Меѓу оние кои се самоубија беше и Арузат, 33-годишна наставничка од градот Каракол, која почина во болницата откако конзумирала фатална доза киселина.
Во пораката на „WhatsApp“ испратена од нејзината смртна постела, Арузат им соопштила на своите колеги дека одлучила да стави крај на животот затоа што нејзиното семејство сакало да се смири со сопругот насилник и покрај тоа што била претепана од него.
Арузат, мајка на три деца, исто така испрати фотографии од, како што вели, нејзиното тело со модринки по последното малтретирање од сопругот.
Црно-бела поддршка против насилството врз жените
Нејзините колеги за РСЕ изјавија дека биле свесни за нејзината ситуација, но дека таа не сакала да го пријави нејзиниот сопруг во полиција.
„Таа ни рече за тепањата. Таа рече дека ако побегне, нејзиниот сопруг ќе ја најде и уште повеќе ќе ја измачува. Таа беше преплашена од нејзиниот сопруг“, изјави колешката и пријателка на Арузат, Назира, за РСЕ.
Видете и ова: Избор без избор – Или ќотек или без покрив над главаДури по смртта на Арузат, нејзините колеги пријавиле во полиција за домашното злоставување што го претрпела. И покрај тоа, мајката, браќата и сестрите и другите роднини на Арузат сè уште молчат на оваа тема.
Долгогодишна традиција е злоупотребата да биде тивко прифатена во Киргистан - земја во која се избегнува разводот и жените се охрабруваат да ги одржуваат своите бракови по речиси секоја цена.
Неказнивоста честопати останува норма за семејно насилство во централноазиската земја, каде што некои жени - како Арузат - завршуваат со плаќање на крајната цена.
Но, киргистанскиот парламент конечно презема решителен чекор да ги спречи семејствата да вршат притисок врз жртвите на семејно насилство и да се помират со нивните сопруги насилници.
Во невиден потег, парламентот усвои нацрт-закон со кој се забранува такво помирување ако една од страните во бракот го подложи својот сопружник на физичко или ментално злоставување. Предлог-законот исто така предвидува построги казни за семејно насилство.
Иницирани од пратеникот Ишак Пирматов, измените и дополнувањата на законот за семејно насилство беа одобрени од парламентот на второ читање на 20 јануари.
Семејното насилство отсекогаш била жешка тема во Киргистан, каде што полицијата бележи илјадници случаи секоја година. Илјадници други инциденти на злоупотреба не се пријавени.
Во 2020 година, киргистанската полиција забележала 9.025 случаи на семејно насилство, што претставува раст од 65 проценти во споредба со претходните години.
Претседателски избори во Киргистан
Но, само околу 940 случаи биле испратени до судовите, велат властите. Во сите други случаи, жртвите - мнозинството жени - ги повлекоа своите жалби, велејќи им на полицијата дека се предомислиле.
„Криминалот не треба да остане неказнет“
„Постојат многу случаи во кои жртвата се одлучува на помирување под притисок на семејството. Како резултат, случајот не оди на суд, додека жртвата сè уште останува незаштитена “, рече пратеничката Наталија Никитенко за време на дебатата во парламентот.
„Сега, нацрт-законот воведува нови стандарди кои забрануваат помирување на страните ако стават на штета една од страните или во случаи во кои една од страните веќе била подложена на насилство“, вели Никитенко.
Сегашниот закон предвидува дека ако жртвата повлече жалба, полицијата може да се откаже од случајот. Според новиот предлог-закон, од полицијата се бара да започне истрага за сомневање за семејно насилство, дури и ако наводната жртва ја врати својата првична жалба.
Според Никитенко, „повеќе нема да може да се крие злосторството во име на помирувањето“.
Некои пратеници зборуваа против нацрт-законот, тврдејќи дека бракот е сложено и деликатно прашање и дека најдобрата опција за сите страни е да се спаси брачната заедницаа.
Путин: Белорусија и Киргистан се под странски притисок
„Сè може да се случи во едно семејство“, рече пратеникот Камчибек Жолдозбаев, кој се залага за помирување по секоја цена, додавајќи: „Можеби треба да бараме други решенија? На пример, треба да се консултираат родителите на парот или да се вклучи претставник на локалните совети “.
Но, парламентарецот Пирматов инсистираше на тоа дека жртвите не можат да бидат заштитени ако сторителите знаат дека можат да се извлечат од злосторство под изговор на помирувањето.
„Криминалното однесување ќе продолжи ако нема казна“, рече Пирматов. Предлог-законот мора да помине трето читање и да биде потпишан од претседателот Садир Јапаров за да стане закон.
Помагањето на жртвите не е секогаш лесно
Само неколку дена по смртта на Аруузат во Каракол, животот на друга жена беше прекинат од семејно насилство во блиската област Тјуп.
Регионалната полиција во Исик-Кул потврди дека 40-годишната домаќинка Гулмаирам Такташева е задавена до смрт од нејзиниот сопруг дома во селото Долон на 9 јануари.
„Нејзиниот сопруг Аибек многу пиеше во последно време“, изјави сестрата на Такташева за РСЕ, додавајќи: „Кога Гулмаирам се пресели во домот на нашите родители, Аибек ја молеше да се врати. Тие се помирија, но набргу потоа тој ја уби “.
Потоа, сопругот на Такташева изврши самоубиство, оставајќи ги четирите деца на двојката без родители.
На 12 јануари, друга жена во Каракол се самоуби по обвинувањата за домашна злоупотреба. 29-годишната мајка на три деца работела во локална телевизиска станица.
Полицијата соопшти дека не е во можност да отвори кривична истрага, бидејќи немало сведоци, нема извештаи за злосторство и нема поплаки.
Застапниците на женските права во Киргистан го поздравија последното законодавство, но тие велат дека е потребно повеќе за да се заштитат жртвите на семејно насилство.
Тие ја повикуваат владата да формира специјални кризни центри каде жртвите на злоупотреба ќе можат да побараат помош во советување и рехабилитација за да се опорават од злоупотребата и да ги обноват своите животи.
Некои од жртвите имаат очајна потреба од засолниште и вработување. Постојат само 17 кризни центри за жени во земја со околу 6,5 милиони жители.
Киргистан - време за вистински промени?
Во реалноста, помагањето на жртвите не е секогаш едноставно како што може да изгледа, вели Марина Личаниу, координатор на Центарот за рехабилитација и поддршка на Каракол, која има долгогодишно искуство во работа со жртви на семејно насилство.
„Околу 80 проценти од жените што се обратија во нашиот центар за помош немаат соодветно образование“, изјави Личаниу за РСЕ.
„Повеќето од нив беа во брак млади или завршија во брак преку традицијата на киднапирање невеста“. „Тешко е да им се најде работа и да се создадат поволни услови во кои тие можат самостојно да се издржуваат и да ги воспитуваат своите деца. Тие не добиваат никаква поддршка од своите роднини, а исто така се плашат од срамота во општеството. Затоа, повеќето од нив се враќаат кај своите насилни сопрузи на крајот “, додаде таа.
Исто така, имало неколку десетици случаи на мажи кои пријавиле злоупотреба и суров третман од страна на нивните жени.
Киргистанските власти соопштија дека се посветени на помагањето на жртвите. Оваа недела, владата отвори бесплатна телефонска линија за жртвите на домашна злоупотреба да пријават кривично дело и да побараат помош.