Додека илјадници мигранти пристигнуваат во Белорусија и кон нејзините граници со Полска, Литванија и Летонија, се зголемуваат стравувањата дека моќниот човек на поранешната советска република Александар Лукашенко го искористува очајот луѓето од Блискиот Исток и Африка за да се пресмета со владите што го отфрлаат неговиот режим.
Германија бара ЕУ да го запре приливот на мигранти од Белорусија
По неговото длабоко спорно тврдење дека бил реизбран на изборите во август 2020 година, кои нашироко се оценети за наместени, Лукашенко брутално ја разби опозицијата на неговото 27-годишно владеење и се вклучи во ескалирачка војна на зборови со западните официјални лица кои го поддржаа наметнувањето санкции врз неговиот режим.
„Лукашенко се труди да предизвика некаков вид мала војна за да го одвлече вниманието од домашните проблеми во Белорусија денес“, изјави политичкиот аналитичар од Варшава Дмитриј Болкунец, додавајќи: „Тој сака да го фокусира вниманието врз себе и да ги принуди западните земји да започнат преговори со него“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На 9 ноември, Европската комисија го обвини Лукашенко за „нехуман и гангстерски пристап“ кон оние кои пристигнуваат во Белорусија надевајќи се на лесен премин во ЕУ. Но, некои повици за деескалација се фокусираа помалку врз Минск отколку врз Москва.
На 10 ноември германската канцеларка Ангела Меркел го повика рускиот претседател Владимир Путин да го искористи своето влијание врз Белорусија за да ја запре нејзината „нехумана и неприфатлива“ употреба на мигрантите.
Полска стравува од „голем инцидент“ откако стотици мигранти од Белорусија се упатија кон границата
Русија долго време го поддржува Лукашенко со субвенционирани енергетски пратки и вербална поддршка во споровите со Западот, а многумина веруваат дека зависноста на Лукашенко од Москва само се зголемила додека тој запаѓа подлабоко во немилост на Западот.
Навистина, додека Лукашенко продолжува да издава пркосни изјави и да ја предупредува Полска за последиците доколку продолжи да испраќа војници на границата со Белорусија како дел од транспарентна кампања за зајакнување на одбраната, Русија можеби веќе се гледа во улога на арбитер во ќор-сокакот.
Видете и ова: Путин и Лукашенко разговарале за ситуацијата на белоруско-полската границаЛукашенко редовно се консултираше со Путин во изминатата година, и на бројни лични средби и по телефон. На 4 ноември, Путин вети дека ќе го поддржи Лукашенко против странското „мешање“ и ги пофали односите меѓу поранешните советски земји додека двајцата потпишаа серија договори за поблиска интеграција.
„Заедно ќе се спротивставиме на секакви обиди за мешање во внатрешните работи на нашите суверени држави и Русија секако ќе продолжи да му помага на братскиот белоруски народ - нема сомнеж во тоа“, рече Путин.
Некои лидери на ЕУ сугерираат дека Москва стои зад она што Меркел го опиша како „државно поддржана трговија со луѓе“ од владата на Лукашенко.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, кој се состана со претседателот на Европскиот совет на 10 ноември, рече дека сегашната криза е првпат од крајот на комунистичкото владеење во Источна Европа „да се тестира интегритетот на нашите граници“.
Ден претходно, Моравјецки ја обвини Русија дека „нападот што го врши Лукашенко го има својот мозок во Москва, а мозокот е претседателот Путин“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го отфрли ова тврдење како „неодговорно и неприфатливо“.
Но, најборбената формулација дојде од Лукашенко кој се закани дека ќе користи помош од руските вооружени сили за да предизвика воен судир на границата на Белорусија со Полска.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Некои критичари веруваат дека ова се многу бурни зборови од моќниот ветеран кој долго време се повикува на неговите блиски врски со Русија за да извлече отстапки кога е спроти ѕидот.
„Лукашенкo е познат рекетар, кој долго време го експлоатира Путин, а Путин плаќа пари“, вели за РСЕ Петрас Аустевичиус, литвански пратеник во Европскиот парламент, додавајќи: „И очигледно тој го користи факторот Русија за да заплаши и предвиди одредени настани“.
Путин ја потврди својата поддршка за Лукашенко
Русија досега се воздржуваше од прогнозирање на сериозна ескалација во актуелната криза, иако на 10 ноември испрати бомбардери во белорускиот воздушен простор на, како што рече нејзиното Министерство за одбрана, рутинска вежба.
Официјалниот коментар во врска со граничниот ќор-сокак се обиде да го нагласи она што Москва го тврди, односно лицемерието на Полска и другите земји од ЕУ во врска со прашањето за миграцијата и граничната полиција.
Видете и ова: Фон дер Лајен ги повика членките на ЕУ да ги прошират санкциите против БелорусијаВо врска со тоа, високи руски официјални лица го наведуваат и придонесот на војниците на Полска и другите земји на ЕУ во западните воени кампањи во Авганистан и Ирак и тврдат дека тие се барем делумно виновни за нестабилноста што владее таму денес и принудува илјадници да бараат подобар живот на друго место.
Амбасадорот на Русија во ОН и портпаролката на Министерството за надворешни работи го изнесоа истиот наратив, настојувајќи да ја сменат ситуацијата со тоа што сугерираа дека Полска е виновна за граничната криза, а не Белорусија, притоа не презентирајќи докази за да се спротивстават на обвинувањата дека Минск организира проток на мигранти кон границите на ЕУ.
Абас Гаљамов, политички аналитичар и поранешен пишувач на говори во Кремљ, рече дека, во најмала рака, повикот на Меркел до Путин да изврши влијание врз Минск може да се искористи како храна за истиот официјален наратив – барем за рускиот народ, дека Западот е очаен Путин да влезе како арбитер и да го спаси денот.
„Можат со гордост на ТВ да спомнат како Западот клекна на колена пред Путин“, рече тој.