Железничка несреќа во Грција, најмалку 36 лица настрадале
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Грчките спасувачи ги извлекуваат телата во Лариса во среда (1 март) по сударот на патнички и товарен воз во близина на Лариса..
Најмалку 36 лица загинаа, а беа повредени 85, соопшти противпожарната бригада. Причината за најсмртоносната железничка несреќа во Грција во последните децении, засега е непозната.
Патнички воз кој сообраќал од Атина кон Солун со голема брзина се судрил со товарен воз надвор од градот Лариса во централна Грција, изјави гувернерот на регионот Тесалија.
Локалните медиуми објавија дека околу 350 луѓе патувале во патничкиот воз, кој тргнал од Атина синоќа околу 19.30 часот.