Госпоѓо Ивановска, една од најактуелните случаи деновиве е поврзан со поранешниот генерелен секретар Драги Рашковски. Дали некоја од инститициите од кои баравте документи и информции се одважи брзо да ви одговори на вашето барање?
До сега немаме одговори. Ние ги испративме нашите барања на крајот на минатата и почетокот на оваа недела, имаат законски рок од 15 дена, претпоставувам дека ќе почитуваат тој рок, дека нема да го надминат. Меѓутоа, некакви брзи одговори не сме добиле.
За Рашковски антикорупциската комисија досега отвори најмалку три предмети, покрај последниот за софтверот што МВР не го користи, претходно отворивте еден за исплата на државни пари на невладини организации во време на предизборна кампања по пријава на опозицијата и еден за набавката за радарските системи од италијанската фирма Леонардо. Што се случи со тие предмети?
Првиот предмет што го спомнавте за исплата на граѓанските здруженија, тоа не е предмет отворен за Рашковски, туку за тоа беше пријава од оранизатор на политичка кампања односно од ВМРО-ДПМНЕ дека се исплатени буџетски средства во време на изборна кампања што е спротивно на изборниот законик. И ние таа пријава ја прифативме, донесовме одлука за прифаќање. Затоа што исплатата беше направена на први јули, а претходно беше склучен договор на половина на месец јуни. Рокот за исплатата беше 30 дена, што не укажуваше на никаква итност дека мора на први јули да се исплатат средствата, а второ не стануваше збор за некакви редовни субвенции или одливи од буџет што се прават во тек на изборна кампања, Значи и тој ризик го тргнавме на страна. Постоеше сомнеж дека се врши на некој начин поткуп на гласачите, и затоа ние го прифативме овој приговор. Меѓутоа истиот беше отфрлен од Управниот суд, затоа што Генералниот секретаријат си поднесе тужба според законот, до Управниот суд. Управниот суд на отворена седница, и ние бевме присутни, не ги прифати нашите аргументи, и ја отфрли нашата одлука.
А во однос на Леонардо ?
Видете и ова: Не е само софтверот за МВР, Владата ѝ исплатила на „Инвока“ околу 400 илјади евраДа, отворивме предмет за тоа. Меѓутоа знате тој е малку покомплексен предмет. Ние го отворивме и од аспект на јавната набавка, на целата постапка за избор на „Леонардо“ како оператор од кој што требаше да се набави таа опрема, и тој е малку пообемен процес, и тој процес е завршен. Е сега вториот дел е кога Рашковски се вклучува и зошто се вклучува и зошто се одолговлекува времето на склучување на договорот, иако се склучува ист договор како и претходно што се сакало да се склучи, ни остануваат уште ситни детали, околу пет до десет проценти за целосна обработка на предметот, меѓутоа и тоа брзо ќе се заврши и ќе ги објавиме резултатите од тој предмет.
Какви се сомнежите за овој предмет?
Договорот останал ист, дали имало желба да се промени нешто не знам, на писмено врз основа на документи тоа не сме го виделе, освен што времето за повлекување на траншите е надминато а за надминување на времето, за ненавремено плаќање на траншите се плаќаат високи камати од страна на државата.
Антикорупциска отворила предмети за Рашковски, Матка и Охрид
Иако во изминатава година отворени неколку поголеми коруптивни предмети како овие за кои досега зборувавме, јавноста за нив не виде обвинение . Зошто? Какви одговори добивате од Обвинителството за вашите предмети и пријави ?
Добиваме одговори за отфрлање на нашите иницијативи за основано сомнение за кривична одговорност. Имаме уште една иницијатива ни стои таму, таа се однесува на јавните набавки во ДИК за печатење на изборниот материјал, таа се уште не ни ја вратиле. Еве на пример за што ни вратиле. Ни вратиле за градоначалникот на Прилеп, за злоупотреба на позицијата со вработување на блиско лице, јавното обвинителство утврди дека тоа треба да се отфрли. Потоа ни ја отфрлија иницијативата за ректорот со образложение дека врз основа на вербални докази, и претходните ректори така правеле, и они не утврдуваат одговорност иако очигледно е кршењето на законот за високо образование.
Видете и ова: Антикорупциска: Обвинителство ни ги отфрла пријавите за сомнежи за корупцијаНи ја отфрлија и иницијативата за Матка со образложение дека наводно градоначалникот постапил по насоките на управниот инспекторат и дал одговор за неприфаќање на барањата за легализација. Добро ако е така, зошто платформите се уште стојат. Ние иницијативата ја поднесовме поради тоа што градоначалникот со своето неодговарање му овозможил на лицето обезбедување на материјална корист и се уште му овозможува. Меѓутоа тоа за обвинителството е пријава која треба да се отфрли. Така да, не знам што да кажам ние сме транспарентни нашите сомнежи ги соопштуваме на јавноста, јавноста нека суди на крајот.
Дали ќе имаат завршница отворените предмети на Антикорупциска?
Плацот спроти Холидеј ин каде што треба да никнат 60 катници и градинка под земја е на чекор од шанса за реализација по укинувањето на мораториумот во општината Центар. Дали постои ризик за висока корупција во оваа ситуација кога до неодамна Уставниот суд не ја објавуваше одлуката за укинувањето на мораториумот ?
Судот ја објави одлуката и во неа стои дека Општината нема надлежноста да донесува одлуки за неспроведување на одлуките. Според мене, тоа не држи води. Во Уставот стои дека темелниоте вредности на уставниот поредок меѓу другите се дека во Македонија слободно е се што со Устав и закон не е забрането. Во законот за локална самоуправа тоа не е забрането, да донесува одлуки за неспроведување. Мое мислење е дека има високи ризици за корупција во целиот процес. И во процесот на откупување на земјиштето, во неговото окрупнување, заради тоа што имаме одговор од државното правобранителство дека нема правни пречки да се продаде тој простор, а од друга страна, планот е под одлука за неспроведување таканаречен мораториум. Како може да се продава нешто кога се рекло, „чекајте да видиме што ќе правиме таму, дали ќе го штитиме јавниот интерес или ќе го продаваме на приватен газда“. Уште во самиот процес на продажба.
Понатаму таму се уште не беше завршен процесот на денационализација на тој процес. Од една страна семејството чека да се заврши процесот на денационализација, а од друга страна веќе му го продале земјиштето и го обештетуваат со некаква минимална цена. И тоа е сомнително.
Истото беше сомнително и кој го изготвуваше планот, кој го ревидираше, тоа беше истата компанија која го нацртала во 2012 година. Ако тогаш го нацртала како што не треба, која е довербата сега да и се даде, и плус по еден денар за метар квадратен го планираше тој простор. Дотолку повеќе што, ние го работевме тој предмет и укажавме на тие ризици од корупција, и комисијата која Општината ја формирала за да укаже каде и што треба да се менува, во планот имала свои забелешки, на планерската куќа, а планерската куќа воопшто не ги земала во предвид. Меѓутоа договорот со таа планерска куќа неодамна се раскина. Зошто навремено не се раскина?
Тој Детален урабнистички план не е усогласен со Генералниот урбанистички план. Законска обврска е ДУП да биде усогласен со ГУП. Ајде пак да се повикаме на Уставот, која е темелната вредност.
„Уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредување на животната средина, на природата и почитување на моралните норми во меѓународното право“. Ова ни е темелна вредност во Уставот. Дали ние со вакви планови ја почитуваме оваа темелна вредност во Уставот.
И на сето ова дали Уставниот суд треба да го почитува Уставот и овие темелни вредности што се напишани тука, и требаше да донесе таква одлука за поништување на мораториумот. Односно да каже дека Општината не била надлежна да носи одлуки за неспроведување. А тука во Уставот вели дека се што не е забрането со закон е дозволено. Сето ова остава простор за сомнежи.
Власта слабо реагира на барањата на Антикорупциска за смена на директори
Целото интервју со Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска може да го погледнете во видео снимката на почетокот на овој текст.