Русија влегува во период на нестабилност додека Кремљ се приближува кон 2024 година со неизвесност дали Владимир Путин планира да остане претседател кога веќе ја има таа опција, изјави за РСЕ Фиона Хил, поранешен висок советник за Русија во Белата куќа.
Во интервјуто, таа прави паралела помеѓу Путин и поранешниот претседател Доналд Трамп, во чија администрација служеше две ипол години, тврдејќи дека американскиот политички систем ќе биде затегнат до точка на кршење ако Трамп се врати како претседател во 2024 година.
„За жал, сега гледам многу паралели меѓу Русија во 1990 -тите“ и Соединетите држави денес“, вели Хил.
Како 11 септември 2001 година го смени светот
Родена во Британија, таа подоцна стана американска државјанка. Себе си се опишува како „непартиски експерт за надворешна политика“. Таа напишала неколку книги за Русија, вклучително и биографија за Путин.
Видете и ова: Москва: инфраструктурата на НАТО во Украина е преминување на „црвената линија“
Нејзината нова книга, „Нема ништо за тебе овде“, ја истражува Британија и Русија - и сличностите што ги делат делумно поради колапсот на индустриската база на секоја нација. Резултатот, тврди таа, го отвори патот за популистички лидери како Путин, британскиот премиер Борис Џонсон и Трамп.
Таа течно зборува руски јазик и служеше во Националниот разузнавачки совет за време на вториот мандат на Џорџ В. Буш. На изненадување на некои колеги, таа се согласи да служи како врвен руски советник во Советот за национална безбедност на Белата куќа под Трамп.
Во интервјуто, Хил вели дека заземањето на Крим во 2014 година било она што ја прекина еволуцијата на Путин како лидер на Русија. „Тој стои над сѐ во моментов. Малку сум изненадена што тој стигна до оваа точка, бидејќи тоа е начин што навистина ја дестабилизира Русија или има потенцијал да ја дестабилизира Русија - да го направи спротивното од она што се обидува да го постигне. Мислам дека тој ја стави Русија во прилично опасна, непредвидлива положба со собирање толку многу моќ“, вели таа за РСЕ.
За време на прес-конференцијата во Хелсинки во јули 2018 година, каде што Хил беше дел од американската делегација, Трамп го отфрли прашањето на новинарот дали ги прифаќа наодите на американските разузнавачки агенции дека Русија се вмешала во изборите во 2016 година, на кои победи Трамп.
„Прашањата стигнаа до сржта на неговата несигурност“, наведува таа, додавајќи дека ако Трамп се согласеше дека Русија се вмеша во 2016 година во негова корист, тој исто така можеше да рече: „Јас сум нелегитимен“.
Сепак, дури на крајот на 2019 година, Хил стана познато име во Соединетите држави, кога сведочеше на првото судење за импичмент на Трамп во Конгресот. Судењето беше поттикнато од телефонскиот разговор што Трамп го имаше во јули 2019 година со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој се чини дека Трамп условува воена помош за Украина за да спроведе кривични истраги за Џо Бајден и неговиот син Хантер.
Трамп со критика до Бајден за уништување на нацијата
Трамп на крајот беше отповикан од Претставничкиот дом предводен од Демократите, но потоа беше ослободен од обвинение од Сенатот предводен од Републиканците. „Не се каам“, рече Хил за служењето во Белата куќа на Трамп, додавајќи: „Бидејќи влегов таму за да се обидам да се справам со сите работи за кои штотуку зборувавме. Тоа ми ги отвори очите за проблемите во самите Соединетите држави“.
Путин дестабилизатор?
Во интервјуто, Хил вели дека заземањето на Крим во 2014 година од страна на Русија било она што го загуби моментот во еволуцијата на Путин како вистински лидер на Русија.
„Руската држава е таму и функцинира, но тој стои над сѐ во моментов. Малку сум изненадена што тој стигна до оваа точка, бидејќи тоа е начин што навистина ја дестабилизира Русија или има потенцијал да ја дестабилизира Русија - да го направи спротивното од она што се обидува да го постигне. Мислам дека тој ја стави Русија во прилично опасна, непредвидлива положба со собирање толку многу моќ“, вели Хил за РСЕ.
Во минатата година, Кремљ ги изрежира уставните измени што го отвораат патот Путин да остане на функцијата и по 2024 година, а потенцијално до 2036 година. Тој, сепак, не кажа дали ќе го стори тоа. „Не мора да мислам дека тој ќе остане на власт до 2036 година. Мојата најдобра претпоставка е дека постои план зад сцената, но тие имаат тешкотии да го реализираат и да го спроведат“, вели Хил.
Видете и ова: Руското судство ги означи организациите на Навални како екстремистичкиСо оглед на тоа, таа го посочи примерот на Алексеј Навални, корупциски крстоносец и опозициски активист, кој за малку ќе умреше во август 2020 година, по труењето за што ги обвинува Путин и руското разузнавање. По опоравувањето, Навални се врати во Русија, каде што беше затворен поради, како што рекоа тој и неговите поддржувачи, политички мотивирано обвинение. „Причината што Навални е во затвор и причината што тие се обидоа да го убијат, е затоа што сакаат да не излезе во 2024 година, бидејќи тој е вистинска конкуренција“, смета Хил.
„Мајмунот на твојот грб“
Употребата на отрови денес од руската разузнавачка служба, според Хил, е наследство од тактиките за шпионажа, атентат и саботажа од советско време, систем во кој се обучуваше Путин, долгогодишен советски офицер на КГБ.
Бажоле: Руски шпион во кабинетот на француски министер во 2017
Хил, исто така, посочи на феноменот познат како „синдром Хавана“ - серија необјасниви и исцрпувачки заболувања што погодија околу 200 американски дипломати, разузнавачи, воени офицери и друг владин персонал. „Имаме синдром Хавана за кој луѓето се загрижени во моментов и прават истраги. И повторно, Русите изгледаат како најверојатниот виновник поради сето знаење за развојот на слично оружје во минатото“.
Видете и ова: Неми траги од „Хавана синдромот“ во СрбијаТензиите меѓу Вашингтон и Москва министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во април ги опиша како полоши отколку за време на Студената војна, но Кина треба да биде приоритетна грижа, велат многу американски експерти - став што администрацијата на претседателот Џо Бајден го прифати.
„Еден висок функционер ми кажа дека Русија е како мајмунот што се обидувавте да го тргнете од грбот. Тоа е некако чудна слика. Но, кажува како размислуваат многу луѓе, зошто сѐ уште сме во оваа конфронтација? Зарем не заврши Студената војна? Русија за многу Американци стана минато. Едноставно, нема многу популарност да се има конфронтација со Русија“, вели Хил.
Време на неволји
Нејзиниот мандат во Белата куќа, рече Хил, ѝ даде увид во паралелите меѓу Соединетите држави денес и Русија во раните 1990 -ти години, кога претседателот Борис Елцин се судри со парламентот, што резултираше со гранатирање и упад во зградата на парламентот во октомври 1993 година.
„Соединетите држави минуваат низ слично „време на неволји“ како турбуленциите што ги доживеа Русија во 90 -тите години“, рече таа, додавајќи дека некои Руси го споредуваат Трамп со Елцин.
„Но, Елцин имаше повеќе дисциплина. Тој не се обидуваше постојано да ја нарушува демократијата - затоа што можеше да искористи повеќе од овластувањата на уставот што си ги даде по страшната епизода гранатирајќи го парламентот. Тој не го направи тоа. Но, Путин дојде и го стори тоа. Тој додаде уште повеќе овластувања на извршната власт, на претседателот. Ова е всушност голема разлика со Путин. Трамп не сака да владее преку државата. Тој сака да ја растури државата“, вели Хил.
Видете и ова: Луѓето и во демократски земји не сметаат дека имаат демократијаДругата паралела, тврди таа, е тоа што двајцата лидери ја прифаќаат моќта на јавните перформанси.
„Путин е шоумен. Тој како да настапува. И Трамп го прави истото. Тој секогаш настапува, за толпата, настапува за својата база и ја претвора политиката во политичка претстава“.
По преземањето на Крим, популарноста на Путин порасна меѓу Русите, од кои многумина сметаа дека е исправена историската грешка. Некои влијателни советници зборуваа за „Нова Росија“ - историски концепт кој датира од империјална Русија, кога Москва контролираше делови од Украина.
„Ги гледате сличностите. Трамп игра на носталгија. Тој вели дека повторно ќе ја направи Америка голема. И Путин го кажува истото. Трамп прави многу работи што многу потсетуваат на некои од работите што ги правеше Путин. Но, големата разлика е во тоа што Трамп војува со државата, Путин не војува со државата. Сепак и едниот и другиот создаваат видови на плебисцитарна демократија; сѐ е кај нив“, наведува Фиона Хил за РСЕ.