„Море Тито да стане едну недељу да заведе ред!“ – постирала Станислава Станојковиќ на кумановски, а Драган Сани Ивановски божем ја замолчува, исто така на кумановски: „Немој бре, ќути, ќе чуев Бугари, ќе се наљутев за Тита“. Некои луѓе и во вакво време-невреме со корона пандемијата имаат дух за шегачење.
Видете и ова: Постигнат договор меѓу приватните болници и Министерството за здравствоИако другите постови по информациите дека сопствениците на приватните болници склучија договор со Министерството за здравство да ги отстапат својот медицински кадар и капацитети за сместување и лекување на болните од вирусот и дека трошоците за лекување нема да ги сносат граѓаните туку Фондот за здравство ја покажуваат познатата недоверба и незадоволство спрема државните институции и приватното здравство, Атанас Белокоски смета дека „Државата нема потреба да прави никакви договори, едноставно може да ги стави на располагање на јавното здравство на одредено време, ама тоа е, изгорени се да прават договори!“ И Димче Кизовски со незадоволство: „Откако се збогатија приватните болници, сега бесплатно лекување, на жими мајка ќе те лечи приватњакот, дајте доста си играте со трпението на народот...“, па му се обраќа на министерот Венко Филипче: „Ако те бива биди министер, ако не биди доктор поарно ќе е за пациентите“. „Каков договор?“ – прашува Миле Крстев, „100 кревети во болница што веќе не се користи. А сегашниве ќе работат и натаму за по 12 илјади евра. Војно профитерство!“
Зора Карадаковска Трајкова со сличен став: „Во кризна состојба нема договори, државата ги презема и приватните болници и ги става на располагање на потребите на граѓаните“. Од сите 25 коментари на нашата ФБ страница, само Слободанка Камчева има позитивен став: „Браво за министерот и газдите на приватните болници“ – постирала.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Македонскиот јазик има соодветен развој на сите рамништа – фонетски, морфолошки, синтаксички, лексички, што потврдува дека станува збор за различни јазици, а не за дијалект, вели Елена Јованова – Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“ во нашето неделно интервју во врска со бугарските изјави дека македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот. Донче Папазоска како да не е задоволна со одговорите, и смета дека кажаното „Не е доволно
Видете и ова: Заев најави план за легално пушење марихуана во кафулиња во Скопје и во туристичките местапрофесионално презентирање“. Хуго Бос, меѓутоа, со пофалба: „Браво. Така. Браво“.
Најавите на премиерот Заев за легално пушење марихуана во кафулиња во Скопје и во туристичките места, со почитување на определени стандарди, се разбира, предизвикала огромен број коментари – речиси сите негативни. И тука, покрај личните навреди за премиерот, шегобијни постови. Еуген Муца напишал: „Идемо на Марс, во 1990-те имаше еден музички хит“. Или: „Е, тогаш, не треба Европа, директно у Африка ќе летаат со мозокот“ – постирал Даниел Величковски.