„Освен резултатот да се смени Груевски и сега го имаме Заев како премиер, нема никакво друго конкретно решение во искоренувањето на криминалот и корупцијата“. Вака некако вели претседателот на Беса, Биљал Касами во неделното интервју на РСЕ, а Бобан Неделковски веднаш забележува:
„Реториката иста како да говори ДПМНЕ во ликот на Касами“.
Славче Ѓоревски, пак, му вели на Бобан: „Добро утро...“
Касами исто така изјавува дека Талат Џафери не ги претставува Албанците, туку ДУИ, а Борис Апостолов на нашата ФБ страница со познатата реторика добивање - земање:
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Што сакате да добиете, преку лебот, погача? Тој и така е нелигитимен претседател на Собранието. Сите одлуки што ги има донесено, ќе бидат поништени“.
Ванчо Коде ја гледа пошироката слика: „Нека мисли хидромицко со кој ќе ја прајт коалицијата“, но ИгорВики Магероски со различно размислување:
„Доста го полните сопствениот народ со глупости. На Албанците во Македонија џабе им е сè што добија, и јазици и знамиња, сè е џабе кога и тие се приморани да се иселуваат исто како Македонците“. Па им порачува на политичарите:
„Давајте стандард, плати, не нацонализам“.
Алија Оѓоски реагира на овој пост: „Конечно некој со здрав разум. Овој пост треба да се стави на влезот во Собранието, и тоа на сите јазици!!!“
Видете и ова: Историјата и натаму пречка за македонската иднина во ЕУ
Изјавата на бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов дека Бугарија „не треба да брза да даде зелено светло за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ сè додека не се расчистени сите фалсификати на историјата“, Драган Стојковски ја коментира вака:
„Беспрекорно функционира грчко-бугарско-српскиот сојуз“, а Димитар Аневски вели: „Нема полошо од уцена... има... бугарска уцена“.
Трајковски Далибор малку шеговито: „Ќе ве повлече УСА за уши и ’Македонско девојче ќе ја испеете‘“.
По директниот пренос на РСЕ од протестот на второто новинарско здружение МАН пред Обвинителството против, како што велат „притисок врз новинари и медиуми“, најмногу коментари има против Ивона Талеска, која го носеше микрофот со лисици како симбол за тој наводен притисок.