Дина Јашари: Сакам регионот да ме слушне на македонски јазик

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Дваесетитригодишната македонска музичарка Дина Јашари ја доби годинешната регионална награда „Милан Младеновиќ“, именувана во чест на фронтменот на групата Екатарина Велика (ЕКВ). Во конкуренција од 219 песни на артисти од екс-ју државите кои творат на својот мајчин јазик, победи нејзината „Дома“. Младата пејачка за РСЕ сподели дека има намера музички да го освои регионот на македонски јазик.