станеме ли помудри по корона изолацијата?“, напиша Гелевски.