Како украинските пожарникари се бореа со пожарот околу Чернобил
Пожарите гореа недалеку од нуклеарната централа. Вршителот на должноста директор на државната инспекција за екологија на Украина Ехор Фирсов на 14 април изјави дека пожарникарите успеале конечно да го изгаснат пожарот.
Пожар пред селото Рахивка на 5 април
Украински пожарникари во близина на селото Рахивка на 10 април
Шумскиот пожар околу нуклеарната централа Чернобил на 12 април. Украинската полиција соопшти дека уапсила две лица осомничени за подметнување на пожарот.
Оваа слика направена на 12 април ги покажува последиците од шумскиот пожар недалеку од нуклеарната централа во Чернобил.
Чад од шумскиот пожар во близина на Чернобил на 10 април. Гринпис Русија предупреди дека пожарите биле многу поголеми отколку што признале властите во Киев и дека тие претставуваат ризик од зрачење.
Чадот и пламенот и дадоа на шумата морничав портокалов сјај. Официјални лица соопштија дека зрачењето во регионот и во главниот град, Киев, било на „дозволено“ ниво.
Украински пожарникари во близина на селото Рахивка. Беа ангажирани повеќе од 400 пожарникари.
Чад од големиот пожар
Поглед од покривот на нуклеарната централа во Чернобил на 10 април. Гринпис Русија соопшти дека пожарот е на само еден километар од фабриката.
Сателитска слика на НАСА ја покажува областа на пожарот во близина на Чернобил. Саркофагот на централата во Чернобил е сребрениот правоаголен предмет од лево на картата. Црвените и портокаловите места ја означуваат локацијата на пожарите на 13 април.
Гајгеров бројач кој покажува зголемување на нивото на зрачење кај селото Володимиривка во близина на Чернобил на 5 април.
Во операциите за гаснење беа вклучени 100 противпожарни возила.
Куќа гори во селото Стара Марвивка која беше населена со сквотери. Многу напуштени села изгореа во областа.
Три авиони и три хеликоптери беа користени за гаснење на пожарите.
Тешката машинерија беше ангажирана со цел да се запре ширењето на пожарот.
Оваа слика од 12 април го покажува шумскиот пожар во близина на Чернобил.
Изгорени дрвја од шумскиот пожар пред населбата Полиске на 12 април. Високиот функционер од службата за итни случаи Володимир Демчук оцени дека пожарот не претставувал закана за нуклеарната централа.