Светот ужасно гледаше како терористичките напади на 11 септември 2001 година убија речиси 3.000 луѓе кога киднаперите урнаа патнички авиони во кулите близначки во Њујорк, Пентагон и во едно поле во Пенсилванија.
Сеќавање на денот кој го шокираше светот
Тоа беше најсмртоносниот напад во историјата на американско тло и смени многу - од безбедноста на аеродромите и ширењето вести до заканата од тероризам и ситуацијата во Авганистан.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Деветнаесет милитанти поврзани со терористичката група Ал-Каеда киднапираа четири авиони кои беа користени во нападите на 11 септември.
Основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, во тоа време беше во Авганистан, под заштита на Талибанците, исламисти кои беа на власт од 1996 година.
Видете и ова: Каква е улогата на САД во светот по 11/9?Кога одбија да го предадат, САД извршија инвазија, брзо отстранувајќи ги Талибанците од власт со ветување дека ќе ја поддржат демократијата и ќе ја елиминираат терористичката закана.
Речиси 20 години подоцна, на 30 август 2021 година, САД го завршија повлекувањето на војниците. И неколку дена откако претседателот Џо Бајден изјави дека „заврши војната во Авганистан“, Талибанците повторно ја контролираа земјата.
Од почетокот на војната против Талибанците во 2001 година, има повеќе од 3.500 загинати меѓу персоналот на коалицијата предводена од САД во Авганистан, вклучувајќи повеќе од 2.300 американски војници. Уште 20.660 американски воени лица беа ранети во акција.
Овие бројки се бледи во споредба со загубите на животи меѓу авганистанските цивили и безбедносните сили. Во 2019 година, сега соборениот претседател Ашраф Гани, изјави дека повеќе од 45.000 припадници на авганистанските безбедносни сили биле убиени за околу пет години.
Истражувањата на Универзитетот Браун, исто така во 2019 година, проценуваат дека загубата на животи меѓу авганистанската војска и полиција е повеќе од 64.100 од октомври 2001 година, кога започна конфликтот.
Нов рекорд во светските воени трошоци во 2020 година, и покрај кризата заради пандемијата
Што се однесува до финансиските трошоци, не е јасно колку пари САД потрошиле за Авганистан и војната. Бајден неодамна објави дека станува збор за околу 2 трилиони долари.
Таа сума најверојатно се базира врз поновата студија на Универзитетот Браун, која вклучува камата за долговите што се користат за финансирање на војната и трошоци како што е грижата за ветерани.
Терористичка закана
Ал Каеда сега е многу послаба отколку во 2001 година, а екстремистичката група Исламска држава (ИД) е многу послаба отколку што беше кога ги зазеде подрачјата во Сирија и Ирак во 2014 година.
САД не беа погодени од уште еден катастрофален напад како оној на 11 септември 2001 година.
Податоците од тинк-тенк групата „Њу Америка“ укажуваат на тоа дека 107 Американци загинале во џихадистички напади на територијата на САД од 11 септември, а речиси половина беа убиени во ноќниот клуб Пулс во Орландо, Флорида, во 2016 година од Омар Матин, кој прогласи верност кон Исламската држава.
Видете и ова: Почна судењето на групата обвинета за нападите во ПаризВо Европа, бројките се поголеми. Во 2015 година, бомбаши-самоубијци и стрелци на Исламската држава убија 130 луѓе во координирани напади во Париз. Европа, каде што законите за оружје се построги отколку во Соединетите држави, исто така беше сведок на многу повеќе убоди со нож.
Но, од 2016 година, бројот на вакви напади се намали и во Европа и во САД, напиша Даниел Бајман во написот во Форин Афеарс, истакнувајќи дека овие намалувања се совпаѓаат со слабеењето на Исламската држава.
Меѓутоа, на други места, вклучително и во Африка, Блискиот Исток и Јужна Азија, „џихадистичките групи се далеку поактивни отколку што беа пред 11 септември“, напиша Бајман.
„Ал Каеда е присутна во Авганистан, Алжир, Бангладеш, Египет, Индија, Иран, Либија, Мали, Пакистан, Саудиска Арабија, Сомалија, Сирија, Тунис, Турција и Јемен. ИД е присутна во повеќето од тие земји, плус Камерун, Чад, Ирак, Мозамбик, Нигерија и Русија. Многу од овие земји страдаат од граѓански војни во кои џихадистичките групи се меѓу активните учесници. Стотици илјади загинаа во овие конфликти“, напиша тој.
Американски ставови
Дваесет години по 11 септември, бројот на Американци кои гледаат на тероризмот како главен национален проблем нагло опадна, покажа анкетата на истражувачкиот центар Пју. Според неа, сега поважни грижи за Американците се економијата, пандемијата на ковид-19 и расизмот.
Исто така се вели дека претходно оваа година - пред повлекувањето на САД и преземањето на Авганистан од страна на Талибанците - нешто поголем дел од возрасните рекле дека домашниот тероризам е многу поголем национален проблем (35 проценти) отколку меѓународниот тероризам.
Видете и ова: По 20 години крај на војната во АвганистанНо, многу повеќе ја наведоа загриженоста за достапноста на здравствена заштита (56 проценти) и за федералниот буџетски дефицит (49 проценти) како главни проблеми отколку што беше кажано за домашниот или меѓународниот тероризам.
Во анкета на USA Today, анкетираните велат дека ковид-19 е поопасен предизвик за земјата отколку терористичките напади во 2001 година. Но, со поголема разлика од кога било, 60 проценти, тие рекоа дека 11 септември засекогаш ги промени животите на Американците.
Потрага по правда
Иако поминаа повеќе од 10 години откако Осама бин Ладен, основачот на Ал Каеда, беше убиен од страна на американските специјалци во Аботабад, Пакистан, никој не е осуден за помагање во извршување на нападот, а само Закаријас Мусауи се изјасни за виновен и беше осуден на доживотен затвор.
Судскиот процес против наводниот организатор на терористичките напади на 11 септември, Калид Шеик Мохамед, ќе продолжи повторно по серијата одложувања, вклучително и поради пандемијата.
Одделот за правда на САД објави дека ФБИ неодамна затвори дел од истрагата за нападите и разгледува некои документи, за да утврди дали тие сега можат да бидат обелоденети.
Видете и ова: По Авганистан, Бајден пред тешки домашни биткиНа 3 септември, Бајден потпиша извршна наредба со која се декласифицираат одредени документи поврзани со 11 септември и тие ќе бидат објавени во наредните шест месеци. Тоа доаѓа во услови на притисок од семејствата на жртвите кои бараат да знаат дали Саудиска Арабија им помогнала на киднаперите.
Дени Гонзалес, поранешен агент на ФБИ, кој работел на операцијата, изјави за Си-Би-Ес дека е убеден оти двајца од киднаперите имале американска поддршка.
„19 киднапери не можат сами да извршат 3.000 убиства“, рече Гонзалес во своето прво телевизиско интервју за истрагата. Семејствата на жртвите од нападот на 11 септември ја тужат Саудиска Арабија.
Саудијците негираат официјална вмешаност, а извештајот на Комисијата за 11 септември не најде никаква врска. Петнаесет од 19 киднапери беа Саудијци, како и Бин Ладен.
Начинот на кој добиваме вести
На 11 септември 2001 година, откако првиот авион го погоди Светскиот трговски центар, луѓето главно беа залепени за своите телевизори - или слушаа радио - за да ги добијат најновите вести за нападите. Денес, тие два медиума се оттурнати од други средства и платформи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вестите сега брзо се шират преку веб-страници, платформи за социјални медиуми, пораки преку мобилни телефони.
Нови руски тролови пред бриселските порти
„Тогаш, платформите за социјални медиуми не беа широко прифатени, а кој дури знаеше што е тоа твит во време кога повеќето луѓе сѐ уште се потпираа врз своите домашни телефонски услуги“, напишаа Дарел Вест и Никол Тарнер Ли од Институтот Брукингс во Вашингтон, додавајќи:
„Но, безбројните платформи ја отвораат вратата за дезинформации. Замислете само на злобата што може да се создаде за напад како оној на 11 септември за време на социјалните медиуми. Веднаш, ќе се шпекулираше за тоа што се случило и кој е одговорен“.
Безбедност на аеродромите
Вадењето ремени, собување чевли и преглед на паричници и џебови станаа дел од новата безбедносна норма по 11 септември. Нештата што јасно може да се користат како оружје беа забранети. Воведени се и ограничувања за течности, бидејќи некои може да се користат за изработка на бомба.
Новите регулативи доведоа до построго аеродромското обезбедување и ги натера патниците да пристигнуваат порано.
Судејќи според бројот на киднапирања авиони од 11 септември, и внатре и надвор од САД, засилените глобални безбедносни мерки на аеродромите можеби успеаја во најголем дел.
Но, со некои исклучоци. Во 2015 година, руски авион се урна кратко време по полетувањето од Шарм Ел Шеик во Египет. Американски и британски официјални лица се сомневаат дека бил срушен со бомба. Сепак, тоа беше исклучок отколку правило.