Украина го отфрли барањето на Русија да го предаде опколениот град Мариупол и да се подигнат бели знамиња на 21 март, велејќи дека „не станува збор за никакво предавање“.
Смртоносните улични борби беснееја во Мариупол, стратешки јужен пристанишен град, каде што е закажана голема евакуација за 21 март, додека руските сили нападнаа трговски центар во Киев, при што загинаа неколку луѓе.
Жителите на Мариупол, кој имаше 400.000 жители пред избувнувањето на војната, во последните две недели беа заробени без основни потреби, како што се вода, храна и гориво. Русија се обидува да ја преземе контролата врз градот, што ќе ѝ овозможи да го поврзе Крим, кој го зазеде во 2014 година, со територијата контролирана од сепаратистите поддржани од Кремљ во источна Украина.
Видете и ова: Украинци повторно на протести против руските војнициРуската војска и даде рок на Украина до 5 часот наутро по московско време на 21 март да го предаде Мариупол, ветувајќи дека за возврат ќе понуди два хуманитарни коридора, едниот ќе оди на исток кон Русија, а другиот на запад кон другите делови на Украина, за цивилите да го напуштат градот. Руската војска не соопшти што би направила доколку понудата биде одбиена.
Украинскиот вицепремиер Ирина Верешчук рано на 21 март изјави дека „не може да стане збор за какво било предавање и полагање оружје“. „За ова веќе ја информиравме руската страна“, рече Верешчук.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Русија го бомбардираше опкружениот јужен град на Азовското Море, погодувајќи уметничко училиште во кое беа засолнети околу 400 луѓе на 20 март. Локалните власти на 20 март на нивниот канал Телеграм рекоа дека зградата на училиштето е уништена и оти би можело да има луѓе би под урнатините. Засега нема информации за жртви.
„Да се направи ова на мирен град, она што го направија окупаторите, е терор што ќе се памети со векови што доаѓаат“, рече Зеленски во видео-обраќање до нацијата рано на 20 март.
Нападот на уметничкото училиште уследи откако руските воздушни напади на 16 март срамнија со земја театар во Мариупол каде што се засолнуваа цивили. Градските власти соопштија дека 130 луѓе биле спасени, но многу повеќе би можеле да останат под урнатините. Спасувачките екипи сè уште трагаат по преживеани.
Во Киев воеден нов полициски час
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави нов 35-часовен полициски час во главниот град на Украина, кој треба да започне денеска.
Градоначалникот на Киев на социјалната мрежа Телеграм напиша дека полицискиот час ќе започне во 20 часот на 21 март и трае до 7 часот наутро на 23 март.
Кличко рече дека продавниците, аптеките и бензинските пумпи нема да работат на 22 март. Делови од градот се под постојан оган од руските сили.
„Ги замолувам сите да останат дома или во засолништа кога ќе се огласи алармот“, рече Кличко.
Кличко го објави првиот 35-часовен полициски час на 15 март.
Нема голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ.
Потребен е значителен напредок во разговорите меѓу двете страни за да се овозможи средба меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски, им изјави денеска на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари, но украинските сили пружија силен отпор, а Западот воведе огромни санкции кон Русија во обид да ја принуди да ги повлече своите сили.
Зеленски го обнови својот повик за преговори со Путин во интервју за Си-Ен -Ен на 20 март.
„Подготвен сум за преговори со него. Мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна“, рече Зеленски.
Борел - Русија ворши воени злосторства
Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел денеска изјави дека Русија извршила многу воени злосторства.
„Тоа што се случува во Мариупол е огромно воено злосторсво. Русија бомбардира и убива на неслективенначин. Ова е нешто страшно“, порача Борел пред почетокот на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.
Тој најави дека на состанокот ќе се зборува за нови санкции против Русија.
„Ова не е војна, ова е масовно уништување на земјата без никакво почитување на законите за војување, бидејќи и во војна има закони. Меѓународниот суд веќе ја осуди оваа инвазија. Морално тие ја изгубија секоја основа, бидејќи тоа што го прават е надвор од сите закони со кои се регулира војна“, порача Борел.
Русија ја нападна Укрина на 24 февруари.