Колку пестициди има во овошјето и зеленчукот?

Зеленчук на тезга на пазар

"Има земјоделци кои денеска ги прскаат овошките, а утре ги носат на пазар, тоа што се продава e отров“ велат земјоделци. Упатените бараат да се обезбеди едукација поради прекумерна употреба на пестициди во земјоделството. Ваквата состојба се објаснува со падот на економијата но и со моралот.

Додека во фокусот на јавноста е загадениот воздух и последиците врз здравјето, употребата на пестициди во земјава веќе одамна е надвор од контрола.

Повеќе речиси и да нема смисла да ги прашувате луѓето кои продаваат на пазарите дали овошјето или градинарски производи им се прскани.

Во земјоделство се користат прекумерни дози на пестициди за да се заштити родот и да се зголеми прозводството, велат упатените. Нaучната заедница овие пестициди ги поврзува со зголемениот број на заболувања. Посебно се загрoзени децата кои ги чувствуваат дури и малите количества на пестициди

Истражувањата направени во изминатите години покажаа дека од сите овошја најмногу се прскаат јаболката така што не е реткост да се прскаат и над 10 пати во годината, вели професорот Илија Каров. Факт е дека огромно присуство на пестици има и во други производи од овштарството, како и во лозарството и во градинарството.

„Имам лично искуство дека резиденцата на пестиците во јаболката се драстично над максимално дозволеното што значи дека не се јаде здраво, а го даваме и на децата. Моја докторантка работеша на тој проблем и резултатите покажаа огромоно присуство на пестидици. И во овштарството е слично. Во градинарското производство, нема официјални податоци но малку се води грижа и треба да им се помогне на земјоделците во едукацијата. Земјоделците страхуваат за родот и се оди на неконтролирана примена на пестиците со мали исклучоци“ вели професорот Каров

До ова ситуација според упатените придонесе економската криза но и вкупниот пад на моралот кај луѓето. Секое сретство за заштита на земјоделските производи кое се става на пазарот во земјава и се користи мора да биде регистрирано, и да има соодветна дозвола.

Но, особено е ризично и тоа што во земјава илегално влегуваат и пестициди со сомнителен квалитет за кои никој не е сигурен од каде доаѓаат и колку се токсични тие сретства, вели Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци.

„Има посебна служба во Министерството за земјоделство која се занимава со употребата на пестсициди и без нивно одобрение не се увезува, но се прават далавери, се увезуваат скришно и од нив некои чинат, некои не чинаат“ вели Тантаров.

Сретствата за заштита на земјоделските производи треба да бидат употребувани во согласност со упатството, но Тантаров укажува дека факт е дека на пазарот завршуваат и производи кои се третирани со пестициди претходниот ден.

„Никој не ја котролира "каренцата" на доматите, јаболките, крушите што се продаваат на пазарите. Кој земал да провери колку во овошјето има останато од пестицидите. Најмногу се прска во лозарството, oвоштарството и кај градинарските култури. Ако не ги прскатe, нема род. Но, тој што произведува има ставено до кога треба да се прска и колку е каренцата, а не денеска ги прска, а утре ги носи на пазар, тоа е отров“ вели Тантаров

Времето кое мора да помине од последната примена на пестицидите до бербата се нарекува каренца. Должност на производителот е да води сметка за каренцата и таа мора строго да се почитува за да се добијат здравствено безбедни производи.

Упатените и земјоделците бараат државата да посвети поголемо внимание на едукацијата и на разговори со земјоделците за тоа што значи примената на пестицид.

„Порано имаше од 12 до 15 третирања сега бројот на прскања во овоштарството се намали, но сепак и натаму со цел да се заштити производството се користат препарати кои имаат во упатството картичка каренца, но кога ќе се направат квалитетни хемиски анализи се покажува дека производот не е разграден што значи дека се применуваат и во време кога не треба да се користат тие препарати. Јас не можам да дадам позитивно мислење дека се јаде храна која е безбедна во однос на присуство на пестициди во неа „ вели професорот Каров.

Во изминатите години ни се случува нашите земјоделски производи кои се извезуваат да содржат недозволени и количински поголеми вредности на пестициди поради што тие ни беа враќани од странските пазари.

Последен таков пример имаше лани и се однесуваше на градинарските производи, но властите ги одмолчуваат овие ситуации, вели професорот Каров .

Оваа тема стана актуелна пред повеќе години откако тестираните примероци на крставици се покажа дека биле позитивни на пестициди во Хрватска, а истото ни се случи и со грозјето во Франција

Упатените нагласуваат дека Македонија мора да води сметка за безбедноста на прозводите кои завршуваат на пазарите дома и надвор.

"И од тие причини да не ни се враќаат производите земјоделците ќе мора да сфатат дека ќе треба да научат што помалку да употребуваат пестици и инсектициди" вели професорот Каров.

Во меѓувреме многу е важно луѓето да набавуваат производи од проверени извори иако е се потешко да се најдат совесни призведувачи.

Ваквата состојба упатените ја објаснуваат со падот на економијата но и на моралот во континуитет со години наназад.