Оваа меѓу владина организација со седиште во Париз која ги советува развиените земји за економските политики, соопшти дека очекува светскиот бруто домашен производ годинава да се намали за 4,5 проценти - помалку од падот од 6 проценти што го прогнозираше пред три месеци.
Глобалната економија потоа треба да се врати во идната година со раст од 5 проценти, според ОЕЦД, кој претходно очекуваше раст од 5,2 проценти.
Трошоците растат, стандардот стагнира
„По првичното враќање назад во многу активности по олеснувањето на мерките за затворање, има некои знаци од високофреквентни индикатори и деловни истражувања дека темпото на глобалното закрепнување го изгуби интензитетот од јуни, особено во многу напредни економии“, соопшти ОЕЦД која сепак, посочува дека економските перспективи „остануваат исклучително несигурни“, со пандемијата „која продолжува да врши значителна штета врз економиите и општествата“.
Најновите проценки на ОЕЦД се базираат врз претпоставка за локални, спорадични случаи на инфекции со коронавирус, кои ќе бидат адресирани локално, со насочени мерки, наместо целосен карантин, што пак, доведе до рекорден пад на БДП во многу земји во периодот од април до јуни.
Исто така се претпоставува дека вакцината против ковид-19 нема да биде достапна до крајот на идната година. ОЕЦД предвиде дека американската економија ќе падне за 3,8 проценти оваа година, наместо пад од 7,3 проценти што беше предвиден претходно.
Ковидот повторно го прекројува буџетот
Кина се очекува да биде единствената земја во групата 20 најмоќни економии што има раст оваа година - за 1,8 проценти, наместо претходно предвидениот пад од 2,6 проценти.
ОЕЦД ги намали своите прогнози за Индија, Мексико и Јужна Африка.
Организацијата ги повика владите да не ги зголемуваат даноците или да ги намалуваат трошоците следната година со цел „да се зачува довербата и да се ограничи неизвесноста“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Треба да се вложат максимални напори за зајакнување на довербата, бидејќи тоа е клучот за закрепнување“, изјави главниот економист на ОЕЦД Лоренс Бун, додавајќи дека владите особено треба да продолжат да им помагаат на луѓето да најдат работа и да поддржат инвестиции,
„Значи, првата порака што сакаме да ја испратиме е да не ги повторуваме грешките од минатото, да не ја повлекуваме фискалната поддршка прерано“, вели Бун.
Пандемијата е „надвор од контрола“
Во истовреме, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека пандемијата на ковод-19 останува „надвор од контрола“, со тоа што светот се приближува до „најголемиот момент“ - милион смртни случаи предизвикани од коронавирусот.
Ковид-19 ги влоши човековите права и го запре напредокот во здравството
Гутереш на прес-конференцијата во Њујорк пред одбележувањето на 75 годишнината од формирањето на Обединетите нации рече дека коронавирусот е глобална безбедносна закана број еден во светот, и криза „која не е слична со која било друга во нашите животи“.
„Во оваа 75-годишнина, се соочуваме со сопствен момент како од 1945 година. Ние мора да се соочиме со тој момент. И мора да покажеме единство како никогаш порано за да ја надминеме денешната вонредна состојба, да го натераме светот да се придвижи и да работи и да напредува повторно и да ја поддржиме визијата на Повелбата“.
Тој изјави дека во својот говор пред светските лидери во наредната недела за време на главно виртуелното Генерално собрание ќе упати силен апел до меѓународната заедница за глобален прекин на огнот до крајот на годината. Гутереш првпат повика на глобален прекин на огнот на 23 март.
Бројот на глобални смртни случаи од ковид-19 во светот порасна на 939.456, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Бројот на потврдени случаи ширум светот достигна 29,7 милиони. Индија, која стана едно од главните жаришта на пандемијата, денеска објави уште еден рекорден скок на дневни инфекции.
Скоковите на бројот на инфицирани во делови од Европа предизвикуваат загриженост.