Зошто Бугарија ги разочара украинските бегалци?

„Во бугарскиот здравствен сектор нема недостиг од работни места“, Свитлана Дениченко не можеше да најде работа во својата професија.

Многу Украинци кои бегаат од војната побараа засолниште во Бугарија, каде што им беше понудено бесплатно сместување, често во туристички хотели. Но, критичарите велат дека поддршката на владата за бегалците била хаотична и несуштинска. Дамјана Велева и Видка Атанасова

Поголемиот дел од нејзиниот живот, Свитлана Дениченко работеше како медицинска сестра на одделот за анестезиологија. Секој ден го подготвувала анестетикот, а потоа ги следела пациентите за време на операциите и процедурите.

Таа, исто така спасуваше животи, понекогаш мораше да реанимира пациенти или да дава критична нега. Кога пристигнала во Бугарија, бегајќи од руската февруарска инвазија на Украина, набрзо добила впечаток дека нејзините вештини за нега не се посакувани.

Бугарскиот парламент гласаше за испраќање на голема воена помош во Украина

Така, наместо да ја продолжи избраната професија, таа ги прифатила единствените понуди за работа што можела да ги добие: како собарка, чистачка и помошничка на готвач. „Аплицирав за работа во сите болници во Варна, но никогаш не ме повикаа“, изјави Дениченко за бугарската служба на РСЕ, мислејќи на туристичкиот град на брегот на Црното Море во Бугарија каде што таа сега живее.

Случајот на Дениченко не е исклучок во Бугарија, земја со 6,5 милиони жители и најсиромашна во Европската унија. Волонтери и експерти кои работат со Украинците во Бугарија, изјавија за РСЕ дека многу бегалци со соодветно искуство не можат да најдат работа во здравствениот сектор, и покрај недостигот од лекари и медицински сестри.

Видете и ова: Украинските бегалци да ги напуштат бугарските хотели на Црното Море пред туристичката сезона

Наместо работни места, политичката дебата во Бугарија се фокусираше врз сместувањето на бегалците. На националната програма за сместување бегалци во туристички хотели често и се заканува прекинување, при што локалните власти им велат на бегалците да платат или да си одат дома.

На 31 октомври министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев објави дека државата ќе престане да плаќа за хотелите во кои се сместени украинските бегалци. Според неговиот предложен план, бегалците кои не можат сами да платат ќе бидат преместени во државно сместување.

И покрај најавата на Демерџиев, бугарскиот совет на министри, високото владино тело за одлучување, во ноември ја продолжи програмата за сместување во хотели до 24 февруари 2023 година, на една година од руската инвазија на Украина.

Како земја членка на Европската унија, Бугарија мора да се придржува до Директивата за привремена заштита, што значи дека бегалците имаат право на работа, засолниште, образование, финансиска поддршка и пристап до здравствена заштита три години.

Правата на ЕУ, сепак, не секогаш се претвораат во успешни исходи на терен. А проблемот во Бугарија е многу поголем од само сместување. Повеќе од девет месеци по руската инвазија на Украина, критичарите велат дека Бугарија нема стратегија за интеграција на бегалците во општеството, а последователните влади носат избрзани и хаотични одлуки.

Руската инвазија расели 14 милиони Украинци

Според Светската здравствена организација, повеќе од 500.000 украински бегалци ја преминале границата во Бугарија од почетокот на војната, иако според јулските бројки на УНХЦР и УНИЦЕФ, останаа само 87.000 бегалци.

Дениченко е од Чернихив, град на еден час возење северно од главниот град на Украина, Киев, кој со недели страдаше под руска опсада. Таа пристигна во Варна во мај, бидејќи има познаник во градот кој и понудил место за престој.

„Имам 26-годишен син, кој учествува во војната како волонтер“, рече Дениченко. „Ме натера да заминам за да бидам на безбедно место. Веќе шест месеци живее во Бугарија, вели таа, и нема што да се жали. Единствениот проблем, рече таа, е што не може да ја практикува својата професија. Цел живот сум во операциона сала“, изјави Дениченко. „Но, јас конкретно не барав да работам како медицинска сестра анестезиолог [тука], туку само барав работа како медицинска сестра или каков било медицински работник“.

Видете и ова: УНХЦР: Во Бугарија има околу 50 илјади украински бегалци

Откако работеше разни работи, Дениченко повторно се обиде да најде постојано вработување како медицинска сестра, но уште еднаш не успеа. Кога на крајот на октомври и било понудено работа во магацин во фармацевтска компанија, таа веднаш прифатила.

Има недостаток на работни места во здравствениот сектор во Бугарија. Многу лекари и медицински сестри, особено оние во раните фази на својата кариера, претпочитаат да работат во странство, барајќи подобри плати, повисок животен стандард и повеќе можности за развој на кариерата.

Според бугарскиот Национален статистички институт, во 2021 година имало 1.730 медицински сестри помалку во споредба со 2019 година, што е пад од 6 отсто. Во јуни, Радио Бугарија објави дека има сериозен недостиг на медицински лица низ Бугарија.

Според извештајот на Институтот отворено општество, само 5 отсто од бугарските лекари биле на возраст под 30 години, а до една третина биле на возраст за пензионирање. Тие инхерентни проблеми не беа ублажени со тековните политички турбуленции во земјата, за кои критичарите велат дека ги спречиле политичките лидери да воспостават кохерентна стратегија за украинските бегалци.

Од 2020 година, Бугарија е во политички ќорсокак, со протести предизвикани од гневот на јавноста поради државната корупција. Конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој беше премиер во поголемиот дел од 2010-тите, беа цел на гневот на јавноста.

Сепак, на 2 октомври Бугарите излегоа на гласање на четвртите национални избори во последните 18 месеци, давајќи ѝ на ГЕРБ плуралност од околу 25 проценти. Бидејќи поранешната владејачка партија не може да формира влада, и со можност за повторно предвремени избори, земјата сега ја води преодна влада.

Издадени 358 дозволи за привремен престој на украински бегалци во РСМ


Некои политичари се изјаснија против односот на владата кон украинските бегалци. Во изјава за РСЕ, Кремена Кунева, пратеничка од про-ЕУ изборна алијанса Демократска Бугарија, рече дека 1.500 украински бегалци кои работат во здравствениот сектор биле во Бугарија. Според нејзините сопствени податоци, од нив останале само 150.

„Нашата земја не направи апсолутно ништо за да ги задржи овие луѓе“, рече Кунева, наведувајќи дека на крајот на октомври испратила прашања до привремениот премиер Галаб Донев и до министрите за здравство, труд и социјална политика. Едно од прашањата што таа го постави беше дали владата има некакви планови за интеграција на украинските бегалци.

Според Кунева, една од главните пречки во Бугарија е признавањето на странските дипломи во здравствените и образовните сектори. Спротивно на препораките на Европската комисија, Бугарија никогаш не усвоила поедноставени процедури за прифаќање странски квалификации од луѓе кои бегаат од војната во Украина.

Видете и ова: Нинова: БСП нема да поддржи мандат на ГЕРБ за состав на нова Влада во Бугарија

Додека актуелниот министер за внатрешни работи започна нов Национален совет за миграција, сè уште постои генерален недостаток на стратегија, рече Кунева. „Главниот проблем е што осум месеци подоцна, нема план за интеграција. Единственото нешто што Бугарија го прави е да ги плаќа хотелите и трошоците за државните станови“, рече таа.

Илијана Савова, директорка на Програмата за правна заштита на бегалците и мигрантите при бугарскиот Хелсиншки комитет, се согласи дека политичарите зазеле неефикасен пристап. Според Савова, во случајот со украинските бегалци во Бугарија, властите одлучиле дека проблемот ќе биде привремен, што значи дека има потреба да се справи со нивното сместување, но малку друго.

„Поентата овде е да им се даде можност на овие луѓе да се издржуваат и да водат некој вид нормален живот...вклучувајќи го и правото на работа“, рече таа. „Имаме глад за луѓе кои имаат образование и кариера. Ќе биде огромен плус за Бугарија ако успееме да ги интегрираме овие луѓе...за да можат да ги практикуваат своите професии“, рече Савова. „И така, не сме во ситуација квалификуван лекар или инженер да работи како келнер. За да се случи ова, рече Савова, потребни се повеќе насочени и структурирани мерки, како што се профилирање на бегалците и проценка на нивната ранливост и потреби.

Бугарија не е единствената земја во ЕУ каде што украинските бегалци се мачеа да најдат работа. Со оглед на тоа што жените и децата сочинуваат околу 90 отсто од бегалците, жените често се оптоварени со грижа за децата, а нивните партнери и мрежи за поддршка се уште се во Украина.

Истражувањето што го цитира Дојче веле во јуни покажа дека само 50 отсто од украинските бегалци во Германија нашле работа. Новопристигнатите понекогаш поминуваат подобро во земји како Полска или Чешка, кои веќе имаат воспоставено украински заедници и помалку застрашувачка јазична бариера.

Претходната влада презеде одредени активности, воведувајќи стимулации за работодавците кои вработуваат украински бегалци, но, според Савова, овие мерки биле „спорадични“, слабо рекламирани и не се широко познати, дури и меѓу Украинците.

„Тие се наследство од претходната влада. Сегашната преодна влада ништо не координира и не прави ништо. Тие ги следат настаните, не ги водат“, додаде Савова. „Во оваа грижа Владата реагира само на притисокот на јавноста, како во сегашниот случај со домувањето“. Иако преодната влада можеби нема да ги исфрли украинските бегалци од земјата, рече таа, тие сигурно не прават многу за да ги задржат наоколу.