Медиумите и воените експерти во неделата објавија дека шест транспортни авиони Y-20 слетале на цивилниот аеродром Никола Тесла рано во саботата, наводно, носејќи ракетни системи земја-воздух НQ22 за српската војска.
Кинеските товарни авиони со воени ознаки беа забележани во аеродромот во Белград, a Министерството за одбрана на Србија веднаш не одговори на барањата на АП за коментар.
Резолуција на ЕП - Русија има цел да го „разгори“ конфликтот во Западен Балкан
Испораката на оружје преку териториите на најмалку две земји на НАТО, Турција и Бугарија, експертите го сметаат како демонстрација на растечкиот глобален опсег на Кина.
Видете и ова: Кристофер Хил: Загрижен сум за многу прашања поврзани со Србија и Балканот„Летовите на авионите Y-20 предизвика голем број прашања, бидејќи тие летаа заедно, за разлика од низата летови со еден авион", напиша онлајн списанието Warzone, наведувајќи: „Присуството на Y-20 во Европа во кој број е исто така прилично нов развој на ситуацијата“.
Жао Лиџијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, во врска со најновата испорака на Србија изјави: „Ова е проект за соработка меѓу Кина и Србија во нашиот годишен план. Се надеваме дека релевантните медиуми нема да го толкуваат поинаку. Овој проект исто така не е насочен кон трети страни и нема никаква врска со моменталната ситуација“.
Српскиот воен аналитичар Александар Радиќ вели дека „Кина демонстрира сила“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата речиси ја потврди испораката на системот од среден дострел, договорена во 2019 година, објавувајќи дека во вторник или среда ќе ја претстави „најновата гордост“ на српската армија.
Тој претходно се пожали дека земјите на НАТО, кои повеќето се соседи на Србија, одбиваат да дозволат летови преку нивните територии за испорака на воени системи.
Иако Србија гласаше за резолуциите на ОН со кои се осудуваат крвавите руски напади во Украина, таа одби да се приклучи на меѓународните санкции против нејзините сојузници во Москва или пак, директно да ги критикува злосторствата извршени од страна на руските трупи, пишува АП.
Србија го обновува купувањето оружје од Русија
Уште во 2020 година, американските претставници го предупредија Белград поради купувањето на HQ-22 системи, чија извозна верзија е позната како FK-3.
Тие рекоа дека ако Србија навистина сака да влезе во Европската унија и другите западни сојузници, мора да ја усогласи нејзината воена опрема со западните стандарди.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во својот говор по изборната победа на претседателските избори, Вучиќ изјави дека Србија планира да одржува „пријателски и партнерски односи“ со Кина и Русија.
Тој рече дека Србија ќе се придржува до својот баланс помеѓу кандидатурата за членство во ЕУ и блиските врски со двете земји.
Ву: Европа треба двапати да размисли за соработката со Кина
Кинескиот ракетен систем се споредува со американскиот Патриот и руските ракетни системи земја-воздух S-300, иако има помал дострел од понапредни S-300.
Србија ќе биде првиот оператор на кинески проектили во Европа.
Земјата, која формално бара членство во ЕУ, веќе ги зајакна своите вооружени сили со руско и кинеско оружје, вклучувајќи и воени авиони, тенкови и друга опрема.
Видете и ова: Вучиќ и Џинпинг на средба во ПекингВо 2020 година беа испорачани беспилотните летала Chengdu pterodactyl-1, познати во Кина како Wing Loong.
Овие летала можат да гаѓаат цели со бомби и проектили и можат да се користат за извидувачки задачи.
Вучиќ во почетокот на годинава во касарната во Панчево ја пофали новата пратка оружје од Русија кога за првпат беше прикажан рускиот противоклопен ракетен систем „Корнет“, кој Србија го купи од Русија во 2021 година, две години откако највисоките српски функционери најавија дека ќе прекинат со купување воено оружје.
„Корнет“ од Русија пристигна во Србија на крајот на декември минатата година, додека купувањето беше договорено еден месец порано, на средбата на Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 25 ноември.
Воениот синдикат на Србија го поздрави опремувањето на армијата со ново вооружување, но оцени и дека хронично и недостасува персонал кој во овој момент не е доволен за сервисирање и одржување на постојното оружје што го поседува Србија.
На Запад постои страв дека оружјето на Србија од Русија и Кина може да ја охрабри балканската земја во нова војна, особено против нејзината поранешна провинција Косово, која прогласи независност во 2008 година.
Србија, Русија и Кина не го имаат признаено Косово, за разлика од САД и повеќето западни земји.