Каракачанов ја погоди болната тема - Гоце Делчев

Красимир Каракачанов

Читателите бараат одговорност за тоа кој и зошто му дозволил на бугарскиот министер Каракачанов да промовира книга за Гоце Делчев во Битола. Постовите за оваа тема се главно негативни. Има коментари и за неделното интервју со италијанскиот амбасадор и за партиските реакции за пензиите.

На коментарите постирани од вас, на нашата ФБ страница, неделава води вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов. Ама – по негативни реакции на нашите посетители во врска со болната тема – македонскиот револуционер, Гоце Делчев. Во Битола, Каракачанов промовираше своја книга за Тодор Александров, исто така Македонец од почетокот на 20 век, но кој, според историските документи, сакал Македонија да биде една држава со Бугарија. Каракачанов изјави дека Делчев самиот напишал што е и кој е, и оти нема смисла да се спори за таа тема.

Постовите се главно негативни и недолични, па одвојуваме само два попристојни. Соња Илиевска реагира зошто било дозволено Каракачанов да ја промовира книгата во Битола и дека „Треба да се земе на одговорност тој што дозволил промоција кај нас, зашто целта е провокација“. Трајче Костов ја објавува познатата фотографија од еден бугарски весник на испраќањето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје под која пишува дека „Делчев отсега ќе почива во главниот град на земјата за која се бореше и го даде својот живот“. АбдулАлим Чупевски постирал: „Овде е сè јасно кој е Гоце Делчев – дека не е Бугарин, тој е Македонец, за Македонија се борел и во македонска земја почива“.

Неделното интервју на РСЕ е со италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео, кој покрај другото вели дека државава е подготвена за преговори и на следниот самит „треба да ја исправиме историската грешка“. Ацо Спасов смета дека „...и Бугарија е во ЕУ, па народот плаче за корка леб... ако е толку убаво во таа ваша ЕУ кажи ни...“ Но, Реџеп Џемаили го потсетува Спасов: „Знаеш ли дека 100 илјади македонски државјани живеат во Италија...“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ромео - Законот за Јавно обвинителство не е услов за датум, но е добар сигнал

„ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за лажно покачување на пензиите, откако Царовска изјави дека јануарските пензии се повисоки за 722 денари“, и - посетителите на нашата ФБ страница реагираат секој на свој начин. Бошко Младенов постирал: „Заќутете и вие, не собирајте поени на голготата на пензионерите...“ Орце Цветковски прашува „Има ли пилот во авионот ’дрпмне‘?“, а Славчо Кинг со многу остри пораки: „Зголемена на стаклени нозе! Со кредит ама до кога? Се надевам уште кратко, па после да секнат кредитите и сите да пиштите! И администрација со плати и пензионери со пензии!“ Постот на Бардур Мимидиновски гласи: „Пензионерите ги зедоа парите и ќе продолжат да ги земаат, дали е лажно или не, тие си знаат. А вие како злосторничко дувло по 12 април се знае, право Шутка или во багажник за Будим“.