Таџикистанскиот мигрант Фозилјон Умаров неодамна поднел барање за обновување на неговата руска дозвола за престој во провинцијата Нижни Новгород, каде што работи како ѕидар. Додека Умаров ги предавал своите документи во одделот за миграција, службеник го прашал дали би размислил да се приклучи на руската војска.
„Таа рече дека ако потпишам договор да станам војник, повеќе нема да ми треба дозвола за престој или работна дозвола и дека би можел да добијам руски пасош по шест месеци воена служба. Исто така, ќе заработувам околу 3.000 долари месечно“, тврди Умаров.
Тој рече дека вработената што разговарала со него во миграцискиот центар бил етнички Таџикистан.
„Таа зборуваше на таџикистански со мене. Не знам дали најмиле вработен од Таџикистан специјално за да разговара со таџикистански мигранти, а узбекистански службеници за Узбеците или слично“, вели Умаров.
Видете и ова: Мора да ја запреме омразата - малкумина Руси се осмелија да се против инвазијата на УкраинаМногу работници мигранти од Централна Азија велат дека руските регрутери сè повеќе им приоѓаат во џамиите, во студентските домови и во канцелариите за миграција за да се обидат да ги намамат да се приклучат на војската, додека Москва се бори да ги замени своите исцрпени сили во Украина.
Москва официјално не објави нова воена мобилизација откако нејзиното „делумно“ повикување на околу 300.000 резервисти во септември предизвика десетици илјади руски мажи нагло да ја напуштат земјата. Но, руските власти планираат да регрутираат нови 400.000 војници за да се борат во Украина. На ова укажуваат извори од руската регионална влада.
Руските власти ја проширија својата кампања за привлекување потенцијални „војници“ руски државјани и странски работници, со ветување на пари и други бенефиции.
Регрутерите на руските градски улици им делат брошури на мажите во кои тврдат дека оние што ќе се пријават за воениот договор ќе добијат првична еднократна исплата од 2.390 долари, по што ќе следуваат плати до 4.160 долари месечно.
Фотографиите и видеата испратени до РСЕ покажуваат слични летоци кои висат на ѕидовите, вратите и скалите во студентските домови на работниците мигранти.
Едно видео до кое дојде Таџикистанската служба на РСЕ, наводно, прикажува претставник на руската воена канцеларија за регрутирање како држи говор во популарна џамија во градот Челјабинск.
„Не треба да чекате пет години за да станете руски државјани - наместо тоа, можете да потпишете договор за воена служба на шест месеци или до една година во замена за брзо државјанство за себе и за вашите семејства“, вели униформираниот човек во видеото додека држи говор во џамијата.
Друго видео прикажува човек во руска воена облека како промовира договорен воен рок на група мажи, од кои некои може да се слушне како зборуваат узбекистански. На видеото наводно се гледаат мигранти од Централна Азија како се редат за работни дозволи во западниот град Пенза.
Оние што сакаат да станат војници не мора ни да го поминат задолжителниот медицински преглед, вели Јурабек Амонов, застапник за правата на мигрантите во Русија. Треба само да потпишат хартија во која пишува „Јас сум здрав“, изјави Амонов за РСЕ на 10 април.
„Секогаш им кажувам на мигрантите дека 99 отсто од оние кои отидоа во војна со надеж дека ќе добијат руски пасоши се убиени во Украина. Исто така е нелегално да одат во Украина“, рече тој.
Не е моја војна
Русија е домаќин на милиони мигранти од Централна Азија и други поранешни советски земји каде невработеноста беше главен проблем во последните три децении. Повеќето мигранти се држат настрана од широко осудената војна што нивната земја домаќин ја води против Украина.
Но, се верува дека многу стотици или илјадници прифатиле работа во териториите окупирани од Русија во Украина, тоа се најчесто луѓе кои работат за руски градежни компании.
Од почетокот на војната во февруари 2022 година, десетици семејства во Централна Азија ги примија телата на роднините кои им беа убиени во Украина. Некои од нив беа натурализирани руски државјани, некои беа странци, а имаше и осуденици регрутирани од руските затвори, често под притисок.
И покрај падот на вредноста на руската рубља, намалениот пазар на труд и другите последици од војната, Русија останува клучна дестинација за работниците од Централна Азија.
Видете и ова: Русија, со дронови камикази ја нападна ОдесаЕден мигрант од Таџикистан стапи во контакт со РСЕ од притворниот центар за депортација во далечниот источен руски град Владивосток претходно овој месец, велејќи дека воен офицер за регрутирање дошол во објектот за да се сретне со затворениците.
„Офицерот ни рече дека ние сме депортирани и дека не можеме да се вратиме во Русија најмалку пет години, но ако се согласиме да се приклучиме на руската војска, нашите досиеја ќе бидат избришани, ќе добиеме добра плата и ќе станеме руски граѓани по само шест месеци“, рече Таџикистанецот кој сакаше да остане анонимен.
Иако рече дека не бил убеден, некои други „сериозно размислувале да ја прифатат понудата, бидејќи враќањето во Таџикистан без пари, без работа и без иднина е речиси исто толку лошо“.
Во Нижни Новгород, печалбарот Умаров реши да ја одбие понудата за руски пасош и 3.000 долари месечно за да се бори во Украина, иако заработува само половина од таа сума во екот на летната работна сезона.
„Не одам во Украина по секоја цена. Тоа не е моја војна“ , рече Умаров.