Злобни и сочуствителни за пожарот во Глобал

Пожар во струмичкиот трговски центар Глобал

Пожар во струмичкиот трговски центар Глобал

Ах, бре, сезнајковци, не водете неповикани сметка за штета и платено осигурување на роба во пожар, плукнете си во пазуви и молете се и вас да не ве снајде полоша беља...“ , се наведува во еден од коментарите на Фејsбук страницата на Слободна Европа.

Пожарот што пред некоја вечер го зафати трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е изгаснат по повеќечасовната борба на пожарникарите од тој град и од неколку соседни, но има голема материјална штета, повеќе семејства останаа без изворот на својата егзистенција, а ФБ страницата на РСЕ на македонски врие од коментари, главно злобни и потсмешливи, но има и неколку сочувствени со оштетените семејства и дебата меѓу посетителите во врска со загубите на сопствениците на продавниците и дали и колку ќе „лапнат пари“, како што пишува во еден пост, од осигурителните компании.

Видете и ова: Пандемија од 21 век и историски теми од 19 век

Станојче Ристов ја анализира изјавата на еден од сопствениците дека имал стока од 20 илјади евра во продавницата: „Нека објасни дали имал од марките пума, најк, адидас, гучи... и дали имал над 1000 артикли. Они мислат за исплата на штета одма...“ Потпишан со Трте Мрте напишал: „Ќе се лапа од осигурање, ајде, ајдеее“. Горан Божиновски со реакција: „За коментари сите сте експерти, сите знаете за туѓа куќа да водите ред...“, а Олга Најденова која 25 години работела во осигурување ја објаснува процедурата за добивање отштета: „Не се плаќа продажната туку набавната цена на артиклите. И тоа само ако за нив има влезни фактури!... Никој не заработил од осигурителна куќа“. Љубе Стојановски, исто така, реагира: „Ах, бре, сезнајковци, не водете неповикани сметка за штета и платено осигурување на роба во пожар, плукнете си во пазуви и молете се и вас да не ве снајде полоша беља...“ Потпишана со Р. Павлова коментира: „Луѓе да не сте на нивно место... секој навредлив или исмејувачки коментар нема важност, само они си знаат како им е!...“

Видете и ова: Само вакцината може да ја прогласи короната за умрена


Интервјуто на премиерот Зоран Заев за официјалната агенција МИА во кое покрај другото вели дека „нема предвремени избори и нема неосновано изнудување оставка на Владата“ исто така предизвикало голем број ваши коментари, повеќето со непримерен јазик што нема да ги цитираме. Димитар Јовески коментирал: „Значи, сигурно планира да има. Штом така вели, а рејтингот му паѓа, па да го фати народот на препад со предвремени“. Петре Николоски со пцовка го комбинира мислењето дека „државата ја уништи, сами треба да поднесете оставка, цел народ врие на вас“. Даниел Дамевски вели: „Џабе е и со тебе и без тебе, та и другиот по тебе што ќе дојди“. Орце Цветковски напишал: „Нормално дека нема да има (предвремени). Чуму избори кога опозицијата предводена од Жмиц нема ... да оди, видовме во Штип“