Геј пар уапсен во Русија, поради споделување на романтични објави

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Геј пар во рускиот град Казан е приведен поради нивните романтични објави онлајн. Тие се обвинети за ширење на ЛГБТ пропаганда, откако Русија ги заостри ограничувањата по почетокот на тековната инвазија врз Украина. Уапсен на 5-ти април, Гела Гогишвили се соочува со парична казна од 2.500 долари, а на Хаојанг Ксу му се заканува депортација во Кина.