Достапни линкови

Опасен отпад и загрозени астронаути: руски анти-сателититски тест


НАСА го разбуди заспаниот, седумчлен екипаж на Меѓународната вселенска станица и го испрати да бара засолниште во закотвено вселенско летало.
НАСА го разбуди заспаниот, седумчлен екипаж на Меѓународната вселенска станица и го испрати да бара засолниште во закотвено вселенско летало.

„Непромислено“, „опасно“ и „неодговорно“ го опишаа американските власти рускиот анти-сателитски ракетен тест. Руските власти демантираа, обвинувајќи ги американските власти за лицемерие. Мајк Екел

Во декември 2020 година, пилотите беа предупредени од руските власти: држете се подалеку од огромен дел од воздушниот простор во близина на северниот брег на Русија во текот на втората недела од месецот. Причината? „Опасни операции, лансирање ракети“.

Неколку дена по објавувањето на предупредувањето, американските власти опишаа што се случило -- тест на руско антисателитско ракетно оружје -- и што би можело да се случи следно.

„Ако ова оружје се тестира на вистински сателит ќе предизвика голем отпад што може да ги загрози комерцијалните сателити и неповратно да ја загади вселената“.

Берлин бара итно зајакнување на безбедносните мерки за вселената

Единаесет месеци подоцна, се случи токму тоа: облак од смртоносни отпадоци што кружат над Земјата на опасна височина, што пак, ја натера НАСА да го разбуди заспаниот, седумчлен, мултинационален екипаж на Меѓународната вселенска станица и да го испрати два часа во засолниште закачено на орбиталната станица.

Консензусот меѓу сè поголем број експерти е дека причината за инцидентот на 15 ноември е руско тестирање на оружје наменето против непријателски сателити.

Тоа што резултираше не беше само страв за екипажот на вселенската станица, туку и невообичаено лута реторика од Вашингтон, која ја обвини Русија за „невнимателно“, „опасно“ и „неодговорно“ однесување.

„Моето мислење е дека ова е многу бизарна ситуација, во смисла дека со разумен систем на одлучување, едноставно не гледам како би се случило овој тип на работа“, вели Павел Подвиг, истражувач и автор на ценет блог за руската воена активност.

Околу 1.500 поголеми фрагменти беа исфрлени од уништениот сателит, соопштија американските власти, нешто што истражувачите велат дека веројатно е само врвот на ледениот брег.

Руско летало донесе намирници на Меѓународната вселенска станица

„Има многу работи за кои луѓето би можеле да не се согласат, но има една работа за која сите се согласуваат: не треба да создавате отпад, особено на поголема надморска височина, ставајќи ги во опасност астронаутите“, додаде Подвиг за РСЕ.

„Ова не е прво родео на Русите со антисателитски тестови“, вели Брајан Виден, поранешен офицер на американските воздухопловни сили, кој сега ја предводи Фондацијата „Безбеден свет“, тинк-тенк во Вашингтон, додавајќи: „Би сакал да се надевам дека ќе знаат што ќе се случи со облакот од отпад по таков тест“.

„Непромислено и опасно“

Руската вселенска агенција Роскосмос ја објави првата од двете изјави на 15 ноември, неколку часа по пријавениот инцидент, велејќи дека станицата била принудена да ја смени својата орбита, но сега работи нормално во „зелена зона“.

Руските космонаути Олег Новицки и Пјотр Дубров, членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица, на нивната прва вселенска прошетка, 2 јуни 2021 година
Руските космонаути Олег Новицки и Пјотр Дубров, членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица, на нивната прва вселенска прошетка, 2 јуни 2021 година

Во втората изјава, на 16 ноември, се споменува долгогодишната соработка на Русија во вселената со други земји: „За нас главен приоритет беше и останува да се обезбеди безусловна безбедност на екипажот“, соопшти агенцијата. Во ниту една изјава не се споменува каков било ракетен тест или облак од отпадоци.

Меѓутоа, американската вселенска агенција, која со години тесно соработува со Роскосмос, беше брза и остра во својата реакција. „Со својата долга историја на човечките вселенски летови, незамисливо е Русија да ги загрози не само американските и другите астронаути на Меѓународната станица, туку и нивните сопствени космонаути“, изјави администраторот на НАСА Бил Нелсон.

Реториката на НАСА ја повтори и државниот секретар на САД Ентони Блинкен, кој го нарече тестот „непромислен“ и рече дека „ги ризикува животите на астронаутите, интегритетот на Меѓународната вселенска станица и интересите на сите земји“.

Ракетата Сојуз-2 1б која носи руски воен сателит Космос-2546 е лансиран од космодромот Плесецк на 22 мај.
Ракетата Сојуз-2 1б која носи руски воен сателит Космос-2546 е лансиран од космодромот Плесецк на 22 мај.

Руското Министерство за одбрана подоцна потврди дека имало „успешен тест“ кој уништил нефункционален сателит -- воен сателит за радио надзор од советската ера наречен Целина, кој бил лансиран во орбитата во 1987 година.

Министерството негираше дека фрагментите што произлегле од тестот претставуваат каква било опасност за другите сателити или вселенската станица.

„Лицемерие е да се каже дека Руската Федерација создава ризици за мирно користење на вселената. Нема факти“, рече министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Промени во височините, промени во ставовите

И Советскиот Сојуз и Соединетите Држави имаа супер цивилни вселенски програми. На пример, Спутник или Аполо. Тие имаа и застрашувачки воени вселенски програми и се вклучија во трка со вселенско оружје, истражувајќи работи како што се ласери, радио бранови и директни кинетички експлозии од проектили.

Некои од напорите се фокусираа врз уништување на балистички ракети од вселената. Двете земји спроведоа најмалку 50 антисателитски тестови за време на Студената војна.


Во 1967 година, Москва и Вашингтон го потпишаа Договорот за вселената, со кој се забранува орбитирање на нуклеарно оружје, истовремено наведувајќи дека сите земји се слободни да го користат просторот за мирољубиви цели сѐ додека го прават тоа во согласност со меѓународното право. Договорот, сепак, не спречува тестови на антисателитско оружје.

Двете земји почнаа да соработуваат и на цивилни вселенски програми, напор што продолжи и покрај распадот на Советскиот Сојуз. Во 1980-тите, американската војска тестираше ракети со млазни лансирања кои би биле насочени кон сателити кои орбитираат, но резултатот беше облаци од шрапнели и метални предмети со различна големина кои завршија катапултирајќи околу планетата со потенцијално смртоносна брзина. Конгресот ја откажа оваа програма.

Во 2007 година Кина употреби лансирана ракета за да уништи застарен метеоролошки сателит на надморска височина од околу 865 километри. Според Сојузот на загрижени научници, американска невладина организација, уништувањето на сателитот „создаде повеќе остатоци од кој било друг настан во вселената“.

Кина лансира ракета со тројца астронаути на својата вселенска станица

Една година подоцна, американската војска го искористи својот систем за противракетна одбрана „Аегис“ базиран на море – кој со години предизвикува жалби од Москва – за да уништи неоперативен американски сателит. Уништувањето на сателитот се случило на помала надморска височина, а отпадот само кратко издржал во орбитата.

Во 2019 година, Индија ја изненади глобалната вселенска заедница со спроведување на сопствен антисателитски тест. Тој објект беше погоден и уништен на околу 282 километра над Земјата, на начин на кој експертите велат дека ја минимизира долговечноста или широчината на облакот од отпад што орбитира.

Сепак, според Марко Лангбрук, холандски истражувач кој ги следи шпионските сателити и воените тестови и е поврзан со Универзитетот Лајден во Холандија, потребни биле две години речиси целиот индиски отпад да ја напушти орбитата.

Нудол

Некаде на почетокот на 2010 година, велат експертите за оружје, Русија започна со развој на антисателитски систем наречен ПЛ-19 Нудол. Системот во суштина е проектил лансиран од земја кон објект што орбитира.

Според Подвиг и други истражувачи кои ги следат ваквите лансирања, Русија спроведе 11 тестови на системот Нудол од 2014 година; некои беа само тестови на ракетните мотори или навигациските системи. Некои беа од фиксни лансирни рампи, како што е космодромот Плесецк, главен објект во северниот регион Архангелск кој се користи за цивилни и воени лансирања.

„Постојаното тестирање на овие системи од страна на Русија покажува дека заканите за американските и сојузничките вселенски системи брзо напредуваат“, вели генералот Џејмс Дикинсон, наведувајќи: „САД се загрижени од континуираниот развој на Русија и распоредувањето на неколку видови копнено и вселенско оружје“.

Членовите на екипажот на Меѓународната вселенска станица, астронаутот Марк Ванде Хеи од НАСА и космонаутите Олег Новицки и Пјотр Дубров од Роскосмос на прес-конференција во космодромот Бајконур во Казахстан на 8 април.
Членовите на екипажот на Меѓународната вселенска станица, астронаутот Марк Ванде Хеи од НАСА и космонаутите Олег Новицки и Пјотр Дубров од Роскосмос на прес-конференција во космодромот Бајконур во Казахстан на 8 април.

Во март 2021 година, помалку од два месеца по инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, Соединетите држави и Русија свикаа необична работна група за да расправа за „вселенската безбедност“.

„Ова беше невообичаено, бидејќи „вселенската безбедност“ е прашање што обично не е врвно или итно“,, рече Подвиг, додавајќи: „Плус, Белата куќа јавно посочи дека има други главни прашања што треба да ги реши со Москва: контрола на оружјето и сајбер хакирањето, пред сè“.

„Негирање кое нема вредност“

Гневната реторика од НАСА е во контраст со дипломатскиот и воздржан тон што вообичаено се слуша во јавните дискусии за односите со Роскосмос. Двете агенции тесно соработуваат во одржувањето на вселенската станица.

Во поголемиот дел од 2010-тите, откако Американците ја приземјија нивната шатл-флота, руските вселенски бродови „Сојуз“ и „Прогрес“ беа единствените возила што можеа да ги однесат посадите и опремата до станицата -- а НАСА ѝ плати на Русија стотици милиони долари за транспортот.

Во последниве години, вселенските односи забележаа неколку тесни моменти. Во август, нефункционален руски модул за малку ја исфрли вселенската станица од нејзината орбита.

Во 2018 година, дефект на засилувачот на „Сојуз“ испрати вселенска екипа да се врати на Земјата. Исто така таа година, беше пронајдена мистериозна дупка во еден модул на станицата, што предизвика мало истекување на кислород. Никакво објаснување за дупката до денес не е јавно откриено.

Во август, неименуван „висок функционер во руската вселенска индустрија“ беше цитиран дека всушност има осум вештачки дупки. Згора на тоа, рускиот функционер исто така тврди дека астронаутот на НАСА во тој момент доживеал медицински проблем што „можело да предизвика акутна психолошка криза“, што, пак, би можело да го натера да бара начин да се врати на Земјата пред мисијата да биде завршена.

Ровер на НАСА слета на кратер на Марс именуван по босанскиот град Језеро

Холандскиот истражувач Лангбрук ги нарече одговорите на Москва на критиките за антисателитскиот тест „типичен руски одговор кој негира одговорност дека било направено нешто погрешно“.

„Сите знаат дека секој антисателитски отпад на оваа надморска височина ќе предизвика проблеми, тоа е демант што навистина нема вредност“, рече тој. Висината на која рускиот сателит се чини дека е уништен - околу 490 километри - значи дека фрагментите нема да исчезнат по неколку часа, туку за неколку месеци, ако не и години“, вели тој, додавајќи дека фактот што целиот екипаж на вселенската станица бил принуден да најде итно засолниште, вклучително и Русите, укажува дека Рокосмос веројатно не бил свесен што се случило.

„Мислам дека не правите такви грешки. Не таргетирате објект на оваа надморска височина ако постои некаква опасност од тоа. Навистина не верувам дека ова може да биде грешка“, вели Лангбрук.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG