И да немаш најдобри услови за тренинг, мора да сакаш да успееш
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Велешанецот Ангел Петрушев во кајак влегол во прво одделение. Денес има 18 години, бројни медали и титула - државен јуниорски и сениорски првак на Македонија. Членот на кајакарскиот кану клуб Вардар од Велес, „скока“ и на меѓународните рангирања и сака да го подобри резултатот на секое следно натпреварување. Посакува да има подобри услови за овој спорт во Македонија, како и поголема поддршка од институциите, за и после него да дојдат нови дечки кои за поддршката ќе вратат со резултати.