Вакцината, развиена со Универзитетот во Оксфорд, нашироко се сметаше за еден од водечките глобални кандидати против коронавирусот, а суспензијата на тестирањето ги намалува изгледите за потенцијална вакцина до крајот на годинава.
AstraZeneca соопшти дека доброволно ги паузира испитувањата за да овозможи преглед на безбедносните податоци од страна на независен комитет.
САД нема да им се приклучат на глобалните напори за вакцина против ковид-19
„Ова е рутинска акција што треба да се случи секогаш кога има потенцијално необјаснета болест на едно од испитувањата“, наведува компанијата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Природата на болеста и кога се случила таа не се прецизирани.
Администрацијата за храна и лекови на САД дефинира несакан случај во кој доказите сугерираат можна врска со лекот што се тестира.
Паузата го опфаќа тестирањето во САД, кое е најголемо со повеќе од 30.000 учесници, како и оние помалите во Британија, Бразил и Јужна Африка.
СЗО: Колективен имунитет само со вакцина
AstraZeneca е една од трите компании кои вршат испитувања во фазата 3 за да ги тестираат потенцијалните вакцини за коронавирус врз десетици илјади волонтери.
Другите две испитувања ги спроведуваат компаниите Pfizer и Moderna.
Објавата на AstraZeneca е првпат едно од тие испитувања да биде паузирано заради безбедносни причини.
До ова дојде истиот ден кога AstraZeneca и осум други компании издадоа ретка заедничка изјава во која ветија дека ќе ја следат науката и ќе избегнуваат политика.
Компаниите го нарекоа тоа „историски залог“ по зголемувањето на загриженоста за безбедносните стандарди во услови на политички притисок.
Трката по вакцина за ковид-19 личи на трката во вооружување
Тоа следеше по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, со навестување дека вакцината може да биде готова пред претседателските избори на 3 ноември.
Најавата за паузата на испитувањата се појави во моментот кога вршителот на должноста министер за здравство во Бразил изјави дека вакцинацијата за ковид-19 ќе биде спроведена за сите Бразилци во јануари 2021 година.
„Ги склучивме договорите со производителите на вакцини и прогнозата е дека вакцината ќе пристигне кај нас, од јануари следната година кога ќе започнеме со вакцинирање на сите“, рече Едуардо Пазуело.
Претседателот Жаир Болсонаро, кој ја минимизираше сериозноста на пандемијата на коронавирусот, вчера повтори некои негови претходни изјави дека вакцинацијата нема да биде задолжителна, но додаде дека владата сепак ќе организира кампања за вакцинирање.
Во светот скоро 27 милиони заразени со коронавирус
Бразил ја има третата најтешка епидемија на коронавирус на глобално ниво со повеќе од 4,1 милиони случаи. Бразил е претекнат од Индија, која сега има втор најголем број случаи по САД.
Индија на 8 септември пријави повеќе од 75.000 нови случаи. Во Бразил повеќе од 127.000 луѓе починаа од ковид-19, додека Индија забележа повеќе од 72.000 смртни случаи.
На глобално ниво, бројот на случаи е повеќе од 27 милиони, со скоро 870.000 смртни случаи, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс.