Рускиот државен медиум РТ ДЕ од 16 декември на својата веб-страница емитува програма за германскиот пазар и тоа со дозволата за емитување добиена во Србија. Медиумите на тој начин успеаја да ги избегнат забраните и најавија дека програмата ќе може да се следи преку сателит.
Дозволата за емитување на програмата од Србија ја издаде Српското регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ) на 6 декември.
Раде Вељановски, професор на Факултетот за политички науки во Белград, кој учествуваше во изработката на одредени закони за медиумите, за РСЕ оцени дека РЕМ направил ризичен потег од очигледни политички причини.
Србија го обновува купувањето оружје од Русија
Тој објаснува дека РЕМ може да издава лиценца само на оние кои ќе емитуваат програма на територијата на Србија.
„Бидејќи се работи за сателитски прием кој тешко може да се запре на граница, очигледно станува збор за договор кој е штетен за Србија, а може да биде уште поштетен доколку некои европски институции одлучат да преземат одредени мерки“, вели Вељановски.
Политичкиот контекст на влезот на РТ во Германија
Авторите на промотивното видео го истакнуваат појавувањето на програмата на рускиот државен канал за публиката во Германија и во политички контекст.
Користејќи длабока фејк технологија, која овозможува создавање на гласови на одредени луѓе како што сака авторот, видеото ги прикажува наводните пораки на американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон дека не треба да се дозволи присуство на руските медиуми во Германија.
Видете и ова: Берлин утврдува како руска државна телевизија преку Србија емитува во ГерманијаПритоа водителот им одговора на гледачите дека е доцна и дека ги гледаат вестите на РТ ДЕ. На крајот од оваа пародија се појавува поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која во компјутерската обработка вели дека „ова е многу интересно“.
РТ е критикувана на Запад како пропаганден инструмент на Кремљ, што овој медиум го негира. Russia Today, основана во 2005 година, е руска верзија на глобалните медиуми како што се Си-Ен-Ен (CNN), Би-Би-Си (BBC), Јуроњуз (Euronews).
Според медиумите, каналот на RT на YouTube RT auf Sendung (РТ во живо) бил отстранет на 17 декември поради прекршување на правилата на таа платформа за споделување видео содржини.
Државниот руски канал РТ веќе се обидел да обезбеди пренос за германската публика. Според Дојче веле (DW), РТ ДЕ имала намера да емитува од Луксембург преку сателит, но регулаторното тело на Луксембург одбило да издаде лиценца, тврдејќи дека техничките барања не се исполнети.
Професор Раде Вељановски за РСЕ објаснува дека Србија нема право да издава дозвола некому да ја емитува нејзината програма во трета земја.
„Ако во Србија не се емитува руска телевизија на германски јазик, тогаш РЕМ не требаше да издава никаква лиценца. Нема сомнеж дека ова е манипулативно, односно заобиколување да се појавуваат каде што сакаат и каде што имаат интереси и да се заобиколат одредени прописи“, смета Вељановски.
Случај кој го привлече вниманието на светските медиуми
По долга расправија за дозволата за емитување, рускиот државен медиум РТ отвори канал на германски јазик, пред сѐ на интернет, јави германската агенција ДПА.
Ројтерс пренесува дека германските власти објавиле дека РТ ДЕ нема соодветна дозвола.
Дојче веле објави дека германскиот огранок на РТ се надева дека ќе ги заобиколи германските регулатори со лиценца од Србија, чија влада ги фаворизира руските интереси.
Вучиќ – Цената на рускиот гас за Србија ќе остане непроменета и во наредните шест месеци
Според ДВ, критичарите велат дека регистрацијата во Србија е обид да се заобиколат неповолните закони на ЕУ. ДВ наведува и дека германските безбедносни служби го класифицирале германскиот сервис РТ како пропаганден огранок на руската држава.
Што велат РТ и германскиот регулатор?
РТ не прецизираше за РСЕ зошто матичната компанија ТВ Новости побарала дозвола за емитување во Србија. „Тоа е оптимално решение, во согласност со сите важечки законски и регулаторни барања во рамките на Европската конвенција за прекугранична телевизија, според која РТ ДЕ може да има пристап до публиката низ цела Европа“, се вели во одговорот.
Во одговорот на Ана Белкина, заменик-главен уредник на рускиот државен медиум РТ, се наведува дека РТ ДЕ добила дозвола за емитување од студија во Москва преку сателитска врска во Србија до публика од германско говорно подрачје во неколку европски земји.
Видете и ова: Еурактив: Вучиќ ги покри критиките од ЕУ во медиумите со сторија за инфраструктуратаРТ ДЕ во Германија не поднела барање за издавање дозвола, изјавија за РСЕ на 17 декември од германската државна институција задолжена за медиумите. Таа побара објаснување од радиодифузерот на руската државна програма и причината зошто по добивањето лиценца во Србија ја емитува програмата за германскиот пазар.
Како што се наведува во одговорот за РСЕ, програмата на РТ ДЕ наменета за германската јавност е емитувана „преку различни канали за дистрибуција“ на 16 декември, десет дена по добивањето лиценца во Србија.
Во одговорот на германското медиумско тело се наведува и дека на веб-страницата на РТ стои дека добиле дозвола за кабелско и сателитско пренесување во Србија.
„Според прелиминарната проценка, ова не е доволна правна основа за дистрибуција на програмата во Германија“, се вели во одговорот. Регулативите во Германија не дозволуваат емитување на странски државни ТВ канали, вклучително и на РТ како медиум финансиран од Кремљ.
Што вели регулаторот во Србија?
Оливера Зекиќ, претседател на Советот на РЕМ, телото кое издава лиценци на електронските радиодифузери во Србија, на 17 декември изјави за Фонет дека лиценцата е „технички неутрална“, што би значело дека со нејзиното издавање медиумската куќа стекнува право да обезбедува медиумска услуга преку кабелски, сателитски и IPTV електронски комуникациски мрежи.
Новинарството блокирано во над 130 земји
Зекиќ тврди дека лиценцата е издадена „врз основа на законот и Европската конвенција за прекугранична телевизија“.
Сепак, Јудита Поповиќ, член на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми, за РСЕ изјави дека смета оти оваа одлука ги прекршува домашните регулативи. Како што објасни таа, РЕМ не даде правно објаснување за да потврди дека одлуката е законска.
Видете и ова: Не сме подготвени некој да нè лаже 24/7„Но, тоа е последица на односот кон давателот на медиумски услуги од странство, бидејќи Србија донесе одлука дека давателите на медиумски услуги не можат да добијат лиценца доколку основач не е Република Србија. Тоа значи дека нема државни телевизии кои можат да ги емитуваат нивните програми, а сега прифаќаме една медиумска куќа која е во сопственост на руската држава и ѝ даваме лиценца“, вели Поповиќ.
Дека одредбите од Европската конвенција за прекугранична телевизија се неприменливи за овој случај, смета и Јудита Поповиќ, која вели дека е единствената во РЕМ која не гласала за дозвола на руските медиуми.
„Имаме давател на медиумски услуги овде во сопственост на странска држава, која ја нема ни ратификувано Европската конвенција, а всушност Србија е сведена до степен да пренесува сигнали до европскиот сателит“, рече Поповиќ.
Во 2010 година Србија ја ратификуваше Европската конвенција за прекугранична телевизија, која им дозволува на медиумите кои имаат дозвола за емитување во Србија да емитуваат преку сателит во други земји кои ја ратификувале, а тоа е голем број земји од Европската унија.
И професор Вељановски смета дека во овој случај не може да се повикува на Европската конвенција за прекугранична телевизија која се заснова врз слободата за примање и пренесување сигнали од која било земја во Европската унија.
„Ако Русија не е потписничка на Конвенцијата, тогаш таа не може да ја користи оваа Конвенција за да го пренесе својот сигнал до територијата на земја на ЕУ, во овој случај Германија. Затоа што ако може, би го направила тоа директно, нема да помине низ Србија“, вели Велјановски.
Јурова- ЕУ бара начин за санкции за создавачите на дезинформации и лажни вести
Србија сè уште целосно не ја усогласила својата надворешна политика со ЕУ, одбивајќи да се приклучи на санкциите што Брисел и ги воведе на Москва поради анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.
Билатералните односи меѓу двете земји се одржуваат преку редовни средби на највисоко ниво. Последната меѓу претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, се случи пред еден месец, на 25 ноември 2021 година. Во официјалните соопштенија од средбата не се споменува дека се зборувало за давање дозвола на руски медиуми.