Оваа година е најпредизвикувачка за ОБСЕ во чиј фокус ќе биде конфликтот во Украина е пораката која може да се извлече по денешната седница на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на која беше презентирана програмата на претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација. На иста маса во организацијата седат 57 земји членки, меѓу кои и Русија и Украина кои војуваат од 24 февруари, минатата година.
Видете и ова: Посетата на рускиот владика - геостратешки офсајдМинистерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека како што е пораката и на слогоанот на македонското претседавање со ОБСЕ „За луѓето се работи“, токму луѓето „ќе бидат силата што ќе нè води во годината што претстои“ и работата на терен. Тој порача дека руската агресија во Украина ги руши основите и принципите врз кои е базирана организацијата. Османи рече дека Украина е врвен приоритет и тоа е најголемото безбедносно прашање кое се случува во регионот на ОБСЕ и тие се должни да имаат комуникација со Русија, но, не по цена на компромис на вредностите и заложбите на организацијата.
„За нас е многу важно да ја испратиме пораката дека пред било кој процес на суштински дијалог со Русија и Русија мора прво да се врати на заложбите и принципите кои сама ги има поддржано кога ја имаме основано оваа организација, бидејќи ако почнеме да правиме компромиси со основните вредности на кои што се темели оваа организација тогаш организацијата ќе ја изгуби смислата“, рече Османи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Шмид на заедничката прес-конференција со министерот Османи порача дека ова се многу тешки времиња за организацијата и можеби најтешката година во нејзината историја, бидејќи една земја членка Русија ги прекршила принципите на ОБСЕ. Според неа, најважното е дека нема компромис со приниципите на организацијата и иако сите одлуки се носат со консензус, пронајдено е креативно решение со кое преку нов финансиски модел може да и се помогне на Украина и претставници на ОБСЕ се во Киев и работат на терен.
„Едно нешто не може да дозволиме. Ако една земја членка бара поддршка од другите и од генералниот секретар и алатките и инструментите кои ги имаме тоа треба да биде обезбедено. И тоа е мојата поента. Јас сум многу среќна што успеавме тоа да го обезбедиме“, рече Шмид.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
ОБСЕ придонесува во намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина
Регионалната нестабилност и потенцијалот за нови конфликти ќе бараат континуирано внимание, рече Османи кој се осврна и на ситуацијата на северот во Косово, каде тензиите беа зголемени минатиот месец кога етничките Срби поставија блокади на патиштата поради апсењето на поранешен полицаец етнички Србин.
Османи рече дека со внимание ги следат состојбите таму, особено сега како претседавач со ОБСЕ која има две теренски мисии и во Приштина и во Белград, кои што се големи мисии по однос на ресурсите и капацитетот, но и кредибилитетот кој го имаат кај населението.
„Секако дека може да придонесува директно во намалување на тензиите. Но, се разбира да биде поддршка и на другите организации кои се директно вклучени во посредување помеѓу Косово и Србија и затоа ја поздравивме деескалацијата која што се случи со посредство на ЕУ. Го охрабруваме дијалогот меѓу Косово и Србија кој што е под покровителство на ЕУ сметајќи дека само дипломатските канали и инструменти може да доведат до одржлив мир и безбедност во нашиот регион“, рече Османи.
Видете и ова: Дали Косово и Србија конечно ќе постигнат договор?Но, тој не ја исклучи можноста од зголемување на тензиите кои имаат потенцијал за ескалација и затоа е важно да како што рече да се работи и да се мотивира регионот да продолжи на патот кон европска интеграција.
Видете и ова: Нов модел за глобално лидерство за човекови праваОсмани во недела ќе ја посети Украина, како негова прва станица откако Северна Македонија го презема претседавањето со организацијата на 1 јануари.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи во своето обраќање ја претстави намерата да ја покани Финска да се приклучи на форматот Тројка на ОБСЕ која треба да претседава со организацијата во 2025 година. Во форматот Тројка е и претходниот претседавач со ОБСЕ, Полска. Тој не ја исклучи можноста Северна Македонија да продолжи и наредна година да претседава бидејќи кандидатурата на Естонија не беше прифатена.