Излезните анкети покажаа дека централно-десничарската партија на Борисов, ГЕРБ, ќе биде најголемата партија во парламентот, освојувајќи околу 25 проценти од гласовите, наспроти 33,5 проценти освоени пред четири години.
Истражувачката анкетата на „Алфа рисрч“ ја позиционира опозициската Социјалистичка партија на второто место со 17,6 проценти од гласовите.
На третото место се најде движењето „Има таков народ“, предводено од телевизискиот водител и пејач Слави Трифонов, со 15,2 проценти.
Две други партии - Турското движење за права и слободи (ДПС) и Бугарското национално движење (ИМРО) - исто така освоија позиции во парламентот со 240 места.
Со поддршката на "ГЕРБ" која е намалена од 33,5 проценти освоени на изборите во 2017 година, Борисов сега ќе се соочи со тешката задача да формира коалиција за да обезбеди уште еден четиригодишен мандат.
61 годишниот Борисов ја предводи бугарската политика повеќе од една деценија и повеќето политички групации ја одбиваат директната соработка со ГЕРБ. Трифонов исклучи коалиција со ГЕРБ или со социјалистите.
Емилија Занкина, експерт и декан на Универзитетот Темпл во кампусот во Рим, за РСЕ изјави дека Борисов најверојатно ќе формира „лебдечко мнозинство“ меѓу „идеолошки несоодветни“ партии што ќе доведува до постојани пазарења за секое прашање.
„Формирање стабилна влада ќе биде скоро можно“, рече Занкина, но додавајќи „Не гледам дека оваа влада ќе трае премногу долго“.
До парламентарните избори дојде по речиси една година од масовните протести против владата на премиерот Бојко Борисов.
Ова се првите парламентарни избори во услови на пандемијата, на кои за 240 места во бугарскиот парламент учествуваат 6 895 кандидати од 30 партии и коалиции регистрирани за учество на изборите.
Излезноста на изборите до 17 часот, според Централната изборна комисија, е 39,99 отсто, што е за 2,5 проценти помалку од 2017 година.
Според аналитичарите, излезноста на овие избори е помала поради состојбата со Ковид-19, но според нив сè уште е позитивен знак дека бугарските граѓани изразуваат желба да излезат и да го искористат своето право на глас.
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, претпладнето го даде својот глас на парламентарните избори, гласајќи во Банки, во близина на Софија
Борисов коментираше дека ова се најскапите избори досега во Бугарија, зашто речиси 50 милиони лева беа наменети за набавка на вакцини, а 50 милиони лева за машинско гласање.
Видете и ова: И по изборите во Бугарија декларацијата на бугарскиот парламент останува„Деветте илјади гласачки машини беа земени за бугарските граѓани да можат да гласаат на фер и транспарентни избори“, кажа Борисов. Според него, парламентарните избори во Бугарија ќе чинат над 150 милиони лева.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, по гласање на парламентарните избори во земјата рече дека гласал "против распадот на државноста, беззаконието и корупцијата, за слободна и просперитетна Бугарија". Радев ги повика бугарските граѓани да гласаат додавајќи дека „во спротивно историјата ќе не испрати на поправен испит по демократија“.
Партијата на Борисов, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), е на власт една деценија во таа земја.
Последните истражувања на јавното мислење во Бугарија, зборуваа дека владејачката партија на премиерот Бојко Борисов – ГЕРБ ќе биде прва владејачка партија и во новиот паралемент со околу 23 проценти од гласовите.
Но тоа според анализите би било пад од 10 проценти во споредба со последните избори во 2017 година и најлош резултат на партијата од 2009 та година кога дојде на власт.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Овие резултати од изборите во Бугарија , според аналитачирите може да ја принудат ГЕРБ да формира коалиција со различни партии за да го постигне мнозинството кое е потребно со цел Борисов да продолжи да биде премиер.
61 годишниот Борисов ја предводи бугарската политика откако ГЕРБ победи на изборите во 2009 година.
Но, поддршката на партијата ослабна поради обвинувањата за корупција и начинот на кој Борисов се справи со пандемијата на коронавирусот. Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците минатото лето во знак на протест против корупцијата и наводната употреба на судството против ривалите на ГЕРБ.
Аналитичарите и претходно прогнозираа дека ГЕРБ можеби ќе се соочи со предизвик да состави мнозинска коалиција затоа што се очекува поразновидна група на партии да влезе во парламентот, а таквите случувања ГЕРБ ќе ја направат ослабена и ранлива.
Кој партии учествуваат
Според претходните анкетите по владејачката партија на премиерот Бојко Борисов – ГЕРБ, втора беше најголемата опозициска партија БСП со 7 до 8,5 проценти од гласовите.
На политичката сцена во Бугарија се појавија и нови партии и коалиции кои летото 2021 година учествуваа во протестите против власта на ГЕРБ.
Според претходните истражувања, новата опозициска група со најдобри перформанси е „Има таков народ“ на телевизискиот водител и шоуменот Слави Трифонов, која може да го престигне Движењето за права и слободи, кое отсекогаш било трета политичка сила во бугарскиот парламент.
Се прогнозираше и дека Партијата „Исправи се! Мутри надвор!“ на поранешниот народен правобранител Маја Манолова би добила 6,3%, додека партијата на поранешниот министер за правда Христо Иванов „Демократска Бугарија“ може да освои 6,5%. Според повеќето анкети на јавното мислење, ВМРО на Красимир Каракачанов го преминува изборниот праг и ќе влезе во новото Бугарско национално собрание со од 4% до 4,4%.
По изборите интензивирање на разговорите меѓу Македонија и Бугарија
Османи: Од понеделник нова динамика на комуникација со Бугарија
Видете и ова: Бугарските партии се обидуваат да капитализираат на македонското прашањеИнаку, бугарските граѓани во Македонија денеска може да гласаат во нивните ДПК и во пет изборни центри во Скопје, во Штип, во Струмица, во Битола и во Охрид.
Прашан дали очекува попозитивни односи со Бугарија по изборите, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера изрази верување дека тоа е можно и најави интензивирање на разговорите со Бугарија од понеделеник.
"Оптимист сум дека со новиот пристап на градење доверба преку секторска соработка и со завршувањето на изборниот процес во Бугарија ќе го вратиме амбиентот на рационална дебата, која очекувам да се случи од понеделник со цел сериозен ангажман на двете страни во надминување на разликите за да се добие можност во јунско-јулските самити на ЕУ да се донесе консензус по однос на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција", изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарски-прашања на прес-конференција на која го претстави новиот план на МНР Рефлексија 20-30.
Според зборовите на Османи најдобра стратегија во натамошните разговори со Бугарија е да се започне со прашањата ги зближуваат двете земји, а оти потоа во амбиент на меѓусебна доверба треба да се третираат и прашањата за кои има разлика.
И по изборите во Бугарија декларацијата на бугарскиот парламент останува
Бугарија ја блокираше Македонија на патот во Европската унија поради нерешените прашања меѓу двете земји, пред се поврзани со историјата.