За две недели истекува рокот во кој работодавачите во приватниот сектор имаат законска обврска на вработените да им исплатат регрес за годишен одмор односно к- 15 чии минимум изнесува 11 457 денари. Исплатата на регресот се врши до крајот на годината, во висина од најмалку 40 % од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Но, тоа за работниците во многу сектори не оди глатко. Дел од работодавачите си поигруваат со исплатата. Најчестата злоупотреба била префрлање на парите на трансакциска сметка, но со „тивко договорена “ обврска работникот да ги му ги врати на газдата во кеш. Луѓето се плашат за своето работно место, па често без да се побунат го прават токму ова, велат од синдикатите.
Видете и ова: Замрзнати цени - Празни рафтови или намалени профити за бизниситеПретседателот на Конфедерацијата на Синдикати Благоја Ралповски вели дека исплатата на К-15 е стара болка, затоа што во дел од фирмите не се исплаќа, додека во друг дел работодавачите ги принудуваат работниците да ги вратат парите на рака.
„ А некаде и синдикатите кои што повикуваат на протести прават дополнителни анекси на договори и ги кратат примањата во делот на К-15, така што проблемите во исплатата на К-15 на работниците јас би го лоцирал во Државен трудов инспекторат. Ако Трудовиот инспекторат реши дека има желба да го реши тој проблем, верувајте ми дека проблемот ќе биде многу брзо решен и нема да се соочуваат со вакви притисоци вработените“ вели Ралповски.
Казната за неисплата на К-15, изнесува од 2.000 до 3.000 евра која би ја платило правното лице и 500 до 1.000 евра за одговорното лице во фирмата .
Од друга страна, претседателка на граѓанското здружение за заштита на работничките права „Гласен текстилец" Кристина Ампева проблемите во исплатат на К-15 ги лоцира во „ дупката" оставена за слободно толкување во колективниот договор што го прави износот од 100 денари за К-15 законски. Со тоа работодавачите не мора да ризикуваат кривично дело, кога може законски да прикажат економски потешкотии и со тоа да исплатат помала сума од предвиденото, објаснува таа.
„ Тоа значи, кога нема законски помала сума од предвидената ( 40 проценти од просечна плата) тогаш работодавачите може да исплатат и 100 денари за К-15. Тоа е многу честа појава, најчеста појава. Вие може да изброите на прстите од една рака да изборите колку фирми исплатиле целосен износ на К-15, во изминативе три до четири години“ вели Ампева.
Видете и ова: Со штрајк ќе се одглавува неработната недела во СобраниетоТаа посочува дека проблемот е во што тоа на фирмите им го „овозможи“ Сојузот на Синдикати со потпишувањето на општиот колективен договор во приватниот сектор. Ампева објаснува дека честопати и фирмите кои што инвестестираат во развој на компанијата, тие пари ги пресметуваат како загуби.
„Работници кои ни се јавија во една штипска конфекција ни посочија дека газдата им дал к-15 од 3 илјади денари велејќи дека нема повеќе пари, но си купил џип Туарег од 100 илјади евра, и што е тоа. Таквите пријавуваат загуба,“ вели Ампева.
Според толувањето објавено на веб страната на Државнот трудов инспекторат работодавачот кај кој настанале потешкотии во работењето „ценејќи ја економско-финансиската состојба на работодавецот, по задолжителна консултација со синдикатот на ниво на гранка, со спогодба потпишана од работодавецот и репрезентативната сидникалана организација може да утврди регрес за годишен одмор во помал износ од утврдениот со овој колективен договор“ . Во него се посочува дека доколку вработените не се синдикално организарани спогодба може со работодавецот може да потпише претставник од работниците.
Во меѓувреме Сојузот на сидникати на последниот протест до власта упати барање за да им се исплаќа регрес за годишен одмор и на вработените во јавниот сектор.
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор.
„За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна Бесими во одговор на новинарско прашање.
ССМ- Парламентарното мнозинство не увери дека недела неработен ден ќе се изгласа следната недела
Засега нема конкретни податоци од државните институции колку често се прават вакви злоупотреби. Податоците на Сојузот на синдикати (ССМ) покажуваат дека лани правна помош по овој основ побарале 528 членови, а во првата половина од годинава 200.
За да се надминат проблемите Ампева тврди дека треба во законот за работни односи да се вметне и обврската за к-15 а не во општите колективни договори и во него концизно да биде наведено дека следува за сите работници во приватен и јавен сектор заедно со ограничувањата за најмала сума која смее да се исплати при реални загуби.
Правото за регрес на годишен одмор беше воведено во 2013 година во време на владењето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во 2015 година претрпе измени со кои доколку стопанствениците претрпат економски потешкотии може да исплатат и помала сума од предвидената во Општиот колективен договор која изнесува 40 проценти од просечна плата.