Ковид-19 повторно фрла сенка врз новогодишните прослави

Најдобриот начин за пречек на 2022 година е дома со многу малку гости, велат експертите

Ковид-19 ги задушува новогодишните прослави низ целиот свет, втора година по ред, при што владите во многу земји ги ограничуваат во обид да ја задржат неконтролираната зараза.

Глобалните инфекции со коронавирус достигнаа рекордно високо ниво во изминатиот седумдневен период, со речиси еден милион случаи откриени во просек секој ден во светот помеѓу 23 и 29 декември, околу 100.000 повеќе од претходниот врв објавен во средата.

Бројни земји регистрираа највисоко ниво на сите времиња во текот на претходните 24 часа, вклучувајќи ги Аргентина, Австралија, Боливија, Соединетите Држави, Франција и Италија, додека варијантата омикрон се шири како шумски пожар.

Зголемени цени на угостителските услуги, мал интерес за туристички аранжмани

Иако студиите сугерираат дека е помалa смртоносна од некои претходни варијанти, многу здравствени власти не ризикуваат, кажувајќи им на луѓето дека најдобриот начин за пречек на 2022 година е дома со многу малку гости - по можност сите вакцинирани.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пречеците на Нова година низ целиот свет

Во Европа, каде речиси еден милион луѓе починаа од коронавирус во текот на изминатите 12 месеци, традиционалните концерти и огнометите кои обично привлекуваат илјадници луѓе на улиците беа откажани во повеќето поголеми градови, вклучувајќи ги Лондон, Париз, Цирих, Брисел, Варшава и Рим.

Претходно оваа недела, генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус ги повика луѓето да ги преиспитаат своите планови.

„Подобро е да се откажете сега и да славите подоцна, отколку да славите сега и да тагувате подоцна“, рече тој.

Сепак, и покрај големите случаи, некои градови, вклучувајќи го и Сиднеј, ќе биде домаќин на својот годишен спектакуларен огномет над Операта и Мостот Харбор.

Слично на тоа, Њујорк најави дека ќе ја одржи својата забава на Тајмс Сквер, иако во намалена верзија, со многу помалку луѓе на кои ќе им биде дозволено да гледаат како иконската, џиновска топка паѓа по столб за да го одбележи доаѓањето на 2022 година.

Видете и ова: Фаучи: омикрон сојот на коронавирусот го пустоши светот

Американскиот експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, во средата рече дека семејните собири каде што сите се вакцинирани се во ред, но предупреди дека забавите од големи размери сè уште се премногу опасни.

„Ако вашите планови се да одите на новогодишна забава со 40 до 50 луѓе со сите ѕвона и свирчиња, и сите да се гушкаат, бакнуваат и да си посакаат среќна нова година, силно би препорачал оваа година не го правете тоа“, рече тој.

Многу луѓе ги прифатија предупредувањата, оставајќи ги рестораните и хотелите да ги бројат трошоците за масовните откажувања.

Откажаните резервации во главниот град на Шпанија ќе ја чинат угостителската индустрија околу 350 милиони евра, 3 насто од годишните приходи, рече Хозе Антонио Апарисио, претседател на асоцијацијата Хостелерија Мадрид.

Во Италија, сопствениците на ресторани и клубови повикаа на итна поддршка од владата, велејќи дека 25%-30% од резервациите за новогодишна вечера биле повлечени.

Како ќе се пречека Новата година на Балканот

Жителите на Балканот, втора година по ред, поради пандемијата на коронавирусот и ширењето на новиот сој oмикрон ќе ја дочекаат Новата 2022 година без масовни прослави на отворено, забави и огномети.

Зголемени цени на угостителските услуги, мал интерес за туристички аранжмани

Во Романија нема да има организирана плослава на плоштадот, а жителите ќе можат да ја дочекаат Новата година речиси без ограничувања. Ноќниот карантин, кој го ограничуваше движењето на невакцинираните лица во периодот од 22 до 5 часот, беше укинат на почетокот на декември.

На новогодишната ноќ рестораните ќе можат да работат цела ноќ, со пополнетост до 50 отсто од својот капацитет. Од гостите се бара да приложат потврда за вакцинација, прележаност или негативен тест. Нема ограничување за бројот на луѓе кои можат да се соберат на отворено. Единствениот услов е да носат заштитни маски.

Видете и ова: Во Црна Гора поригорозни услови за влез во земјата од 2 јануари

Црна Гора воведе нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, ограничувајќи го работното време на објектите до 22 часот. Новите мерки ќе бидат во сила од 30 декември до 12 јануари. Исклучок ќе биде работата на објектите за новогодишната ноќ, кога ќе можат да останат отворени до 1 часот по полноќ.

Словенија, исто така, ги забрани новогодишните прослави на отворено, но дозволи рестораните и баровите да работат до раните утрински часови на 1 јануари. Сепак, клиентите ќе треба да имаат ковид-пропусница и негативен тест. Словенечката влада одобри рамка на антиепидемиски мерки за божиќните и новогодишните празници, со значително помалку ограничувања од минатата година.

За разлика од другите земји каде што беше воведено ново затворање пред празниците, Хрватска се надева дека почитувањето на постоечките мерки – растојание, маски – ќе биде доволно за да се одржи ситуацијата под контрола. Новогодишните прослави на главниот плоштад во Загреб не се откажани, но за присуство ќе бидат потребни ковид сертификати.

Здравствените власти во Северна Македонија, пак, соопштија дека не планираат дополнителни ограничувања, бидејќи бројот на активни случаи останува релативно мал. Новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ги откажа планираните прослави во главниот град, велејќи дека сака поскромна новогодишна церемонија оваа година.

Студенти учествуваат на предновогодишен маскенбал со тема „Бегство од реалноста“ на Техничкиот факултет, Белград, 26 декември 2021 година.

Во Србија, исто така, нема да бидат откажани новогодишните прослави на отворено, и покрај стравувањата од ширење на варијантата Омикрон. Во Белград секојдневно се организираат различни програми, вклучително и настани за деца, пишува веб-страницата Balkan Insight. Концерти со народна музика беа закажани за 29, 30 и 31 декември во центарот на градот пред зградата на Собранието, каде што ќе има и огномет.

Во Грција традиционалното пиротехничко шоу на Акропол годинава нема да се одржи. Министерот за здравство Танос Плеврис објави дека сите собири за празниците, без разлика дали се јавни или приватни, се откажани. Се враќа задолжителното носење маски и на отворено и на затворено. Земјата дури нареди употреба на две маски или маски со висок степен на заштита во јавниот транспорт и супермаркетите.

Турција повторно ги намалува каматните стапки во неконвенционалната економска политика

Во Турција нема дополнителни забрани или ограничувања за новогодишните празници. Ова важи и за Истанбул, традиционалниот центар на новогодишните прослави, изјави раководителот на дирекцијата за здравство, Кемал Мемишоглу. Тоа значи дека на новогодишните собири ќе важат сегашните правила и мерки за спречување на коронавирусот.

Турција се надева на привлекување многу посетители од странство за празникот, искористувајќи ги забраните за прослави во други земји, вклучително и нејзиниот регионален туристички ривал, Грција.

Република Кипар ги заостри здравствените мерки пред Нова година, а за прием во ноќни клубови и дискотеки, како и за свадби, покрај потврдата за вакцинација, потребно е да се направи и брз тест 24 часа порано. Заштитната маска е задолжителна насекаде.