Враќање во иднината: американските астронаути повторно дома

Ова е капсулата „SpaceX Crew Dragon“. Вселенското летало е предвидено да пренесе двајца американски астронаути на Меѓународната вселенска станица на 27 мај.

Капсулата ќе биде поставена на ракетата SpaceX Falcon 9, прикажана тука за време на лансирањето во јануари 2020 година. Изминативе девет години, НАСА и плаќаше на Русија скоро 86 милиони американски долари за место за да ги испрати своите астронаути во вселената, откако 30-годишната програма на американскиот „Space Shatle“ беше повлечена во 2011 година.
 

Внатрешноста на капсулата „Crew Dragon“, која може да прими седум астронаути.

Во 2008 година, основачот на „Space X“, Елон Маск, рече: „Crew Dragon всушност го доби името по [песната од 1960-тите години] Паф Меџик змејот затоа што толку многу луѓе мислеа дека морав да пушам марихуана за да го направам овој потфат“. Некои веруваат дека стиховите на песната наведуваат на употреба на дрога.

Екипажот е главното ажурирање на првата капсула Crew Dragon на SpaceX (на сликата), која леташе нa беспилотни мисии за снабдување на Меѓународната вселенска станица од 2012 година.

За време на тестот во 2015 година.

Од тестирањето во 2014 година.

 

Комбинирана фотографија на моментот кога Crew Dragon се катапултира од ракетата за време на тестот во јануари 2020 година. 

Crew Dragon треба да ги пренесе астронаутите на НАСА и блиски пријатели Боб Бенкен (лево) и Даг Харли на Меѓународната станица. Харли, чиј знак на повик е „Чунки“, е поранешен американски поручник и пилот. Бенкен е полковник во американските воздушни сили кој го пилотираше борбениот авион Ф-22 Раптор.
 
 

Демонстрација на вселенската облека наменета за капсулата Crew Dragon. Таа е отпорна на оган.

Бенкен и Харли ги тестираат нивните костуми.

Маск го ангажираше дизајнерот на костуми од филмот Batman Vs. Superman. Шефот на SpaceX за дизајнот вели: "Беше неверојатно тешко да се балансираат естетиката и функцијата".

Широката употреба на екранот на допир во Crew Dragon претставува драматична промена од претходните вселенски летала. Ваквите екрани ќе ни обезбедат целосно подобра моќност за управување, велат астронаутите. 

Фотографија што ги прикажува стотиците физички контроли во пензионираниот спејс шатл. Екранот на допир дозволува брза промена во контролниот интерфејс преку ажурирања на софтверот, наместо замена на копчињата и прекинувачите.

Dragon Crew капсулата пред беспилотниот лет во 2019 година. 

Беспилотното летало се приближува до Меѓунаодната вселенска станица во март 2019 година.

 

Ракетата „Crew Dragon“ достигнува орбита на 27 мај, засилувачот на „Falcon“ (прикажан овде во моментите пред да се сруши во 2015 година) ќе се расипе, ќе се сврти наоколу, па ќе падне во Атлантскиот Океан.

Falcon 9 се врати во базата по успешното слетување во 2019 година. Нешто повеќе од 80 проценти од обидите за слетување во океанот на SpaceX биле успешни.
 
 

Пад на капсулата во океанот во 2015 година.

По неодреден број денови на Меѓународната вселенска станица, астронаутите Бенкен и Харли ќе се вратат на Земјата.

Капсулата по нејзиното враќање, нема повторно да се користи за човечки вселенски лет, но може повторно да послужи за пренесувањ опрема на Меѓународната вселенска станица.

Ракетата „Falcon 9“ на небото во Калифорнија во 2018 година.

Иако претстојниот лет ќе означи нова ера на самоувереност за вселенската програма на САД доколку биде успешна, односот меѓу НАСА и рускиот партнер Роскосмос изгледа дека ќе продолжи. Претходно овој месец, администраторот на НАСА, Џим Бриденстен изјави: „Ние сакаме нашиот однос во истражувањето на вселената да остане силен“.